Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

6.3 Демони

Претходните два оддела објаснаа зошто не веруваме ѓаволот или сатаната да се живо битие или чудовиште. Ако прифатиме дека нема такво битие, тогаш со сигурност следува дека демоните, за кои се мисли дека се слуги на ѓаволот, исто така не постојат. Многу луѓе мислат дека Бог ни ги дава сите добри работи во животот, а ѓаволот и неговите демони ни ги даваат лошите работи, и ги одземаат добрите работи кои ни ги дава Бог.

Библијата јасно учи дека Бог е извор на сета сила (види студија 6.1), и дека е Тој одговорен за двете добри и лоши работи во нашиот живот:-

"Јас ја создавам светлината и ја правам темнината, правам мир и

причинувам неволји. Јас, Господ, го вршам сето тоа", Иса.45:7 ;

"Злото од Господа слезе до портите ерусалимски", Михеј 1:12;

"Труби ли труба во град, а народот да не се уплаши? Се случува ли во

градот зло, што не го дозволил Господ"? Амос 3:6.

Затоа кога добиваме неволји, треба да прифатиме дека доаѓаат од Бога, не да го обвинуваме ѓаволот или демоните. Јов беше човек кој изгуби многу од добрите работи со кои Бог го благослови, но тој не рече, ‘овие демони ми зедоа се што ми даде Бог’. Не, ево што рече:-

"Господ даде Господ го зеде... нека е благословено името" Негово; Јов 1:21

"Зар доброто го примаме од Бога, а злото да не го поднесуваме?" Јов 2:10

Еднаш штом сфатиме дека сите работи се од Бога, кога имаме проблеми во животот можеме да се молиме на Бога да ги отстрани, ако не ги отстрани, можеме да бидеме сигурни дека Тој ни ги дава за да го развиеме нашиот карактер и за наше долгорочно добро:

"Сине Мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува, зашто Господ (не демоните!) го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима. Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што Таткото не го казнува? Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови" (Евр.12:5-8).

БОГ: ИЗВОР НА СЕТА СИЛА

Бог е изворот на сета сила:

"Јас сум Господ, и нема друг, нема Бог (евр. збор за 'бог' всушност

значи 'сила') освен Мене" - Иса.45:5;

"Има ли Бог освен Мене? Не, друга никаква карпа не знам" - Иса.44:8;

"Само Господ, твојот Бог е Бог и нема друг, освен Него" 5Мој.4:35.

Вакви стихови се појавуваат повремено низ Библијата. Бидејќи Бог е изворот на сета сила и единствениот Бог, Тој е према тоа еден љубоморен Бог, како што Тој често не потсетува (пр. Исх.20:5; 5Мој.4:24).

Бог станува љубоморен кога Неговиот народ почнува да верува во други богови, ако Му речат 'Ти си голем и силен Бог, но всушност верувам дека сепак има некои други богови освен Тебе, иако не се така силни како Тебе'. Заради ова не можеме да веруваме дека има демони или ѓавол кои постојат исто како и вистинскиот Бог. Тоа е заправо грешката што ја направи Израел. Многу од Стариот завет е отстапен да изложи како Израел не Му угодуваше на Бога, и веруваа во други богови исто како и во Него. Ќе видиме од Библијата дека ‘демоните’ во кои луѓето веруваат денес се всушност исти како лажните богови во кои веруваа Израелците.

ДЕМОНИТЕ СЕ ИДОЛИ

Во 1Кор. Павле објаснува зошто христијаните не треба да имаат ништо со идолско обожавање или да веруваат во тие работи. Во библиски времиња луѓето верувале дека демоните се мали богови кои можат да бидат обожавани за да ги решат проблемите во својот живот. Тие затоа создадоа нивни модели, кои беа исто како идоли и ги обожаваа. Тоа објаснува зошто Павле ги употребува зборовите ‘демони’ и ‘идол’ наизменично во неговото писмо:-

