Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

Осврт 17: Вештерство

Овој осврт е напишан повеќе за снабдување на потребите на оние во Африка и други делови на светот каде вештичарството е општа појава од секојдневниот живот. Увидено е од сите вистински библиски ученици дека обраќањето до вештици, бајачи и слично како средство за помош е несоодветно со држењето на вистината. Меѓутоа, се цени дека бајачите како поевтини и често подостапни од докторите по медицина, спојено со нивниот привиден успех ги прави привлечни. Ние треба да го гледаме овој проблем во логичен библиски начин. Тоа е единствениот начин да се пронајде сила за отпор на искушението да се користат тие луѓе.

ТВРДЕЊАТА НА ВЕШТЕРСТВОТО

Прво, тврдењата што ги прават вештерите за успехот треба да бидат испитани. Можеме да сме сигурни дека многу преувеличување се внесува во тврдењата за нивниот успех. Нивните лечења никогаш не се правени на отворено, за сите да видат. Всушност, ако биле успешни тогаш тие би работеле во болници и би се наоѓале ширум светот. Точната состојба на оние за кои се тврди дека се лечени исто така никогаш не е позната - колку всушност е подобрена не е јасно.

Оние од вас соочени со тоа искушение треба да се прашаат дали имаат одредени докази за нивните моќи- пр. дали виделе (не само слушнале нешто околу тоа) човек со раката отсечена во пилана да оди кај вештер и да се врати со нова совршено исправна рака? Таков вид на докази ни се потребни пред да им дадеме било какво признание. 5Мој.13:1-3 е дури уште посилно: Израел беа научени дека доколку бајач направи знак или чудо што би наликувало на чудесност, тие се уште да не му веруваат освен ако ја говори вистинската доктрина во согласност со Божјото слово. Јасно е дека бајачите не веруваат во вистината каква што е откриена во Библијата- и затоа не треба да сме во искушение да признаеме дека имаат стварна моќ, бидејќи сета моќ е од Бога(Рим.13:1;1Кор.8:4-6) .

Второ, видот на поплаки со кои се справуваат тие е показателен. Сега е познато дека ние користиме само околу 1% од нашата умствена моќ. Остатокот се чини дека е вон нашата моќ, за свесно управување (несомнено тоа ќе можеме во царството). Без да сме свесни за тоа, нашиот ум може да има скоро физички учинок врз нашето тело. Така, познато е дека психолозите излечиле луѓе од крвно заболување со тоа што ги принудиле цврсто да замислат дека крвта им е во исправен состав и работи нормално. Доктори потврдуваат дека некогаш настануваат такви оздравувања кои се независни од обичната медицина. Слично, многуте стресови можат да исходат во стомачни чиреви и главоболки. Опуштањето или вежбањето, на одреден начин може да ги отстрани овие. Но ако, на пример, раката ни е отсечена во пилана, никакво количество на душевни вежби не може да ја поврати. Единствено слабостите можеме да ги управуваме умствено, врз кои бајачите изгледа се способни да делуваат. Бидејќи не го разбираме потполно начинот на кој работи нашиот ум, произлегува дека тоа се должи на една физичка сила што ја имаат тие вештери. Но тоа не е така; преку нивното влијание врз човечкиот ум го вршат тие тој учинок.

ИЗВОРОТ НА СИЛА

Меѓутоа, сета сила е од Бога. Добрите работи и лошите работи како болеста се донесени од Него- не од вештери. Тоа е многу честа тема во Писмото: Иса.45:5-7; Мих.1:12; Амос 3:6; Исх.4:11; 5Мој. 32:39; Јов 5:18. Сите овие ќе го исплатат внимателното читање. Следува дека Нему треба да му се обратиме со молитва ако сме болни, и да се направи се што е можно преку вообичаената медицина да се среди проблемот. Ако одиме кај бајачи, ние се обраќаме на луѓе кои тврдат дека управуваат со 'мрачни сили' кои им овозможуваат да не подобрат. Но ние знаеме за силите во кои веруваат дека не постојат. Бог е изворот на моќ. Обраќањето кај вештери е верување дека Бог не е Семоќен, дека Бог не ни ја донел болеста, туку други сили чие управување го тврдат вештерите.

Да се размислува така е големо незадоволство за Бога, бидејќи знае дека Тој ја донел болеста, а Тој е Семоќен. Израел одбра да верува во Бога но веруваше и дека има и други сили кои им делуваат во животот, со кои требаше да се справуваат со обожавање на идоли направени за тие сили. Ова толку го разгневи Бога што ги отфрли за Свој народ (5Мој.32:16-24). За Бога, ако не Му веруваме потполно, всушност не Му веруваме воопшто. Да се тврди верувањето во вистинскиот Бог на Израел, но и да се прифати постоењето на други сили освен Божјата, и да се допушти еден бајач да врши уплив на тие сили да не остават на мир, е постапување точно како и Израел во минатото. Долгата, тажна историја за израелската идолатрија е "напишана за наша поука". Ние не треба да имаме ништо заедничко со оние кои веруваат во тие сили.

"Што општо има меѓу светлината и темнината? Каква сличност има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог... Затоа излезете од нивната средина и одделете се! Вели Господ... И Јас ќе ви бидам Отец, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки" (2Кор.6:14-18).

