Основи наБиблијата
Студија 1: Бог
Постоењето на Бог | Личноста Божја | Божјото Име и карактер | Ангели | Цигресии (Бог е Дух, Употребата на Божјото Име, Божјо објавување) | Прашања

1.3 Божјото Име и карактер

Ако има Бог, логично е да се помисли дека Тој би создал некакви средства за да ни каже за Себе. Ние веруваме дека Библијата е Божјо откровение до човекот, и дека во неа го гледаме откриен карактерот Божји. Затоа словото Божјо е опишано како Негово ‘семе’ (1Пет.1:23), бидејќи ако има реакција во нашата свест, ново суштество се формира во нас кое ги има Божјите својства (Јак.1:18; 2Кор.5:17). Према тоа што повеќе се внесуваме во словото Божјо и ги примаме лекциите за себе, повеќе ќе стануваме "слични по образот на Неговиот Син" (Рим.8:29) кој беше по карактер совршен образ Божји (Кол.1:15). Во ова лежи вредноста на учење на историските делови од Библијата; исполнети се со пакет студии за тоа како Бог се справувал со луѓето и народите, секогаш изложувајќи ги истите темелни својства.

Во еврејскиот јазик личното име често го одразувало карактерот или нудело информација за лицето. Неколку јасни примери:

'Исус'- 'Спасител'- бидејќи "ќе го спаси народот Свој од неговите гревови" (Мт.1:21).

'Авраам'- 'Татко на големо мноштво' "оти ќе те направам татко на многу народи" (Бит.17:5).

'Ева'- 'живее'- "бидејќи стана мајка на сите живи" (Бит.3:20).

'Симеон'- 'слух'- бидејќи "Господ чу дека не сум сакана, па ми го даде и овој" (Бит.29:33).

Во Јер.48:17 познавањето на народот моавски е паралелно со познавањето на името на Моав. Псалмите често прават паралела меѓу Самиот Бог со Неговото Име, Неговото слово и дела (Пс.102:1; 104:1; 105:1,2,12,13).

Према тоа се очекува дека Божјите имиња и титули ќе ни дадат многу информација за Него Самиот. Бидејќи има многу аспекти на Божјиот карактер и цел, Тој всушност има повеќе од едно име. Подетална студија за името Божјо е препорачлива по крштевањето; понатамошното ценење на Божјиот карактер изразен во Неговото име е нешто што треба да продолжи во текот на целиот наш живот во Господа. Следново е према тоа повеќе како вовед.

Кога Мојсеј сакаше едно подлабоко знаење за Бога за да ја зајакне својата вера за време на еден многу травматичен период од својот живот, еден ангел "го објави името Господово: Господ, Господ Бог, милостив и доброчинител, долготрпелив, и обилен во добрина и вистина, и држи милост за илјадници, проштавајќи неправда и престап и грев, и со никакви средства не ги очистува виновните" (Исх.34:5-7 евр. текст).

Ова е јасен доказ дека под имињата Божји се подразбираат Неговите особини. А нивното поседување е доказ дека Бог е стварна особа, бесмислено е да се верува дека еден здив од дух може да ги има овие црти на карактер кои можат да се развијат само во нас луѓето.

Бог има одбрано едно посебно име по кое сака да биде познат и запомнат од Својот народ; тоа е збир, епитом, за Неговата цел со луѓето.

Израелците беа робови во Египет, и требаше да се потсетат за Божјата цел со нив. На Мојсеј му беше речено да им го каже Божјото име, така да ова им помогне и ги мотивира да го напуштат Египет и го започнат патувањето кон ветената земја (ср. 1Кор.10:1). Ние исто треба да ги разбереме основните правила кои се однесуваат за Божјото име пред да бидеме крстени и да го започнеме нашето патување кон Божјото царство.

Бог му рече на Израел дека Неговото име е ЈАХВЕ, што значи "Јас сум кој сум" или поточно 'Јас ќе сум оној што ќе биде' (Исх.3:13-15 евр. текст). Ова име беше после нешто проширено "и пак (т.е. во прилог) му рече Бог на Мојсеја: Вака кажи им на синовите Израилеви: ГОСПОД (Јахве) Бог на татковците наши, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов... тоа е името Мое вечно, и тоа е споменот за Мене од колено на колено" (Исх.3:15). Божјото полно име е значи "ГОСПОД Бог".

Стариот завет беше напишан воглавно на еврејски, и во преводите неизбежно недостасуваат многу детали кога се во прашање еврејските зборови за 'Бог'. Еден од редовните еврејски зборови преведени 'Бог' е 'Елохим', со значење 'моќни единки'. Божјото ‘спомен’ име по кое сака да Го помнеме, е према тоа

ЈАХВЕ ЕЛОХИМ

кое значи

ОНОЈ КОЈ ЌЕ БИДЕ ОТКРИЕН ВО ГРУПА НА МОЌНИ ЕДИНКИ.

Значи Божјата цел е да го открие Својот карактер и Своето суштествено битие во една голема група на народ. Со покорност на Неговото слово ние можеме да изградиме некои од Божјите особини во самите нас сега, така да во една многу ограничена смисла Бог Се открива во вистинските верници во овој живот. Но Божјото име е пророштво за во идно време кога земјата ќе биде исполнета со луѓе кои што ќе се како Него, и во карактер и по природа (ср. 2Пет.1:4). Ако сакаме да сме поврзани со Божјата цел и да бидеме како Него да не умираме веќе, да живееме засекогаш во целосно морално совршенство, тогаш мораме да се поврземе со Неговото Име. Начинот да се направи тоа е со крштевање во Името, т.е. Јахве Елохим (Мт.28:19). Тоа исто така не прави потомци Авраамови (Гал.3:27-29) на кои им е ветено вечно наследство на земјата (Бит.17:8; Рим.4:13), групата на моќни поединци ('Елохим') со која што пророштвото на Божјото име ќе биде исполнето. Тоа е повеќе објаснато во студија 3.4.


  Back
Home
Next