"Она што го принесуваат незнабожците како жртва, го принесуваат на бесови (демони), а не на Бога; Јас, пак, не сакам да бидете во заедница со бесовите... Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва, не јадете- заради оној, што ви го рекол тоа, и поради совеста" (1Кор.10:20,28). Значи идолите и демоните се делотворно исти. Забележи како Павле вели тие жртвуваа "на бесови (идоли), а не на Бога"- демоните не беа Бог, и затоа што има само еден Бог, следува дека демоните немаат никаква моќ, тие не се богови. Поентата е направена во 1 Кор.8:4:-

"А по однос... на идолски жртви, знаеме дека идолот (еквивалент на демонот) не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот". Идолот, или демонот, всушност не постои. Има само еден вистински Бог, или сила, во светов. Павле продолжува (vs.5,6):-

"Зашто, иако само по име има богови... (како што има многу богови и многу господиновци, (точно како што луѓето денес веруваат во многу видови на демони - еден демон прави да ја изгубиш работата, другиот прави да те напушти сопругата, и.т.н.)), сепак ние (вистинските верници) имаме само еден Бог Отец, од Кого е се (и доброто и лошото, како што видовме од претходните препораки)".

Понатамошен доказ дека луѓето во времињата на Новиот завет веруваа дека демоните се идоли или 'богови' се наоѓа во Дела 17:16-18; тоа опишува како Павле проповедаше во Атина, кој беше"град целосно оддаден на идолатрија", значи обожавање на разноразни идоли. После Павловото проповедање на евангелието, народот рече "се гледа, тој проповеда туѓи (т.е. нови) божества (демони); зашто им благовестеше за Исуса и за воскресението". Така луѓето мислеа дека ‘Исус’ и ‘воскресението’ беа нови демони или идоли кои им беа објаснувани. Ако се допрочита поглавјето, ќе се види како Павле продолжува да ги учи на вистината, и во v.22 вели, "Вие сте премногу побожни" (дословно: одадени на демонско обожавање) и објаснува како Бог не е присутен во нивните демони или идоли. Припомнете дека Бог е единствениот извор на сила. Ако Тој не е во демоните, тогаш демоните немаат никаква моќ бидејќи нема друг извор на сила во овој универзум - т.е. тие не постојат.

СТАРОЗАВЕТНИТЕ 'ДЕМОНИ' БЕА ИДОЛИ

Назад во Стариот завет, има повеќе докази дека ‘демоните’ се исто што и идолите. 5Мој.28:22-28, 59-61 предвиде дека душевната болест ќе биде една од казните заради обожавањето идоли/демони. Тоа ја објаснува поврзаноста на демоните со душевната болест во Новиот Завет. Но треба да се знае дека јазикот за демоните е поврзан со болест, а не грев. Ние не читаме за Христа дека истерува демони на завист, убиство и.т.н. Исто така треба да се посочи дека Библијата говори за луѓе кои имаат демон/болест, а не дека демоните ја создале болеста. Показателно е тоа што грчката верзија на Стариот завет (Септагинтот) го употребува зборот 'даимонион' за ‘идол’ во 5Мој.32:17 и Пс.105:37; тоа е зборот преведен ‘демон’ (‘бес’) во Новиот завет. Пс.105:36-39 ги опишува грешките на Израел и ги поистоветува идолите ханански со демони:-

Израелците "Им служеа на нивните идоли, а тоа беше соблазна за нив, и ги жртвуваа синовите свои и ќерките свои на бесовите (демоните); и проливаа невина крв, крвта на синовите свои и на ќерките свои, што им ги жртвуваа на хананските идоли... се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои".

Сосема е јасно дека демони е тек друго име за идоли. Обожавањето демони е опишано од Бога како обожавање на "делата свои... постапките свои" бидејќи верувањето во нив беше исход на човечката замисла, идолите што ги создадоа беа нивни дела. Па тие кои веруваат во демони денес, веруваат во човечки измислици, творби човечки, а не на она што не научил Бог.