Ако навистина направиме напор и жртва да се одделиме од тие работи, тогаш го имаме величенственото осигурување дека сме навистина деца на Самиот Бог. Природниот родител нагонски се грижи за своето дете кога е болно. Дали е навистина толку тешко да ја собереме нашата вера во верување дека нашиот Небесен Отец би правел дури и повеќе?

Факт е дека вештерите имаат влијание само врз оние кои им веруваат. Така, некој кој ја изгубил љубената особа може да оди кај медиум или вештер и побара да го види умрениот. Медиумот ќе му рече да ги затвори очите и јасно да го замисли лицето на особата. Клиентот ќе се восредоточи на една фотографија од лицето која јасно ја помни. Медиумот може тогаш да му ги чита мислите, и со малку претерување да говори во вистински изрази за лицето, така да клиентот е убеден дека медиумот го видел мртвиот жив. Забележи дека никогаш не е даден цврст доказ дека лицето е живо. Но ако клиентот одбие да верува или да го послуша медиумот, тогаш ќе нема никаков резултат.

'Вештерите' кои обично им ги толкуваа соништата на фараонот и на Навуходоносор не би имале своите одговорни места ако не беа оправдано успешни. Несомнено многу ја користеа таа техника на читање мисли. Меѓутоа, кога Бог беше вмешан во животот на лицето со кое се справуваа, како што се замеша во животот на фараонот и на Навуходоносор, тогаш ја изгубија таа моќ. Слично Валак веруваше во моќта на Валаам за проколнување- и му понуди големи парични награди за услугите, велејќи дека му познато од искуство "кого ќе го проколнеш, тој е проколнат" (Бро.22:6). Но Валаам, кој беше некаков еквивалент на врачар, откри дека нормалната способност го напушти кога се справуваше со народот на Израел. Јасно, тие луѓе, немаат никаква моќ кога се справуваат со луѓе кои се поврзани со вистинскиот Бог, без оглед колкава слава стекнале за успешност во работата со другите.

ВЕШТЕРСТВОТО ВО БИБЛИЈАТА

Практичното значење на ова е дека ако сме во искушение да одиме кај врачар, тогаш треба да имаме целосна верба во него. Нема никаква смисла во користењето вештери ако само се надеваме за најдобро; и тие самите веројатно би го направиле истото. Да се има целосна верба во нив и во постоењето на силите за кои тврдат дека ги управуваат, значи дека имаме целосен недостиг на вера во семоќноста на вистинскоит Бог. Ако навистина веруваме во записите за фараонот, Валака и Навуходоносора спомнати горе, тогаш не ќе можеме да одиме кај вештер со вера дека ќе има учинок врз нас. Примерите земени во обзир покажуваат дека вештерите немаат моќ врз Божјиот народ, што ние знаеме дека сме, со разлог на нашата повиканост и крштевка.

Вештерството е јасно етикетирано од Павле како "дело на телото", во истата група со ‘ереси’, прељуба и порнографија (Гал.5:19-21). Тој коментира: "ви велам, како што ви реков и порано (т.е ова беше многу нагласен дел во неговото учење), дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо". Еквивалент на тоа во законот Мојсеев беше заповедта, дека сите вештери, оние кои користеа ‘претскажување’ (друго име за вештерство) и оние кои ги тераа своите деца низ оган веднаш да се убијат (5Мој.18:10,11; Исх.22:18). Оние кои ги прометнуваа своите деца низ оган не беа всушност вештери, вештерите и врвните идолопоклоници учеа за да осигураат заштита против силите на злото, дека децата на оние кои ја бараа заштитата мораа да врват низ оган. Па така гледаме дека и вештерите и оние кои ги користеа требаше да се убијат; и под Новиот завет казната за тоа е исклучување од царството Божјо.

Да се користи вештерството како средство за лично подобрување е нешто што Бог не сака да правиме. Во секоја одлука со која се соочуваме во својот живот во Христа, треба озбилно да се прашаме "дали Бог всушност сака да го сторам тоа? Дали би го направил тоа ако е Исус до мене?" со оглед на Божјата јасна осуда на вештерството, одговорот е јасно- не, Бог не сака да го правиме тоа, вештерството е опишано од Самуил како поврзано со ‘непокорност’ (еврејскиот имплицира 'провокација') против Словото Божјо (1Цар.15:23). Да се провоцира Семоќниот, како што направи Израел со своето верување во идоли и вештерство (5Мој.32:16-19), е секако незамисливо. Бог покажува дека, им заповедал на Израел да ги истераат Хананците поради нивното верување во вештерство кое Му беше толку одвратно; сепак наместо тоа, тие им се придружија во практикувањата (5Мој.18:9-14). Па за новиот Израел од крстени верници, ние не смееме да ги правиме работите на околниот зол свет, иначе не ќе можеме да ја наследиме нашата ветена земја на вечното царство. Да се расудува дека, единствено е вештерот тој кој го прави тоа, не ние, е безначајно. Ако се надеваме дека учинокот на вештерството ќе се почувствува на нас, тогаш извршно го употребуваме.

Бог нека не благослови сите кои чекориме во завршните дни на темниот незнабожнички свет кон Неговото светло царство на вистина и слава.

"Затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение... Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата... Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господа браќа... И така, браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивме било преку нашето Слово, било преку нашето послание. А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој не возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж, нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело" (2Сол.2:10-17).


  Back
Home
Next