Основи наБиблијата
Студија 1: Бог
Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања

1.4 Ангели

Се што зедовме во обзир досега во оваа студија е здружено во разгледувањето за ангелите:

-физички, суштествени особи

-го носат Божјото Име

-канали низ кои делува Божјиот Дух да ја извршува Неговата волја

-во согласност со Неговиот карактер и намера

-и према тоа го објавуваат Него.

Ние напоменавме во студија 1.3 дека еден од највообичаените еврејски зборови преведени 'Бог' е 'Елохим', кој всушност значи 'моќни единки', овие 'моќни единки' кои го носат Божјото Име можат делотворно да се наречат 'Бог' поради нивната блиска поврзаност со Него. Овие суштества се ангелите.

Записот за создавањето на светот во Бит.1 ни говори дека Бог рекол одредени заповеди за создавањето, "и така стана". Ангелите беа тие кои ги извршуваа заповедите.

"Ангели, Негови, крепки по сила кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов" (Пс.102:20).

Према тоа разумно е да се претпостави, кога читаме за 'Бог' дека го создаде светот, таа дејност всушност беше изведувана од ангели. И Јов 38:4-7 го навестува тоа. Сега е добро време да се направи збир на настаните од создавањето по записот од Бит.1:

Ден 1 "Рече Бог: Нека биде светлина! И би светлина" (стих 3)

Ден 2 "Рече Бог: Нека има свод (небо, пространство) среде водата и тој да разделува вода (на земјата) од вода (во облаците)... така и стана" (vs. 6,7).

Ден 3 "Рече Бог: Нека се собере водата, што е под небото (формирајќи мориња и океани), на едно место, и нека се појави суво! И така стана" (v.9).

Ден 4 "Рече Бог: Нека се појават светила... на сводот небески... и би така" (vs.14,15).

Ден 5 "Рече Бог: Нека произведе водата... живи суштества... и птици да полетаат... и создаде Бог... секаков вид животни" (vs. 20,21)- т.е. ‘и би така’.

Ден 6 "Рече Бог: Нека произведе земјата... разни суштества... добиток, и лазачи... и би така" (v.24).

Човекот беше создаден во тој шести ден. "Рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние" (Бит.1:26). Ние коментиравме за овој стих во студија 1.2. Засега, сакаме да забележиме дека ‘Бог’ овде не се обраќа Сам на Себе лично, ‘како што сме Ние’ покажува дека 'Бог' говори на повеќе од едно лице. Еврејскиот збор преведен 'Бог' овде е 'Елохим', и значи 'Моќни Единки' и се однесува на ангелите. Фактот дека ангелите не направиле по својот образ значи дека тие имаат иста телесна појава како нашава. Тие се према тоа многу стварни, допирливи, телесни битија, делејќи ја истата природа како и Бог.

'Природа' во оваа смисла се однесува на тоа каков е некој во основа по својот физички состав. Во Библијата постојат две 'природи'; по самото значење на зборот, не е можно да се поседуваат двете тие природи истовремено.

Божја Природа ('Божествена Природа')

Не може да прави грев (совршен) (Рим.9:14; 6:23; ср. Пс.89:2; Мт.5:48; Јак.1:13)

Не може да умре, т. е. бесмртен (1Тим.6:16)

Полн со сила и енергија (Иса.40:28).

Ова е природата Божја и ангелска, и која беше дадена на Исус по неговото воскресение (Дела 13:34; Отк.1:18; Евр.1:3). Таа природа ни е ветена нам (Лк.20:35,36; 2Пет.1:4; Иса.40:28 ср. v 31).

Човечка природа

Искушение кон грев (Јак.1:13-15)

од корумпираната природна свест (Јер.17:9; Мк.7:21- 23)

Осудена на смрт, т.е. смртна (Рим.5:12,17; 1Кор.15:22 )

Со ограничена сила, физичка (Иса.40:30) и душевна (Јер.10:23).

Ова е природата која сите луѓе, добри и лоши сега ја поседуваат. Крајот на таа природа е смртта (Рим.6:23). Таа природа ја имаше Исус за време на својот смртен живот (Евр.2:14-18; Рим.8:3; Јв.2:25; Мк.10:18).

Зборот 'природа' можеме да го употребиме во реченица како: 'Јован е дарежлив по природа, едноставно не му е во природа да биде зол; но знае да биде прилично горд на својата кола, што е тек човечка природа'. Ние вака нема да го користиме зборот 'природа' во овие лекции.

