Основи наБиблијата Студија 1: Бог Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања |
Осврт 1: "Бог е Дух" (Јв.4:24)Во студија 2 поточно дефинираме што е Божјиот Дух. Можеме да дадеме збир на причините изнесени таму со тоа што ќе се каже дека Божјиот Дух е Неговата сила или здив со која, Неговото суштествено Јас, Неговото битие и карактер, се објавени на човекот преку делата постигнати од Духот. Вака "Бог е Дух", како во Јв.4:24 би требало правилно да се преведе, бидејќи Неговиот дух ја одразува Неговата личност. Бог е опишан како многу нешта, пр. "Нашиот Бог е оган што изгорува" (Евр.12:29) "Бог е светлина" (1Јв.1:5) "Бог е љубов" (1Јв.4:8) "Бог беше Словото" (грч. 'логос', план, намера, идеја), (Јв.1:1). Така ‘Бог е’ Своите особини. Јасно дека е погрешно да се расправа дека замислениот квалитет на љубовта е 'Бог', само затоа што читаме дека ‘Бог е љубов’. Ние можеме некого да наречеме 'сама добрина', но тоа не значи дека е без физичко постоење, неговиот манир на дословно постоење е она што ни ја открива добрината на нас. Дека Духот е Божјата сила, ние постојано читаме како Бог го праќа или управува Својот Дух да постигне нешта во склад со Неговата волја и карактер. Тој дури е опишан каде го создава духот (Амос 4:13 A.V. mg.). Да се каже дека Бог е Својот Дух во една чиста дословна смисла е тавтологија, делотворно го негира постоењето Божјо. Примери каде Бог го управува Својот Дух има многу, покажувајќи ја одвоеноста Божја од Неговиот Дух: Бог "Го вложи во неговото срце Својот Свет Дух" (Иса.63:11) Бог ќе го положи "Духот Свој над" Исус (Мт.12:18) "Отец(от) ќе им даде Дух Свети" (Лк.11:13) "Духот...слегува од небото" (Јв.1:32) "рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело" (Дела 2:17). Всушност честите препораки на ‘Духот Божји’ треба да се доволен доказ дека Духот не е Бог лично. Овие разлики меѓу Бога и Духот Негов се уште една потешкотија за оние кои веруваат дека Бог е 'тројство' во кое Богот Отец е изедначен со Исус и Светиот Дух. Ако ова беше вистина, и ако Бог е наводно несуштествен, тогаш би следело дека Исус беше и не е една дословна особа. Што е најважно, еден несуштествен Бог ја прави молитвата бесмислена, до смислата каде молитвата е еден дијалог помеѓу нашата свест и поимањето за Бога кој постои само во нашиот сопствен ум. Постојано сме потсетувани дека се молиме на Бога кој има физичка локација на небото (Проп.5:1; Мт.6:9; 5:16; 3Цар.8:30), и дека Исус е сега при Божјата десна рака таму, да ги нуди нашите молитви (1Пет.3:21; Евр.9:24). Ако Бог не е личност, овие пасуси се направени бесмислени. Но еднаш кога се сфати Бог како еден, вистински, Отец кој љуби, молитвата станува многу стварно, допирливо нешто, всушност разговор со друго суштество кое, веруваме, е многу волно и способно да одговори. |