Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

6.1 Бог и зло

Многу секти од христијанството, заедно со многу други религии, веруваат дека постои суштество или чудовиште наречено ѓавол или сатана кој е извор на проблемите кои се во светот и во нашиот живот, и кој е одговорен за гревот што го правиме. Библијата јасно учи дека Бог е семоќен. Ние видовме во студија 1.4 дека ангелите не можат да грешат. Ако навистина веруваме во тие работи, тогаш е невозможно да има некакво натприродно суштество кое дејствува во универзумов и е спротивставено на Семоќниот Бог. Ако веруваме дека такво суштество постои, тогаш засигурно ја доведуваме во прашање врховноста на Бог Семоќниот. Оваа тема е толку важна, што правилното разбирање на ѓаволот и сатаната мора да се смета за една важно учење. Во Евр.2:14 ни е кажано дека Исус го уништил ѓаволот со својата смрт; затоа ако немаме правилно разбирање за ѓаволот, не можеме да ја разбереме работата или природата на Исуса.

Во светот воглавно, посебно во таканаречениот 'христијански' свет, постои идеја дека добрите работи во животот се од Бога, а лошите работи од ѓаволот и сатаната. Тоа не е нова идеја; ниту е ограничена само на отпадното христијанство. Вавилонците, на пример, веруваа дека има два бога, бог на доброто и светлото, и бог на злото и мракот, и дека двајцата се борат до смрт. Кир големиот персиски цар, веруваше само во тоа. Затоа Бог му рече, "Јас сум Господ и нема друг; Нема Бог освен Мене... Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и причинувам неволји. Јас, Господ, го вршам сето тоа" (Иса.45:5-7,22). Бог создава мир, и Тој создава неволји, или зло. Бог е творец, создател на "зло" во тој поглед. Во таа смисла има разлика помеѓу ‘злото’ и гревот, кој е човечка вина; навлезе во светот како исход на човекот, не на Бога (Рим.5:12).

Бог им вели на Кир и на Вавилонците дека "нема (друг) Бог освен Мене". Еврејскиот збор 'ел' преведен "Бог" во основа значи 'моќ, или извор на сила'. Бог вели дека не постои никаков извор на сила освен Него. Затоа еден вистински верник во Бога не може да ја прифати идејата за еден натприроден ѓавол или демони.

БОГ: СОЗДАТЕЛ НА НЕСРЕЌИ

Библијата обилува со примери како Бог носи "зло" во животот на луѓето и во овој свет. Амос 3:6 вели ако има негде зло во некој град, дека Бог го направил. Ако на пример, има земјотрес во еден град, често се мисли дека ‘ѓаволот’ се намерил на тој град, и ја довел пропаста. Но вистинскиот верник треба да знае дека Бог е одговорен за тоа. Така Мих.1:12 вели дека "злото од Господа слезе до портите ерусалимски". Во книгата на Јов читаме како праведниот Јов, ги изгуби нештата кои ги имаше во овој живот. Книгата учи дека искуството на 'зло' во животот на едно лице не е директно размерно со неговата послушност или непослушност кон Бога. Јов увиде дека "Господ даде, Господ го зеде" (Јов 1:21). Тој не вели ‘Господ даде, и сатаната зеде’. Тој одговори на жена му: "Зар доброто го примаме од Бога, а злото (исто така) да не го поднесуваме?" (Јов 2:10). При крајот на книгата, пријателите на Јов го тешеа за "сето зло, што Господ го беше допуштил врз него" (Јов 42:11 ср. 19:21; 8:4)). Така Бог е изворот на "зло" во смисла дека е врвниот пропусничар на проблемите кои ги имаме во нашиот живот.

"Зашто Господ го казнува оној, кого што го сака... Ако трпите казна... потоа на свикнатите на неа, таа ќе им принесе мирен род на праведност" (Евр.12:6-11), ова покажува дека маките кои Бог ни ги дава водат конечно не кон духовно растење. Поставување е на Словото Божјо против самото себе да се каже дека ѓаволот е суштество кое не присилува на грев и неправедност, додека истовремено тоа наводно носи проблеми во нашиот живот кои не водат кон развој и кон "мирен род на праведност". Православната идеја за ѓаволот наидува на озбилни проблеми овде. Посебно озбилни за неа се пасусите кои говорат за испраќањето на човек кај сатаната за "духот негов да биде спасен", или "да се научи да не хули" (1Кор.5:5; 1Тим.1:20). Ако сатаната е навистина суштество склоно да ги прави луѓето да грешат, и има негативен духовен учинок врз нив, зошто овие пасуси говорат за 'сатаната' во позитивно светло? Одговорот лежи во фактот дека еден противник, ‘сатана’ или потешкотија во животот, може често да исходи во позитивен духовен учинок во животот на верникот.

Ако прифатиме дека злото доаѓа од Бога, тогаш можеме да Му се молиме да направи нешто за проблемите кои ги имаме, на пр. да ги отстрани. Ако Тој не го стори тоа, тогаш знаеме дека ни се дадени од Бога за духовно добро. Сега ако веруваме дека има некое зло суштество наречено ѓавол или сатана и ги прави нашите проблеми, тогаш нема начин за прифаќање на доброто. Неспособноста, болеста, ненадејната смрт или несреќа, мора да се сфати само како лоша среќа. Ако ѓаволот е некој моќен, грешен ангел, тогаш тој ќе биде многу посилен од нас, и ќе немаме избор него да страдаме од неговата рака. Напротив, ние сме утешени дека под Божјата управа, "се (во животот) им врви добро" на верниците (Рим.8:28). Значи нема ништо такво како 'среќа' во животот на верникот.