АНГЕЛСКИ ПОЈАВУВАЊА

Ангелите се од Божја природа, тие мора да се безгрешни и према тоа неспособни за умирање, бидејќи гревот носи смрт (Рим.6:23 ). Тие мора да имаат дословно, физички облик на постоење. Затоа кога и да се појавеле ангели на земјата тие изгледале како обични луѓе:

-Ангели дојдоа при Авраама да му ги кажат Божјите зборови, тие се опишани како "тројца мажи" према кои Авраам се однесуваше првенствено како према луѓе, бидејќи таков им беше и изгледот: "Ќе ви донесам малку вода: измијте ги нозете, па одморете се малку под ова дрво" (Бит.18:4 ).

-Два од тие ангели отидоа потоа кај Лот во градот Содом. И повторно беа препознаени единствено како мажи и од Лот и од народот содомски. "Два ангела стигнаа... во Содом" Лот ги покани да преноќат кај него. Но народот содомски дојде до неговата куќа прашувајќи заканувачки "Каде се луѓето, кои дојдоа да ноќеваат кај тебе?" Лот преколнуваше "на оние луѓе не правете им ништо". Вдахновениот запис исто ги нарекува ‘мажи’: "оние мажи (ангели) ги протегнаа рацете" и го спасија Лота; "оние мажи му рекоа на Лота... не испрати Господ нас да го уништиме" Содом (Бит.19:1,5,8,10,12,13).

-Новозаветниот коментар на овие настани потврдува дека ангелите се во човечки облик: "Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои (пр. Авраам и Лот), и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели" (Евр.13:2).

-Јаков се бореше со непознат човек цела ноќ (Бит.32:24), за кој подоцна ни се кажува дека бил ангел (Осија 12:4).

-Двајца мажи во светли бели облеки беа присутни на воскресението (Лк.24: 4 ) и вознесението (Дела 1:10) на Исус. Овие јасно беа ангели.

-Земи ги во обзир и импликациите "со мерка човечка, која што е и ангелска" (Отк.21:17).

АНГЕЛИТЕ СЕ БЕЗГРЕШНИ

Ангелите поседувајќи ја Божјата природа, не можат да умрат. Бидејќи гревот носи смрт, следува затоа дека се тие безгрешни. Изворните грчки и еврејски зборови преведени 'ангел' значат 'гласник'; ангелите се гласници или слуги Божји, послушни према Него, и према тоа е невозможно да се мисли за нив како да се грешни. Така грчкиот збор 'агелос' кој е преведен 'ангели' е исто преведен 'гласници' кога се говори за луѓе, пр. Јован крстител (Мт.11:10) и неговите гласници (Лк.7:24); гласниците од Исус (Лк.9:52) и луѓето кои извидуваа во Ерихон (Јак.2:25). Можно е, се разбира, дека 'ангели' во смисла на човечки гласници да се грешни.

Наредните пасуси јасно покажуваат дека сите ангели (не само некои од нив!) се по природа покорни на Бога, и према тоа се безгрешни:

"Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се (т.е. не може да има никаква буна против Бога на небото). Благословувајте Го Господа- сите ангели Негови, крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов; благословувајте Го Господа- сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова" (Пс.102:19-21).

"Фалете Го, сите ангели Негови... војски Негови" (Пс.148:2).

"Ангелите... нели се тие сите службени духови, определени да им служат на (верниците), што ќе го наследат спасението" (Евр.1:13,14).

Повторувањето на зборот "сите" покажува дека ангелите не се поделени во две групи, едни добри, а други грешни. Важноста за јасното разбирање на природата ангелска е дека наградата на верниците е да се дели нивната природа: "оние што ќе се удостојат... ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, и да умрат веќе не можат, оти се еднакви со ангелите" (Лк.20:35,36). Ова е една важна поента. Ангелите не можат да умрат: "Смртта... не владее на ангелите (Евр.2:16 Diaglott margin). Ако ангелите можат да грешат, тогаш оние кои ќе се најдат достојни за награда при враќањето Христово ќе можат се уште да грешат. А бидејќи гревот носи смрт (Рим.6:23) тогаш не ќе имаат живот вечен; ако имаме можност за грешење, ќе имаме способност и за умирање. Така, да се рече дека ангелите можат да грешат го прави Божјото ветување за вечен живот бесмислено, бидејќи нашата награда е да ја делиме природата ангелска. Препораката ‘ангелите’ (Лк.20:35,36) покажува дека нема никаква групација на добри ангели или грешни; има само една група на ангели.

