Основи наБиблијата Студија 6: Бог и зло Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања |
Осврт 19: ЛуциферИса.14:12-14: "Како падна ти од небото, Денице (‘Луцифере’), сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот". НАРОДНО ТОЛКУВАЊЕ: Се претпоставува дека Луцифер бил еднаш моќен ангел кој згрешил во времето на Адам и затоа бил исфрлен долу на земјата, каде што прави неволји за Божјиот народ. КОМЕНТАРИ: 1. Зборовите ‘ѓавол’, ‘сатана’ и ‘ангел’ никогаш не се појавуваат во ова поглавје. Ова е единственото место во Писмото каде што се појавува зборот "Луцифер". 2. Нема никаков доказ дека Исаија 14 опишува нешто што се случило во градината на Едем; ако е така, тогаш зошто сме оставени 3000 години од времето на Битие пред да ни се каже што всушност се случило таму? 3. Луцифер е опишан дека е покриен со црви (v.11) и подбиван од луѓе (v.16) пошто нема веќе никаква моќ после неговото исфрлање од небото (vs.5-8); така нема никакво оправдување за мислењето дека Луцифер е сега на земјата, каде ги води верниците во заблуда. 4. Зошто е Луцифер казнет за велење, "ќе се искачам на небото" (v.13), ако бил веќе таму? 5. Луцифер ќе гние во гробот: "Гордоста ти е симната во пеколот... а црви се твојата покривка" (v.11). Бидејќи ангелите не можат да умрат (Лк.20:35-36), Луцифер не може да биде ангел; јазикот повеќе приличи за човек. 6. Vs.13,14 се поврзани со 2Сол.2:3-4, кое говори за "човекот на гревот"-така Луцифер посочува кон еден друг човек- а не ангел. ПРЕДЛОГ ОБЈАСНУВАЊА: 1. N.I.V. и други денешни верзии го имаат изложено текстот на Иса.13-23, како серија "бремиња" на разни народи, пр. Вавилон, Тир, Египет. Иса.14:4 ја поставува замислата на стиховите кои ги разгледувавме: "ти ќе запееш победничка песна (парабола ("ќе ја земеш оваа изрека" изв. текст) против вавилонскиот цар". Пророштвото е према тоа за човечкиот цар на Вавилон, кој е опишан како ‘Луцифер’. Во неговиот пад: "Оние што ќе те видат... ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, што земјата ја разнишуваше...?" (v.16). Така Луцифер е јасно одреден како човек. 2. Бидејќи Луцифер беше човечки цар. "сите цареви незнабожечки... ќе ти говорат: и ти стана безсилен како нас! И ти стана сличен на нас" (vs.9-10). Луцифер беше значи цар како и секој друг цар. 3. Стих 20 вели дека семето на Луцифер ќе биде уништено. Стих 22 вели дека семето вавилонско ќе биде уништено, според тоа ги изедначува нив. 4. Запомни дека ова е една "изрека (парабола) против царот вавилонски" (v.4). Луцифер значи "ѕвезда деница" која е најсветла меѓу ѕвездите. Во параболата, таа ѕвезда гордо одлучува "ќе се искачам (повисоко) на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите (други) ѕвезди" (v.13). Затоа, ѕвездата е фрлена долу на земја. Ѕвездата го претставува царот на Вавилон. Дан.4, објаснува како Навуходоносор, царот вавилонски, гордо го разгледувал големото царство што го изградил, мислејќи дека ги победил другите народи со својата сила, наместо да увиди дека Бог му го даде успехот. "Величието (гордоста) твое пораснало и достигнало до небесата" (v.19). Затоа, "беше одведен од луѓето, јадеше трева како вол и телото негово се напојуваше само со роса небеска, така што косите му израснаа како кај лав и ноктите му беа како кај птиците" (v.30). Ова ненадејно понижување на еден од најмоќните мажи во светот, во пореметен лудак беше толку драматичен настан, за да се повика параболата за паѓањето на ѕвездата деница од небото на земјата. Ѕвездите се симболични на големите луѓе, пр. Бит.37:9; Иса.13:10 (се однесуваат на вавилонските водачи); Јез.32:7 (се однесува на египетскиот водач); Дан.8:10 ср. v.24. Кревањето на небо и паѓањето од небо се библиски идиоми, често користени за порастот на гордоста и за соодветно понижување- види Јов 20:6; Јер.51:53 (за Вавилон); Плач 2:1; Мт.11:23 (за Капернаум): "ти, Капернауме, што си се воздигнал до небото, до пеколот (гробот) ќе слезеш". 5. Стих 17 го обвинува Луцифер за опустошување на светот "и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни... (што го) наполнија лицето на земјата со градови"... "изнудувањето на злато" (vs.17,21, R.V.; v.4 A.V. margin). Сите овие се описи на вавилонска воена политика- сравнување цели области со земјата (како што направија со Ерусалим). Ги одведуваа заробениците во други области и не им дозволуваа да се вратат во својата домовина (како што им правеа на Евреите), градење нови градови и земање данок во злато од народи угнетувани од нив. Вака, има и истакнување на фактот дека Луцифер нема дури ни да го добие закопот што го имаа веќе другите цареви (vs.18-19), што имплицира дека тој беше само човечки цар како нив, пошто за неговото тело е потребно закопување. 6. Стих 12 вели дека Луцифер ќе биде "пресечен до земјата" ("се разби од земјата"- мак. изд.)- и имплицира дека е дрво. Тоа понатаму поврзува со Дан.4:5-13, каде Навуходоносор и Вавилон се споредени со дрво кое се сече. 7. Вавилон и Асирија се често променливи фрази кај пророците; така, говорејќи за демисијата на царот вавилонски, v.25 вели "за да го погубам Асура" Пророштвата за Вавилон во Иса.47, се повторени во врска со Асирија во Наум 3:5,4,18 и Соф.2:13,15; и 2Лет.33:11, вели дека царот асирски го одведе Манасија заробен во Вавилон- покажувајќи ја променливоста на изразите. Амос 5:27 вели дека Израел ќе оди во заробеништво "зад Дамаск", т.е. во Асирија, но Стефан го цитира ова како "понатаму од Вавилон" (Дела 7:43). Ездр.6:1 го опишува Дариј, царот на Вавилон, како прави декрет кој се однесуваше за повторно градење на храмот. Евреите го славеа Бога зошто "го сврти кон нив срцето на асирскиот цар" (Ездр.6:22), повторно покажува дека се тие променливи изрази. Пророштвото на Иса.14, придружувано од многу други во Исаија, добро се вклопува во контекстот на асириската инвазија од Сенахерим, во времето на Езекија, оттука v.25 го опишува рушењето на Асирија. Стих 13 е полесен за разбирање, ако говори за богохулните Асирци во опсадата на Ерусалим, кои сакаа да навлезат во Ерусалим и да го заробат храмот за своите богови. Порано асирскиот цар, Телгатфеласар, веројатно сакаше да го стори истото (2Лет.28:20,21); Иса.14:13: "А во срцето свое си велеше: Ќе се искачам на небото... (симболично за храмот и ковчегот- 3Цар.8:30; 2Лет.30:27; Пс.19:2,6; 10:4; Евр.7:26) и ќе седнам на гората во соборот на боговите (гората Сион, каде што беше храмот), на крајот од северот" (Ерусалим- Пс.47:1,2). |