Основи наБиблијатаВоведСите човечки суштества кои прифатиле дека има Бог, и дека Библијата е Негово откровение до човекот, треба озбилно да се приложат, на откривање на нејзината основна порака. Многу од нив нарекувајќи се 'христијани' прават сиромашна работа при тоа, неколку стихови од Новиот завет во недела, Библија некаде во домот која никогаш не е отворена, матно помнење на грст приказни од Библијата. Не е ни чудо дека со таков лежерен став кон Божјото моќно Слово на вистина, има толку многу забуна и несигурност во животот и свеста на многу. Од друга страна, ги има оние со мала христијанска позадина кои одлучиле да се обидат да ја дознаат библиската порака, но наоѓаат дека при секој приод им се нуди еден пакет на доктрини и човечки филозофии кои нетемелно ги одразуваат зборовите на Библијата. Намера на 'Основи на Библијата' е да ја анализира пораката библиска на активно, систематичен начин. Обликувана е да се чита како книга, или алтернативно да се користи за дописен курс. Одговори на прашањата при крајот на секоја студија може да се испратат на долу наведената адреса; вашите одговори потоа ќе се предадат до личен тутор кој ќе кореспондира со вас во текот на понатамошниот прогрес низ студиите. Се цени дека некои читатели ќе се срамат од идејата за одговарање на прашања, но повеќе би прашувале за некои работи кои им се нејасни, или не ќе се сложуваат со даденото толкување. Повторно, ако таа кореспонденција се испрати на адресата долу, ќе се дадат особни одговори. Убедување на авторот е дека основната порака на Библијата е многу јасна. Меѓутоа, секогаш ќе има пасуси и теми кои изгледаат површно во несклад со главната тема од Писмото. Некои од нив како и други аспекти на евангелието кои би интересирале само некои читатели се расправани во Освртите. Можно е да се сфати библиската основна порака без читање на Освртите, но е предвидено дека читателите ќе читаат низ повеќето од нив. Библискиот превод главно користен во овие студии е II издание од Светото Писмо. Меѓутоа, каде што има нејаснотии при обработката, цитирани се: The Revised Version (R.V.), Revised Standard Version (R.S.V.), Revised Authorized Version (R.A.V.) i New International Version (N.I.V.). Има многу луѓе на кои треба да им се заблагодари за нивната помош во издавањето на оваа книга; посебно сум задолжен на Clive Rivers за мајсторските серии на фотографии што ги дарува, и на оние кои коментираа на нацртите. Меѓутоа мојот главен долг лежи во стотиците луѓе во Африка, Карибите,Филипините и источна Европа, чии прашања и жед за вистина ме присилија да промислувам низ Библиските Основи повторно нивната убавина и сила само се зголемува со гледањето од толку различни агли. Во претрпани taxi-и, на отворени трактори и комбиња, од хотелски сали до запурни балкони, овие теми се расправани со библиски ученици од сите области на животот. Моите христаделфијански браќа со кои имав привилегија да работам, беа неисцрпен извор на сила и помош. Материјалот на многу од Освртите во оваа книга беше често расфрлуван меѓу нас во хотелски соби, после една измешана седница со група на студенти од библискиот дописен курс. Дружењето и пријателството кое доаѓа од заедничката поврзаност од овие основни учења на библиската вистина е сигурно ненадминливо во човечкото искуство. Така, на сите "мои соработници за царството Божјо" им оддавам признание, надевајќи се дека ќе го најдат овој том од помош во големото дело за издавање на вистинското евангелие "до сите народи". Сфаќањето на стварната вистина на евангелието како што е учено во библиските страници ќе се одрази на секој дел од нашиот живот, водејќи ги луѓето од целиот свет исправно да му оддадат слава на Бога како што одредил, и сега и за вечност. Секој што ја наоѓа вистината наоѓа "бесценет бисер", и ќе ги знае чувствата на Јеремија за себе: "Ги најдов зборовите Твои и ги проголтав; Твоето слово ми беше за радост и веселба на срцето мое" (Јер.15:16). Да се постигне тоа, треба да се побара Божја помош во молитва за разбирање на словото пред зафаќањето со секоја од овие студии. "А сега... ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Он може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите осветени" (Дела 20:32). D.H. Прашањата на крајот од поглавјата се од два вида: повеќекратен избор (каде треба да се одбере еден од наведените одговори на прашањето), и обични прашања за кои треба неколку реченици во одговор. Напиши ги своите одговори на посебен лист хартија, не заборавајќи да го напишеш читко името и адресата. Одговорите можат да се испратат на адреса: Bible Basics, P.O. 49 The Woodfields, Sanderstead, Surrey CR2 0HJ ENGLAND КРАТЕНКИ УПОТРЕБУВАНИ ЗА КНИГИТЕ ОД БИБЛИЈАТА:
|