Основи наБиблијата Студија 6: Бог и зло Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања |
Осврт 18: Што се случи во Едем?Бит.3:4-5: "Тогаш змијата и рече на жената: Не, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло". НАРОДНО ТОЛКУВАЊЕ: Погрешно се претпоставува дека, змијата е тука еден грешен ангел, наречен ‘сатана’. Исфрлен од на небо поради неговиот грев, тој дошол на земјата и ја искушал Ева на грев. КОМЕНТАРИ: 1. Пасусот говори за ‘змијата’. Зборовите ‘сатана’ и ‘ѓавол’ не се појавуваат во целата книга на Битие. Фактот дека змиите се физички со нас, и се влечат на стомак, е доказ дека змијата во Едем беше дословно животно. Оние кои веруваат поинаку можда мислат кога ќе видат вистинска змија, дека го виделе самиот 'сатана'. 2. Змијата никогаш не е опишана како ангел. 3. Затоа не изненадува што нема никакви препораки во Битие за некој да е исфрлен од небото. 4. Гревот носи смрт (Рим.6:23). Ангелите не можат да умрат (Лк.20:35-36), затоа ангелите не можат да грешат. Наградата на праведните е да бидат изедначени со ангелите да не умираат повеќе (Лк.20:35-36). Ако ангелите можат да грешат, тогаш и праведните исто ќе можат да грешат и затоа ќе можат да умираат, што значи дека всушност нема да имаат вечен живот. 5. Личностите вмешани во записот на Битие за човековиот пад се: Бог, Адам, Ева и змијата. Никој друг не е спомнат. Нема никаков доказ дека нешто влегло во змијата, за да ја натера да го направи она што направи. Павле вели змијата "со своето (сопствено) лукавство ја измами Ева" (2Кор.11:3). Бог и рече на змијата: "Затоа што си го направила тоа... (Бит.3:14). Ако ‘сатаната’ ја користеше змијата, зошто не е спомнат и зошто и тој не беше казнет? 6. Адам ја обвини Ева за својот грев: "таа ми даде од дрвото" (Бит.3:12). Ева ја обвини змијата: "змијата ме измами, и јас јадев" (Бит.3:13). Змијата не го обвини ѓаволот- таа не направи никаков изговор. 7. Ако се расправа дека змиите денес не можат да говорат и да расудуваат како змијата во Едем, запомни дека: а) едно магаре еднаш беше направено да говори и расудува со човек (Валаам): "неразумното (нормално) животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот" (2Петр.2:16) и б) змијата беше најинтелигентна од сите животни (Бит.3:1). Клетвата врз неа ја одзела способноста која ја имаше да говори со Адам и Ева. 8. Бог ја создал змијата (Бит.3:1); друго суштество наречено ‘сатана’ не се претвори во змијата; ако веруваме во тоа, делотворно велиме дека некој може да навлезе во нечиј животот и да го управува. Тоа е паганска идеја, не библиска. Ако се расправа дека Бог не би ја создал змијата поради големиот грев што ги измами на Адам и Ева да го сторат, запомни дека гревот навлезе во светот низ човекот (Рим.5:12); змијата беше према тоа аморална, и говореше од свое природно видување, и не беше толку одговорна на Бога и према тоа не направи грев. Некои сугерираат дека змијата од Бит.3 е поврзана со серафимот. Меѓутоа, вообичаениот еврејски збор за ‘змија’, кој е употребен во Бит.3, е сосема неповрзан со зборот за ‘серафим’. Еврејскиот збор ‘серафим’ преведен во основа значи ‘горливиот’ и е преведен "огнена змија" во Бро.21:8. ("бакарна змија"- мак. изд.), но тоа не е зборот ‘змија’ преведен во Бит.3. Еврејскиот збор за бакар доаѓа од истиот корен како и за ‘змија’ во Бит.3. Бакарот го претставува гревот (Суд.16:21; 2Цар.3:34; 4Цар.25:7; 2Лет.33:11; 36:6), така змијата може да се поврзи со идејата за грев, но не со грешен ангел. ПРЕДЛОГ ОБЈАСНУВАЊА за тоа што овој пасус значи: 1. Нема причина за сомневање дека треба дословно да го сфатиме она што ни е кажано за создавањето и падот, во раните поглавја на Битие. ‘Змијата’ беше една дословна змија. Фактот, што денес гледаме змии кои ползат на стомак во исполнување на клетвата изречена врз првата змија (Бит.3:14), го докажува тоа. Исто така ги гледаме мажите и жените кај страдаат под клетвите кои беа истовремено изречени и врз нив. Ние оценуваме дека Адам и Ева беа дословно маж и жена како што ги знаеме денес мажот и жената, но уживаат еден подобар облик на постоење, затоа првата змија беше дословно животно, иако во далеку поинтелигентен облик него што се змиите денес. 2. Следниве се понатамошни показатели дека раните поглавја на Битие, треба да се читаат дословно: -Исус посочуваше на записот за создавањето на Адам и Ева, како за основите на неговото учење за бракот и разводот (Мт.19:5-6), нема никакво невестување дека тој го читеше фигуративно. -"Бидејќи порано беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен (од змијата), туку жената беше измамена и направи престап" (1Тим.2:13-14)- и Павле, исто, го читал Битие дословно. И како најважно тој порано напиша како "змијата со своето лукавство ја измами Ева" (2Кор.11:3)- забележи дека Павле не спомнува како "ѓаволот" ја измамил Ева -Дали има воопшто некаков доказ дека нешто друго во записот за создавањето и падот треба да се чита фигуративно? Светот беше создаден за 6 дена према Бит.1. Дека тоа беа дословно денови од 24 часа е докажано со фактот што разните нешта создадени во различни денови не можеа да постојат без взаемната потреба едно од друго во дадениот им облик повеќе од неколку денови. Растенијата направени вториот ден би зависеле од пчелите и.т.н создадени во шестиот ден. Долгиот интервал помеѓу нивното создавање е затоа неприличен. -Понатамошни докази за дословни денови на создавање може да се најдат во саботниот закон на Исх.20:10,11. Саботата требаше да биде одмор од 24 часа, бидејќи Бог седмиот ден одморал, од шестдневната работа (како и Израел пред држењето на нивната сабота). Дека тоа не беа периоди од 1000 години или повеќе е докажано со фактот дека Адам беше создаден во шестиот ден, но умре после седмиот ден на возраст од 930 (Бит.5:5). Ако седмиот ден беше период од 1000 години, тогаш Адам би бил повеќе од 1000 кога умре. 3. Бидејќи змијата беше проколната да ползи на стомак, (Бит.3:14), ова може да имплицира дека претходно имала нозе; во спој со очигледната способност за расудување, беше веројатно вид животински живот најблизок до човекот, макар што беше сепак животно- уште едно од сите "ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог" (Бит.3:1,14). 4. Можеби змијата имаше јадено од дрвото на знаење, што би ја објаснало нејзината суптилност. Ева виде "дека родот на дрвото... е пожелно поради знаењето" (Бит.3:6). Како можела да го види тоа освен ако не во исходот на јадењето од плодот во животот на нешто што веќе го сторило тоа? Можеби и тоа дека Ева веќе имала неколку разговори со змијата пред оној запишаниот во Бит.3. Првите зборови од змијата до Ева се, "Вистина ли е дека Бог рекол" (Бит.3:1) воведната реченица имплицира дека ова веројатно беше продолжение на претходен еден разговор кој не е запишан. |