ПОТЕКЛОТО НА ГРЕВОТ

Мора да се нагласи дека гревот доаѓа од нас. Наша вина е што грешиме. Се разбира, би било убаво да се верува дека не била наша вина што грешевме. Ние можеме слободно да грешиме и потоа да се правдаме со мислата дека беше всушност виновен ѓаволот, и дека вината за нашиот грев треба сосема да се префрли на него. Не е невообичаено во случај на лошо однесување, виновникот да моли за милост бидејќи тврди дека бил опседнат од ѓаволот, па према тоа не бил одговорен. Но, многу исправно, тие млитави изговори воопшто не важат, и лицето се осудува. Треба да помнеме дека "платата на гревот е смрт" (Рим.6:23); гревот води во смрт. Ако вината за гревот не е наша, туку на ѓаволот, тогаш еден праведен Бог треба да го казни ѓаволот наместо нас. Но фактот дека нам ни се суди за нашите гревови докажува дека сме ние одговорни за нив. Идејата за ѓаволот, дека е одредено лице надвор од нас а не принципот на грев во нас, е обид да се отфрли одговорноста за нашите гревови од нас. Ова е тек уште еден пример за луѓето кои одбиваат да го прифатат она што Библијата учи за човечката природа: дека е во основа грешна.

"Ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни... Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства... гордост, безумство. Сето тоа зло однатре излегува и го оксвернува човекот" (Мк.7:15-23).

Идејата дека има нешто грешно надвор од нас, кое влегува во нас и не прави да грешиме е несогласно со јасното учење овде од Исус. Однатре, од срцето човечко, излегува сето тоа зло. Затоа во времето на потопот, Бог сметаше дека "помислите на срцето човечко се зли уште од младини" (Бит.8:21). Јак.1:14 ни кажува како сме искушувани: "секого (процесот е ист за секој човек) го искушува неговата похот, ("неговата зла желба"-N.I.V.) која го влече и мами". Ние сме искушувани од својата похот, од своите зли желби; не од нешто надвор од нас. "Од каде се војните и расправиите меѓу вас?" прашува Јаков; "Не оттаму ли- од вашите похоти" (Јак.4:1). Секој од нас има некои, лични искушенија. Тие према тоа се создадени од нашите сопствени зли желби, бидејќи се наши. Точно е речено дека ние сме си најлошиот непријател.

Книгата до Римјаните, наголемо расправа за гревот, неговото потекло и како да се преброди. Многу е значајно дека едвај да се спомнува ѓаволот или сатаната таму; во контекстот каде говори за потеклото на гревот, Павле не го спомнува ѓаволот или сатаната. Исто така "ѓаволот" е новозаветен поим. Ако постои некое суштество кое не прави да грешиме, сигурно ќе се спомнеше многу повеќе во Стариот завет? Но таму има еден протемелен и значаен молк за тоа. Записот од периодот на Судиите, или за Израел во пустината, покажува дека тогаш Израел грешел на големо. Но Бог не ги предупреди за некое силно натприродно суштество или сила која би влегла во нив и би ги терала да грешат. Наместо тоа, Тој ги поттикна да се внесат во Неговото Слово, за да не отпаднат по патиштата на своето тело (пр. 5Мој.27:9,10; Исус 22:5).

Павле се жали: "Во мене, односно во моето тело, не живее доброто... Оти не доброто, кое го сакам го правам... А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене" (Рим.7:18-21). Така тој не обвинува некое друго битие наречено ѓавол за своите гревови. Тој ја наоѓа својата зла природа како вистинскиот извор на грев: "не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене. И така, во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се (во мене) наметнува". Значи тој вели дека спротивност на, духовноста е нешто што го нарекува "гревот што живее во мене". Секоја мисловна и духовно свесна особа ќе дојде до истиот вид на самосознание. Треба да се забележи дека дури и еден врвен христијанин како Павле не доживеа смена на природата по обраќањето, ниту беше ставен во состојба каде што не можеше да греши. Денешното ‘евангелиско’ движење тврди дека се во таква состојба, и со тоа го сместуваат Павле во рангот на ‘неспасените’ заради неговата изјава во Рим.7:15-21. Овие стихови нудат поголема потешкотија за нивните тврдења. Давид, друг несомнено праведен човек, исто така коментираше за трајната грешност на самата негова природа: "во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја" (Пс.50:5).

Библијата е доста јасна за основната зла човечка природа. Ако тоа се увиде, нема никаква потреба да се измислува некаква особа надвор од нашата човечка природа, која е одговорна за нашите гревови. Јер.17:9 вели дека, срцето на човекот е наполно расипано и лукаво што всушност не можеме да ја сфатиме пространоста на неговата грешност. Исус исто ја жигоса човечката природа за основно зла во Мт.7:11. Проп.9:3 не можеше да биде поедноставно "срцето на синовите човечки е полно со зло". Еф.4:18 ја дава причината за човечкото природно отуѓување од Бога како "поради нивното незнаење и слепост на нивното срце". Поради нашето духовно слепило и незнаење, нашиот начин на размислување во нас, сме оттуѓени од Бога. Во овој редослед, Гал.5:19 говори за нашите гревови како за "делата на телото", нашето сопствено тело, самото наше битие и природа, е она што не тера да правиме грев. Ниеден од овие пасуси не го објаснува потеклото на гревот во нас дека е ставено од ѓаволот таму; грешните склоности се нешто што ние природно ги имаме од раѓање; и се основен дел од човечката опрема.


  Back
Home
Next