Основи наБиблијата
Студија 5: Божјото царство
Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања

Осврт 16: Збир на израелската историја

АВРААМ беше повикан од Ур халдејски; првиот Евреин. Бог му даде ветувања кои се однесуваа за земјата хананска, и семето негово. Тој умре и не ги прими тие ветувања.

ИСАК. Авраам беше подготвен да го понуди својот син Исак, во жртва. Бидејќи Авраам беше верен, Бог го потврди Своето ветување на Авраам со заклетва. Волноста на Исак да умре во покорност на татковата заповед е еден вид Христос. Ветувањата беа обновени до Исак (Бит.26:3-5).

ЈАКОВ беше син Исаков. Ветувањата и нему му беа повторени. Тој имаше 12 синови- Рувим беше најстариот, Венијамин најмладиот. Левиј беше оној од кого потекнаа свештениците. Јосиф беше најомилениот.

ЈОСИФ. Како момче имаше два сона кои го одбраа како владар врз своите браќа. Тие постанаа љубоморни, и го продадоа како роб во Египет. Таму тој стана управник, и организираше конзервација на жито кое ќе се користи за времето од седумгодишната глад што го зафати регионот. За тоа време, Јаков и неговите синови дојдоа да живеат со Јосифа во Египет. Тие и нивните потомци живееја во Гесем, дел од Египет. Подоцна еден фараон го прогони народот на Израел, и ги пороби.

МОЈСЕЈ се роди во тоа време; беше скриен во трски како бебе, и пронајден од фараоновата ќерка и посвоен беше од неа. Како младич, тој уби еден Египјанец, кој тепаше Евреин. Мојсеј потоа се насели во земјата мадијамска, каде што работеше како овчар 40 години кај Јотор. Тогаш Бог му се јави во огнен пламен во капина. Му беше речено да оди кај фараонот и побара да го избави на Израел. Тој направи чудесни знаци за да докаже дека е пратен од Бога. Меѓутоа, фараонот не ги пушташе Израелците, затоа десет напасти беа пратени врз Египет, пр. жаби, мрак, град и најпосле убивањето на првородените машки. Израелците мораа да заколат јагне и крвта да ја попрскаат на вратите од своите домови. Тоа посочуваше према тоа како крвта на Исус може да не спаси од смрт. Тој празник стана познат како Пасха.

ИСХОД. На Израелците им беше конечно допуштено да го напуштат Египет. Патуваа водени од Божји ангел во столб од облак дење, а ноќе во огнен столб. Фараоновата војска ги следеше до Црвеното море. Водата се отвори чудесно за да преминат луѓето, а потоа се врати давејќи ги Египјаните. Израел потоа патуваше низ пустината према ветената земја хананска. Бог им даде вода да пијат од една карпа, и леб во вид на мана беше снабдувано секое утро. Кога дојдоа во гората синајска, Бог им ги даде десетте заповеди и законот Мојсеев. Тогаш беа утврдени за Божјо царство. Им беше заповедано да направат одреден шатор наречен скинија, во кој Бог ќе биде обожаван. Им беше доделен првосвештеник и свештеници кои ќе ги нудат нивните жртви на Бога. Сите елементи од скинијата и свештенството посочуваа кон Исус.

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА. Конечно пристигнаа. 12 извидници беа пратени од кои десет вратени кажаа дека е претешко да се поседува земјата хананска. Другите двајца извидници, Исус Навин и Халев, ја кажаа вистината, дека земјата може да биде поседувана од нив, ако би имале верба во Божјите ветувања. Бидејќи народот го делеше ставот на десетте извидници, Израелците мораа да скитаат во пустината 40 години додека не умреа сите оние кои беа преку 20 кога го напуштија Египет.

ИСУС НАВИН беше наследник Мојсеев, и ги одведе Израелците во земјата хананска. Првиот град за преземање беше Јерихон, каде што живееше Раав, а потоа Гај. Еднаш штом се утврдија во земјата, беа наизменично управувани од СУДИИ, иако Бог им беше вистинскиот цар. Тие вклучуваа луѓе како Гедеон, Ефтај и Самсон. Сите тие ги избавуваа Израелците од нивните непријатели, кога ги покајуваа гревовите према Бога. Историјата израелска е полна примери за нивната непослушност, со казнувања од инвазии на соседните народи, покајувања на нивните гревови и како Бог ги избавува- и повторно грешење. Последниот судија беше Самуил. Во негово време, народот на Израел го отфрли Бога за нивен Цар и побараа човечки цар, како околниот свет.

ЦАРЕВИТЕ. Нивниот прв цар беше Саул, кој иако почна добро, испадна зол, и беше непокорен на Божјите заповеди, и го прогони Давида. По неговата смрт, Давид стана следниот цар, и беше еден од најдобрите на Израел. Бог му даде големи ветувања. После него дојде неговиот син Соломон, кој после еден добар почеток, беше одвратен од вистинската вера од многуте жени кои ги зеде од околните народи. По неговата смрт царството се раздели на две- 10 племиња го формираа царството на Израел, почнувајќи под Јеровоам; другите 2 племиња, Јуда и Венијамин, го формираа царството на Јуда, почнувајќи под Ровоам, синот на Соломон.

Царството на Израел, (десетте племиња) немаше добри цареви. Постојано беа бунтовни кон Бога. Тој им испрати многу пророци кои им говореа да се покајат, но тие не сакаа. Затоа Асирците ги нападнаа, и одведоа во заробеништво. Тие беа растурени низ светот.

Царството на Јуда (двете племиња) имаше неколку добри цареви (пр. Аса, Језекиј), но и тие, воглавно беа непослушни на Бога. Вавилонците беа затоа пратени да ги нападнат, и ги зедоа во заробеништво во Вавилон за 70 години. Тие никогаш повеќе немаа цар. По 70 години, некои се вратија во земјата на Израел под водството на Ездра, Неемија, Јосиј (тогашен првосвештеник) и Зоровавел владарот. Беа управувани од Персија, па од Грција и најпосле од Рим. Тие беа под Рим кога се роди Исус. Во исход на нивното одбивање да го прифатат, Бог ги прати Римјаните да го уништат Ерусалим во 70 н.е. и конечно сите Евреи беа истерани од Израел.

Во скори години, Евреите почнаа да се враќаат во својата земја, во делумно исполнување на пророштвата од Стариот завет. Обновувањето на државата Израел е сигурен знак дека набргу Исус ќе се врати да го преуреди царството на Израел во Божјо царство.


  Back
Home
Next