5Мој.32:15-24 опишува точно како се гневи Бог кога Неговиот народ верува во демони: Израел "отстапи од Бога, Спасителот свој. Со туѓи богови Ме раздразнија и со одвратности свои Ме загорчија: им принесуваа жртва на бесовите ('демоните') а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа... кои татковците нивни не ги виделе... и (Бог) рече: Ќе го свртам лицето Свое од нив... бидејќи тие се развратен род, синови, во кои нема вера; тие Ме раздразнија со она што не е Бог туку со своите идоли ме наскрбија... ќе нафрлам врз нив зла"

Значи Бог ги опишува демоните исто како идоли, одвратности и суети - нешта во кои е залудно да се верува, кои не постојат. Верувањето во демони докажува еден недостиг на вера во Бога. Не е лесно да се верува дека Бог обезбедува се, и добро и лошо, во животот. Полесно е да се мисли дека лошите работи доаѓаат од некој друг, бидејќи еднаш штом кажеме дека доаѓаат од Бога, ќе треба да веруваме дека Бог ќе ги отстрани или дека тие конечно ќе ни бидат од полза.

НОВОЗАВЕТНИ ДЕМОНИ

Но, може да се рече, "што со пасусите во Новиот завет кои јасно говорат за демони?"

Нешто треба да објаснеме: Библијата не може да противречи сама на себе, таа е Словото на Семоќниот Бог. Ако ни е речено дека Бог ни ги носи проблемите и дека е Тој изворот на сета сила, тогаш Библијата не може да кажува и тоа дека демоните, мали богови опречни на Бога, ни ги носат тие работи. Значајно е тоа дека зборот 'демони' се појавува само четири пати во Стариот завет и секогаш опишува идолско обожавање, но се појавува многу пати во евангелиските записи. Ние предлагаме дека тоа е поради времето кога евангелијата беа пишувани, говорот тогашен беше да се каже за секоја болест што не можеше да се сфати дека е вина на демони. Ако демоните навистина постојат и се одговорни за нашите болести и проблеми, тогаш би читале повеќе за нив во Стариот завет. Но ние воопшто не читаме за нив во таа смисла таму.

ДЕМОНИ ВО НОВИОТ ЗАВЕТ

Да се каже дека демоните беа истерани од некого е како да се рекло дека тој бил излечен од душевна болест, или болест која не била позната тогаш. Луѓето кои живееле во 1 век беа склони да ги обвинуваат за сите неразбирливи нешта, измислените суштества 'демони'. Душевната болест беше тешка за поимање со нивното ниво на медицинско знаење. Луѓето говореа за од тоа погодените како за ‘опседнати’. Во старозаветно време, еден зол или нечист дух се однесуваше за пореметена душевна состојба (Суд.9:23; 1Цар.16:14; 18:10). Во новозаветно време говорот за зол дух/ опседнатост почна да се однесува за оние кои страдаа од душевна болест. Поврзаноста меѓу демоните и болеста е покажана со следново: "Доведоа при Него мнозина бесни и Он со еден збор ги изгони духовите... за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: Он, ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите" (Мт.8:16,17). Значи човечките слабости и болести се исто што и опседнатоста од ‘демони’ и ‘злодуси’.

Луѓето мислеа дека Исус беше луд и рекоа мора да е тоа бидејќи имаше демон- "Бес има и не е при Себе. (Јв.10:20; 7:19, 20; 8:52). Тие значи веруваа дека демоните создаваат лудило.

ИСЦЕЛУВАЊЕ НА БОЛНИТЕ

Кога беа излечени, за ‘опседнатите’ се велеше дека се вратиле при "здрав разум"- Мк.5:15; Лк.8:35. Тоа говори дека да се биде ‘опседнат’ беше друг начин за велење дека некој е душевно нездрав- т.е. не при здрав памет. За ‘опседнатите’ се велеше дека се ‘исцелувани’ или ‘излечени’ Мт.4:24; 12: 22; 17:18, навестува дека опседнатоста е друг начин за опишување болест.

