Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

Осврт 21: Војна на небото

Отк.12:7-9: "И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но не устојаа, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев- старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени".

НАРОДНО ТОЛКУВАЊЕ: Ова е еден од најпознатите пасуси користен да предложи дека имало бунт на небото помеѓу ангелите, и како исход, ѓаволот и неговите ангели се исфрлени долу на земјата, каде во облик на змијата, почнаа да создаваат неволји и грев на земјата.

КОМЕНТАРИ:

1. Се што научивме досега во оваа студија, мора да се изнесе за да го издржи овој пасус. Ние видовме дека ангелите не можат да грешат и дека не може да има никаков бунт на небото. Така овој пасус, кој е единствен од својот вид, мора да биде толкуван на начин кој не вклучува грешни ангели или дека има грешни ангели кои ги тераат луѓето на грев на земјата, бидејѓи гревот доаѓа внатре од нас, не надвор од нас. (Мк.7:20-23).

2. Змијата е исфрлена од небото, имплицира дека првобитно била таму. Но дословната змија во Едем беше создадена од Бога, од правта земјена (Бит.1:24-25). Нема никаква импликација дека ѓаволот дошол долу од небото и дека влегол во змијата.

3. Забележи внимателно дека нема овде никакви препораки за ангели да грешат или да се бунтуваат против Бога, само за војна на небо. Нема никаква можност некој да се бори против Бога на Небо: "Никој не може да се спротивстави на она што го правам Јас" (5Мој.32:39 G.N.B.).

4. После драмата од vs.7-9, v.10 вели дека имало "висок глас на небото да зборува: Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе". Ако vs.7-9 настанале во почетокот на светот, пред времето на Адам и Ева, како би можело да се рече дека после падот на сатаната дошло спасението и царството Божјо? После гревот на Адама, човечкиот род ја почна својата тажна историја на робување на гревот и неуспех, една состојба која тешко може да се опише како "спасение" и царство Божјо. Има радување дека ѓаволот- обвинителот- е исфрлен долу на земјата. Зошто би имало радување ако неговото доаѓање на земјата, беше почеток на грев и несреќа за човекот? Ако падот од небото на земјата е сфатен сликовито наместо дословно, како претстава на пад од авторитет (како Иса.14:12; Јер.51:53; Плач 2:1; Мт.11:23), многу повеќе смисла прави сето тоа. Ако се ова се случило пред времето на Адам, или во најмала рака пред падот на човекот, како можел ѓаволот да ги обвинува "нашите браќа", кои тогаш не постоеле?

5. Ништо не покажува дека сето ова се случило во градината на Едем. Значајна точка е направена во Отк.1:1; 4:1, дека Откровението е едно пророштво за "она што треба да стане скоро". Према тоа, не е тоа опис на она што се случило во Едем, него пророштво на нешта што ќе бидат во некое време после 1 век, кога беше дадено Откровението од Исус. Секој, вистински покорен на Словото ќе увиди дека тој аргумент сам по себе ги исклучува сите обиди за однесувања на Откр.12 до градината едемска. И прашањето, исто така мора да се одговори зошто личноста на ѓаволот и известувањето за она што се случило во Едем би се чувало до самиот крај на Библијата пред да се открие.

6. "Големиот змев- старата змија" (Отк.12:9). Змевот имаше "седум глави и десет рогови" (v.3), према тоа не беше дословната змија. Тоа што е наречено "старата змија" покажува дека ги имало особините на таа змија во Едем, во смисла дека измамува како неа. Слично, "осилката на смртта е гревот" (1Кор.15:56), но тоа не значи дека смртта е буквално змија. Ги има особините на змијата, преку поврзаноста со гревот.

7. Ѓаволот беше исфрлен долу на земјата и беше крајно агресивен "зашто знае дека му останува малку време" (v.12). Ако ѓаволот бил истеран долу во Едем, тој имаше прилика да го измачува човекот низ целата негова долга историја- а тоа тешко дека е "малку време" во кое ќе разурнува и опустошува.

8. Како можел ѓаволот да ја мами "целата вселена" (v.9) пред да биде исфрлен од небото, кога гледаме дека немало никој во светот пред Адам?

9. V.4 вели дека змевот повлекол една третина ѕвезди од небото на земја, со својата опашка. Ако ова се чита буквално- а Отк.12 треба да се чита буквално во поддршка на познатото толкување- усправната големина на змевот е неизмерна- една третина од целиот универзум (или барем соларниот систем) може да му се содржи само на опашката. Нема начин планетата земја да биде доволно голема да содржи вакво едно големо суштество спружено врз неа. Повеќето ѕвезди се поголеми од нашата земја- како тогаш третина од нив би се приземјиле врз неа? Проценето е дека третина од ѕвездите би се развлекле за околу пет трилиони милји. Толку би била долга опашката на змевот! И запомни дека ова се случило или ќе се случи, после 1 век н.н е. кога ова пророштво беше дадено

10. Во поглед на ова и многу други нешта во Отк.12 (и целото пророштво) кои се напросто лишени од секакво дословно исполнување, не изненадува дека пред се ни е кажано (Отк.1:1 (грч. текст и A.V. после "Он го јави" продолжува "и означи тоа")) дека ова е една порака која е "означена"- т.е. ставена во јазикот на знаци или симболи. Како да го истакнува тоа во смислата од Отк.12, Отк.12:1 ја опишува подоцнежната акција како еден "голем знак".