Ако ангелите можат да грешат, тогаш Бог е оставен немоќен да работи праведно во нашите животи и во аферите на светот, бидејќи Тој објави дека делува преку Своите ангели (Пс.102:19-21). Тие се 'направени Дух' од Бога во смисла дека ги постигнува сите работи со Својот дух/сила, делувајќи преку ангелите (Пс.103:4). Дека тие можат да бидат непослушни кон Него е према тоа невозможно. Христијанот треба дневно да се моли за Божјото царство да дојде на земјата, да биде волјата Негова овде, како што е сега на небото (Мт.6:10). Ако Божјите ангели треба да се натпреваруваат со грешни ангели на небото, тогаш Неговата волја не е во потполност извршувана таму, и према тоа истата ситуација ќе се задржи и во идното царство Божјо. Да се минува вечноста во свет кој би бил постојано бојно поле меѓу гревот и покорноста тешко да е една охрабрувачка слика, но тоа се разбира, не е случај.

АНГЕЛИ И ВЕРНИЦИ

Постои добра причина за верување дека секој вистински верник има ангели, и тоа можеби еден посебен, кои им помагаат во нивните животи:

-"Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува" (Пс.33:7).

-"едно од овие мали, кои веруваат во Мене (т.е. нејаки ученици- Зах.13:7 ср. Мт.26:31)... нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец" (Мт.18:6,10).

-Раните христијани јасно верувале дека Петар имал еден ангел чувар (Дела 12:14,15).

-Израел поминал низ Црвено море, и беа водени од ангел низ пустината према ветената земја. Преминувањето низ Црвено море го претставува нашето крштевање во вода (1Кор.10:1), и затоа не е неразумно да претпоставиме дека потоа и ние, исто така сме водени и помогнувани од еден ангел во текот на нашето патување низ дивината на животот према ветената земја од царството Божјо.

Ако ангелите можат да бидат зли во смисла на подложност на грев, тогаш ваквите ветувања за ангелска контрола и влијание во нашите животи би било проклетство наместо благослов.

Ние значи видовме, дека ангелите се суштества...

-со Божја вечна природа и телесна појава

-кои не можат да грешат

-кои секогаш ги извршуваат Божјите заповеди, и дека се

-канали преку кои Божјиот дух, сила говори и делува (Пс.103:4).

НО...?

Многу "христијански" цркви имаат идеја дека ангелите можат да грешат, и дека грешни ангели сега постојат и се одговорни за гревот и проблемите на земјава. Ние ќе го расправаме ова погрешно поимање повеќе во студија 6. Засега само ќе ги направиме следниве точки:

-Можно е дека имало едно создавање пред нашето, т.е. од она што е запишано во Бит.1. Исто така е замисливо дека присутните ангели дошле до една свесност за "добро и зло" (Бит.3:5) преку тоа што биле во иста ситуација во која сме ние во овој живот. Дека некои од суштествата кои живееле во тоа време грешеле не е за одредување; но сето ова е шпекулација на која што умот човечки сака да се предава. Библијата ни кажува она што треба да знаеме за сегашнава ситуација, а тоа е дека нема грешни ангели; сите ангели се целосно покорни на Бога.

-Не може да има грешни суштества на небото, бидејќи "на чистите очи (Божји) не е својствено да гледаат злодејание" (Авак.1:13). Во иста црта Пс.5:4,5 објаснува "Ниту злото ќе престојува со Тебе. За лудите нема место" (евр. текст) во Божјото небесно место на живеење. Идејата дека би имало буна против Бога на небото од грешни ангели е противна на впечатокот даден од овие пасуси.

-Грчкиот збор преведен ‘ангел’ значи ‘гласник’ и може да се однесува за луѓе како што покажавме. Ваквите човечки ‘гласници’ можат, се разбира, да грешат.

-Дека има зли, грешни суштества врз кои сите негативни аспекти од животот можат да се префрлат е едно од најредовните држани верувања во паганизмот. Слично како што навлезените паганските идеи за Божиќ во 'христијанството', исто така, ги носат тие пагански поимања.

-Има само една рака библиски пасуси кои можат да бидат погрешно разбрани во поткрепа на оваа идеја за грешни ангели кои се сега во постоење. Не може да им се допушти на ваквите пасуси да противречат на вредноста од библиското учење со спротивноста која ја изложивме.


  Back
Home
Next