Во Лк.10:9 Исус им кажа на своите 70 апостоли да одат и да ги "лекуваат болните", што тие и направија. Се вратија и рекоа, v.17, "во Твое име и бесовите ни се покоруваат"- повторно, демоните и болеста се изедначени. Некогаш апостолите лекуваа луѓе во името на Исус и овде имаме пример за тоа (исто види Дела 3:6; 9:34).

ГОВОРОТ ТОГАШЕН

Така гледаме дека во Новиот завет беше тогашен говор да се опише некој дека е опседнат, ако бил душевно болен или имал болест што не ја разбирале. Современото римско и грчко верување беше дека демоните ги поседуваат луѓето, и со тоа создаваат душевна болест. Оние 'христијани' кои веруваат во постоењето на демони всушност велат дека современите пагански верувања за тоа беа совршено исправни. Библијата е пишувана во јазик кој луѓето можат да го разберат. Тоа што го користи говорот тогашен не значи дека таа или Исус верувале во демони. Слично во англискиот јазик го имаме зборот ‘lunatic’ за опишување некој кој е душевно болен. Буквално тоа значи "месечев удар". Години наназад луѓето верувале дека ако некој се шета ноќе при јасна месечина, може да добие месечев удар и душевно да заболи. Ние го користиме тој збор денес да опишеме некој кој е луд, но тоа не значи дека веруваме да лудилото е причинето од месечината.

Ако овие зборови беа запишани и прочитани по 2000 години време- доколку Исус не се врати дотогаш- луѓето би можеле да помислат дека сме верувале оти месечината создава лудило, но би биле во грешка бидејќи ние само го користиме говорот на нашево време, како и Исус пред 2000 години. Слично ние опишуваме одредена наследена сметња како "танцот на St. Vitus" што ниту е настаната од "St. Vitus" ниту од ‘танцување’, но во употребата на сегашниот говор го нарекуваме "танцот на St. Vitus". Јасно е дека Исус Христос не се родил на 25 декември сепак присутниот писател го употребува терминот ‘Божиќ’ кога говори за тој ден, иако не верува дека Христовото раѓање треба да се празнува тогаш. Имињата на деновите од седмицата се основани врз паганско идолско обожавање- пр. 'Sunday', значи ‘ден посветен во обожавање на сонцето’; 'Saturday' беше денот за обожавање на планетата сатурн, Monday на месечината и.т.н. Тоа што ги користиме овие имиња не значи дека ги делиме паганските верувања на оние од кои потекнува и е направен нашиов сегашен јазик. 'Influenza' е исто така термин во општа употреба денес; строго значи ‘(под) демонско влијание’. Кога Даниел беше преименуван во 'Валтазар', име кое одразува пагански бог, вдахновениот запис во Дан.4:16 го нарекува 'Валтазар' без да посочи дека овој збор одразува лажно мислење. Јас говорам за 'папата' како начин за идентификување некого, иако мислам дека е всушност погрешно да се верува дека е тој 'папа' или отец (Мт.23:9).

Имаше мит во времето на Језекија дека земјата Израел беше одговорна за несреќите на оние во неа. Тоа не беше вистина а сепак Бог расудува со Израел, користејќи ја идејата што тогаш беше општа, "Така вели Господ Бог- бидејќи велат за вас: ти си земја што ги јадеш луѓето и што го правиш народот да е без деца, затоа веќе нема да ги јадеш (земјо) луѓето... вели Господ Бог" (Јез.36:13,14). Имаше општо паганско поимање дека морето било големо чудовиште со намера да ја проголта земјата. Додека ова очито е невистина, Библијата често ја користи таа фигура за да помогне на своето почетно читателство да ја сфати дадената идеја: види Јов 7:12; Амос 9:3; Јер.5:22; Пс.88:9; Ав.3:10; Мт.14:24; 14:30. Асирската митологија го нарекува тоа бунтовно морско чудовиште 'Рава'; и тоа е точно истото име дадено на морското чудовиште во Египет од Иса.51:9.