11. Во читањето за што прави ѓаволот кога е на земјата, нема никаков опис за него да ги тера луѓето на грев; всушност vs.12-16 покажуваат дека ѓаволот бил неуспешен во своите обиди да причинува неволји на земјата еднаш штом пристигнал таму. Тоа противречи на познатото толкување.

12. Едно од клучните прашања во сфаќањето дали овој пасус ја поддржува идејата за една дословна војна на небото, е дали "небото" за кое се говори овде е дословно или сликовито. Ние објаснавме порано дека "небото" може сликовито да се однесува и за место на авторитет. Откровението дека е таква една симболична книга, треба да очекуваме дека таков е случајот овде.

Жената во v.1 е "облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина- венец од дванаесет ѕвезди". Овие небесни тела, како и жената, јасно обесени на небото, не можат да се дословни. Таа не може да е дословно облечена во сонцето, или да има ѕвезди големи како земјата на нејзината дословна глава.

Друг знак се јавува во небото во v.3- еден црвен змев. Тоа воопшто се зема како дословно небо, но зошто би било, кога за истото небо се говори во v.1 а тоа е јасно фигуративно? V.4 покажува како змевот фрла една третина од ѕвездите небесни на земјата. Ние видовме дека поради големината на ѕвездите и земјата, ова не може буквално да се однесува на ѕвезди или небо. Царството Божјо треба да се уреди на земјата (Дан.2:44; Мт.5:5), што нема да биде можно ако се уништи земјата (што би се случило) од огромни ѕвезди кои ќе паѓаат врз неа.

Жената на "небото", тогаш го роди детето, кое беше "грабнато и однесено при Бога и Неговиот престол" (v.5). Божјиот престол е на небо. Ако жената веќе беше на небо, зошто нејзиното дете треба да биде "однесено" на небо? Таа мора да е симбол на нешто од земјата, иако во фигуративно "небо". Таа потоа "побегна во пустина" (v.6). Ако таа дословно била на небо, ова значи дека има пустина на небо. Далеку е попогодно за неа да е во едно фигуративно небесно место, и потоа да побегне во една дословна или фигуративна пустина на земјата.

Така доаѓаме до v.7- "И настана војна на небото". Сите други препораки за "небото" во Отк.12 се сликовити, изгледа тек доследно дека ова била војна во едно сликовито небо. Тоа мора да е случај, бидејќи не може да има никаков бунт или грев во дословното небо (Мт.6:10; Пс.5:4,5; Авак.1:13). Воопштеното гледиште тврди дека злите ангели се затворени во пеколот; но овде се тие на небо. Затоа тие не се буквално ангели.

Присутниот писател понекогаш ги прашува оние кои веруваат во православната идеја за ѓаволот следново прашање: 'Може ли да добијам сожет библиски опис за ѓаволот, према твоето толкување на библиските пасуси?' Одговорот е многу противречен. Према ‘православното’ расудување одговорот е нешто ваков:

а) Ѓаволот бил еден ангел на небо кој бил исфрлен во градината едемска. Тој бил фрлен на земјата во Битие 1.

б) Божемно дошол на земјата и се женал во Битие 6.

в) За времето на Јов се вели дека имал пристап на небото и на земјата.

г) Во времето на Иса.14 е исфрлен од небото на земјата.

д) Во Зах.3 е повторно на небо.

ѓ) Тој е на земјата во Мт.4. "Истеран" е за време смртта на Исус, према познатото гледиште дека "кнезот на овој свет" е "истеран" тогаш.

е) Има едно пророштво дека ѓаволот е истеран во Отк.12.

ж) Во Отк.20 е "окован", но тој и неговите ангели беа оковани во Битие, према вообичаеното гледиште на Јуда 6. Ако бил врзан во "вечни окови" тогаш, како е тој повторно окован во Отк.20?

Од ова треба да е јасно дека народното гледиште дека ѓаволот бил истеран од небото заради грев, не може да биде вистина, бидејќи тој е опишуван како да е уште на небото после секоја појава на "истерување". Важно е да се разберат и 'небото' и ѓаволот во една сликовита смисла.

ПРЕДЛОГ ОБЈАСНУВАЊА:

1. Обидот целосно да се разложи ова поглавје е надвор од делокругот на нашите сегашни белешки. Потполното објаснување на овие стихови бара разбирање на целата книга на Откровението за да се стават во контекст.

2. Судирот во сликовитото небо - т.е. место на авторитет- беше према тоа помеѓу две моќни групи, секоја со своите следбеници, или ангели. Запомни, ние покажавме дека ѓаволот и сатаната се често поврзувани со римскиот и еврејскиот систем.

3. Дека ѓаволот- змев претставува еден вид политичка сила е покажано со тоа што има "на главите негови круни" (v.3). Отк.17:9,10 исто коментира за овој змев: "овде е потребен ум, што има мудрост"- т.е. не се обидувај да го сфаќаш ова животно за дословно суштество -"седумте глави, тоа се седумте гори... седумте цареви". Еден од царевите продолжува "малку" можда поврзува со ѓаволот- змев, кој има тек "малку време" во Отк.12:12.


  Back
Home
Next