Основи наБиблијата
Студија 1: Бог
Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања

Осврт 2: Употребата на Божјото Име

Ние видовме дека Божјото Име и она на Неговиот Син Исус има многу длабоко значење. Кога говориме за 'Бог' ние го допираме секој аспект од Неговата чудесна цел за љубов и вистина. Дека Божјото Име би требало да се користи взалудно како блага пцовка или израз на раздразнетост, е према тоа најувредливо нешто што човек може да му направи на својот Создател. Затоа секој кој сака да му удоволи на Бога и да го почитува ќе направи секаков напор да не го употребува Божјото Име лесно. Во многу општества ширум светот такво хулење е постанато стандарден дел од говорниот јазик; да се прекине со нешто што можеби било животна навика нема да биде лесно. Молитвата од срце за Божја помош во тоа сигурно не ќе помине незабележана од Него. Оние кои се во доменот на нашата контрола и влијание, пр. децата, можат исто да бидат потсетувани за сериозноста на хулењето: "зашто Господ... нема да го очисти оној, што го употребува името Негово напразно" (5Мој.5:11).

Од другата страна има и такви кои се упорни дека ако не го користиме постојано еврејскиот збор Јахве или Јехова (различни начини за изговор на истиот збор) кога говориме за Бога, тогаш сме во сериозна заблуда. Меѓу нив, предначат друштвото кула стражарска, кои се упорни дека ако христијанот не се нарекува 'Јеховин сведок' тогаш не е во однос со Бога.

Така, тие луѓе го употребуваат Божјото Свето и прекрасно Име како гориво за еден вид духовен елитизам, при што ги презираат другите само заради изговарањето или употребата на еден збор. Ова не е за да се каже дека употребата на Божјото Име е грешка; тоа е посебно прилагодено за нашите лични молитви откако ќе бидеме правилно крстени во тоа Име. Новиот завет, меѓутоа, не ни дава никакви показатели дека тоа е потребно или пак по желба на Бога. Тој ја надреди вдахновеноста на Новиот завет со тоа што беше напишан на грчки, користејќи само еден збор за 'Бог'- 'теос' со значење 'великиот'. Никаква разлика не е направена таму, помеѓу 'Бог' и 'Јахве', ниту има некоја посебна заповед за тоа како верниците треба да се нарекуваат во една заедница. Петар говори за еден верник како за ‘христијанин’ а не за 'Јеховин-човек' или нешто слично (1Пет.4:16). Преистакнувањето на употребата на името 'Јехова' води кон девалвирање на делото и местото на Господ Исус, на еден сличен начин на кој многу 'евангелиски христијани' го преистакнуваат името и службата на Исус до занемарувањето на повисокото место Божјо.

Други називи со кои раната заедница на верници христијани се нарекуваа не го вклучува името 'Јехова':

-"Општеството на Израил" (Еф.2:12)

-"Собор и Црква на првородени" (Евр.12:23)

-"Црквата на Бога" (Дела 20:28).

-"Божјиот дом" (1Тим.3:15).

-"Црквата на живиот Бог, столб и тврдина на вистината" (1Тим.3:15).

Патем речено, забележи дека верниците не се нарекувале 'христијани' тоа беше еден понижувачки термин кој значеше, 'овој Христов народ', скован од нивните непријатели.


  Back
Home
Next