Бидејќи Библијата е вдахновена од Бога, не е можно дека Библијата ги одразува само присутните пагански влијанија од времето на пишувањето. Сигурно дека Бог свесно алудира на современите верувања, за да покаже дека е Тој крајниот извор на сила; кој го управува морското ‘чудовиште’, така да тоа ја врши Неговата волја. Бог значи ја исправи основната грешка во нивното верување, дека имало сили во дејство во светот кои не биле подложни на Божјата управа, и затоа по импликација беа зли. Меѓутоа, Библијата не прави во овој случај, отстапување од својот пат да ја изложи глупоста на верувањето дека има големо чудовиште кое демнее во морето, или дека морето е чудовиште.

Друг пример е во описот на молњата и бурните облаци со "искривената змија" ((евр. текст) Јов 26:13; Иса.27:1). Тоа јасно посочува на современото паганско верување дека молњата и темните облаци всушност биле голема змија. Овие пасуси не ја изложуваат глупоста на таа идеја, или да прават обид за научно објаснување. Наместо тоа посочуваат дека Бог ги управува тие работи. Ставот на Христос кон преовладаното верување за демони е ист по тоа прашање; неговите чуда јасно покажаа дека силата Божја беше конечна и потполна, неограничена со суеверијата човечки кои се однесуваа на таканаречените 'демони'. Оние кои веруваат дека новозаветните записи за 'демони' докажуваат дека тие суштества навистина постојат се должни да прифатат дека морето е навистина чудовиште, и дека молњата е всушност голема искривена змија. Секако ова е силна поента; мора да се увиде дека Библијата го употребува говорот на времето во кое е пишувана без нужно да ги поддржува верувањата кои ги обликуваат основите на тој говор. Ние покажавме дека нашата употреба на говорот е слична. Библијата тоа го прави за да го потврди видот на основните вистини кои ги зедовме во обзир во студиите 6.1 и 6.2- дека Бог е семоќен; Тој е одговорен за нашите неволји; гревот произлегува од нас- сите тие работи добиваат смисла со увидувањето на големината на Божјата сила за спасение. Таканаречените ‘критичари’ постојано ископуваат врски помеѓу говорот на Писмото и верувањата и замислите на околните култури во кои Библијата беше вдахновена и запишана. Тие се разбирливи, штом се сфати дека Библијата користи говор кој може да посочи на локалните верувања, но тоа го прави за да ја докаже поентата дека Јахве, единствениот вистински Бог, е далеку поголем од ништожните човечки верувања кои биле познати на оние кои први ги читале вдахнатите зборови, свежи од устата на пророкот.

Со ова при памет, за изненадување е колку многу примери можат да се најдат во Новиот завет со говорот на времето во употреба без тој говор да биде исправен. Ево неколку примери:-

-Фарисеите го обвинија на Исус за правење чуда со силата на лажниот бог Велзевул. Исус одговори, "Ако Јас истерувам бесови преку Велзевула, а синовите ваши преку кого ги изгонуваат?" (Мт.12:27). 4Цар.1:2 јасно ни кажува дека Велзевул бил лажен бог на Филистејците. Исус не рече ‘сега гледајте вака, 4Цар.1:2 вели дека Велзевул бил лажен бог, па вашите обвинувања не се вистинити’. Не, тој зборуваше како Велзевул да постоел, бидејќи беше заинтересиран неговата порака да допре до оние на кои им проповедаше. Исто, така Исус зборуваше и за истерувањето демони- тој не говореше постојано, ' всушност, тие не постојат', туку го проповедаше евангелието со говорот тогашен.

-Дела 16:16-18 се зборовите на Лука, под вдахновение: "не сретна една слугинка која имаше гледачки дух" ("беше во посед на духот Питон" Diaglott version). Како што е објаснато во фуснотата во Diaglott version, Питон беше име на лажен бог во кој се веруваше за време на 1 век, можеби ист како Аполон. Така Питон сигурно не постоел, но Лука не вели дека девојката беше во ‘посед на духот Питон, кој, патем речено, е лажен бог кој не постои'. Исто, така евангелијата не велат дека Исус 'истерувал демони кои, патем речено не постојат, тоа е само израз за болести'.

-Во Лк.5:32 е запишано како Исус им зборува на лошите Евреи: "не сум дошол да ги повикам праведните". Тој мислеше, 'не дојдов да ги повикам оние кои веруваат дека се праведни'. Но Исус им говореше во нивни изрази, иако технички, употребуваше невистинит јазик. Лк.19:20-23 покажува како Исус употребува невистинити зборови од човекот со еден талант во параболата за да се справи со него, но тој не ги исправи погрешните зборови што ги употреби човекот.

-Библијата често говори за сонцето дека 'изгрева' и 'заоѓа', ова е човечки начин на излагање, но е научно неисправен. Исто и за болеста се говори во технички 'неисправен' јазик на 'демони'. Дела 5:3 говори како Ананија го излажал Светиот Дух. Тоа е всушност, невозможно, сепак она што мислеше Ананија дека го прави е употребено како факт, иако не беше!

-Има многу библиски примери за употребата на говор кој беше разбирлив во времето кога е пишувано, но сега е туѓ за нас, на пример "кожа за кожа" (Јов 2:4) посочува на древната пракса за замена на кожи од иста вредност; мажот проститутка е наречен ‘пес’ во 5Мој.23:18. Говорот за 'демони' е уште еден пример.

-Евреите од времето на Христос мислеа дека се праведни бидејќи беа потомци Авраамови. Затоа Исус им се обрати со ‘праведници’ (Мт.9:12,13), и рече "Знам дека сте семе Авраамово" (Јв.8:37). Но тој не веруваше дека се тие праведници, како што често покажуваше; и тој едноставно покажа со неговото расудување во Јв.8:39-44 дека тие не беа Авраамово семе. Па Исус ги примаше човечките верувања како факт, без веднаш да им се спротивстави, наместо тоа ја изложуваше вистината. Ние покажавме дека таков беше Божјиот пристап во справувањето со паганските верувања кои беа општи во старозаветно време. Христовиот став кон демоните беше ист во новозаветно време, снабдените од Бога чудеса, покажаа многу јасно дека болестите беа создадени од Бога, не од некоја друга сила, бидејќи Бог ја имаше силата да ги исцели.

-Павле цитираше од грчки поети, славни по количеството на небиблиски глупости што матеа, за да ги збуни оние кои веруваа во учењето на поетите (Тит 1:12; Дела 17:28). Она што предлагаме, е резимирано во одговорот на Павле при наоѓањето еден олтар посветен за обожавање на "Непознатиот Бог", т.е секое паганско божество што може да постои, но кое Атинјаните не го зедоа во предвид. Наместо да ги укори за нивната глупост во верувањето на тоа, Павле ги презеде од каде што можеа да го разберат единствениот вистински Бог, кој не го познаваа (Дела 17:22,23).

-Еф.2:2 говори за "кнезот на воздухот". Тоа јасно алудира на митолошката замисла за Заратустра- нешто во што веруваа еднаш Павловите читатели. Павле вели дека тие еднаш живееја под "кнезот на воздухот". Во истиот стих, Павле го опишува тоа како "духот (ставот на свеста) кој... дејствува" во природниот човек. Претходно тие веруваа во паганската замисла за небесно духовен-принц; сега Павле посочува дека всушност силата на која тие беа формално подложни, беше онаа на сопствениот им зол ум. На овој начин се посочува и говори за паганската идеја, без одредено укорување, а истовремено се докажува вистината за гревот

-Дела 28:3-6 опишува како смртоносна змија го нападна на Павле, прицврстувајќи му се на раката. Луѓето наоколу одлучија дека Павле е убиец кој "судот Божји не го остави да живее". Нивното гледање на состојбата беше сосема погрешно. Но Павле не го објасни ова подробно; наместо тоа, направи чудо- ја стресе змијата од себе без да биде каснат.

Чудесата Христови ја изложија грешката на локалното гледиште, пр. за демони, без исправање во толку многу зборови. Така во Лк.5:21 Евреите направија две лажни изјави: дека Исус е хулител, и дека единствено Бог може да проштева гревови. Исус усмено не ги исправи; наместо тоа, направи чудо кое ја докажа лажноста на тие изјави.

-Јасно беше верувањето на Исус дека делата говорат посилно од зборовите. Тој ретко откажуваше лажни идеи директно, па така не го откажа законот на Мојсееј како неспособен да даде спасение, туку покажа со своите дела, пр. лечење во сабота, што е Вистина. Кога беше погрешно обвинет дека е Самарјанин, Исус не одрече (Јв.8:48,49 ср. 4:7-9) иако неговото еврејство, како семе Авраамово, беше суштествено за Божјиот план на спасение (Јв.4:22).

Дури и кога Евреите донесоа погрешен заклучок (намерно!) дека Исус се прави "еднаков со Бога" (Јв.5:18), Исус не одрече отворено; наместо тоа, силно расправаше дека неговите чудеса го покажаа за човек кој делува во Божјо име, и према тоа дека НЕ беше еднаков со Бога. Чудесата на Исус, исто така ја покажаа грешката за верување во демони. Христовото Чудо на исцелување на сакатиот човек во базенот, беше за да ја покаже глупоста на еврејскиот мит дека за врема на пасха ангел ја допирал водата од бањата Витезда, внесувајќи лековити својства во неа. Овој мит е запишан без директното негирање на неговата вистина; записот на Христовото чудо е изложувањето на неговата лажност (Јв.5:4).

-2Пет.2:4 говори за злите дека одат во ‘пеколот’ (изв. тартарус). Тартарус беше митско место во подземјето; и Петар не го исправа тоа мислење, туку го користи како симбол на целосно уништување и казна за грев. Христовата употреба на зборот Гехена беше иста (види студија 4.9).

ДАЛИ ДЕМОНИТЕ НАВИСТИНА ПРИЧИНУВААТ БОЛЕСТИ?

Секој што верува дека постојат демони, мора да се запраша "кога сум болен, од демони ли е причинато?" Ако се мисли дека новозаветните препораки за демони се однесуваат на мали богови кои одат наоколу правејќи зло, тогаш мора да се одговори ‘да’. Тогаш, како ќе се објасне фактот дека многу заболувања за кои се обвинуваа демоните можат сега да се излечат или контролираат со лекарства? Маларијата е класичен пример. Повеќето луѓе во Африка, веруваа до неодамна дека маларијата беше причинувана од демони, но ние знаеме дека маларија може да се лекува со кинин и други лекарства. Дали тогаш се вели дека демоните, како што ги гледаат малите жолти таблети кај што слегуваат низ грло, се заплашуваат и одлетуваат? Некои од заболувањата што ги излечи Исус, а се опишани како резултат на опседнатост, се идентификувани како тетанус или епилепсија- кои и двете се отстрануваат со лекарства.

Еден пријател од едно село до Кампала во Уганда, ни кажа дека луѓето до скоро верувале дека маларијата ја причинувале демони, но штом виделе колку лесно лекарствата ја совладувале, престанале да ги обвинуваат демоните. Меѓутоа, кога некој има церебрална маларија (која причинува озбилно душевно заболување) тие се уште ги обвинуваат демоните. Еден доктор дојде од околниот град и им понуди јаки антималарични лекарства, но тие одбија и бараа нешто што ќе се бори со демоните, а не со маларија. Докторот се врати покасно и рече, "имам лек што ќе ги истера демоните"; болниот нестрпливо го зеде лекот, и му беше подобро. Вторите таблети беа исти како првите. Докторот не веруваше во демони, но го употреби говорот на денот за да допре до лицето- како и "Големиот Лекар", Господ Исус од пред 2000 години.


  Back
Home
Next