Основи наБиблијата
Студија 5: Божјото царство
Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања

Осврт 15: Буквалноста на царството

Многу буквалните описи на царството дадени во Стариот завет кај пророците се често исмејувани од теолозите и членовите на многу вероисповеди. Се тврди дека јазикот е фигуративен за некое место на награда друго освен земјата, бидејѓи оваа планета ќе биде изгорена.

Во одговор на ова, мора да биде сфатено дека основно правило на библиското учење е оти треба секогаш да ја сфаќаме Библијата буквално освен ако има добра причина да се наметнува духовно толкување. На пр., 1 стих на Отк. ни кажува дека визијата е чисто симболична, кое треба да не води во нашето гледање на тоа. Постои и одредено чувство на склоност и реалност во употребата на јазикот кое може да покаже дали еден пасус е за симболично читање или не. Така кога читаме за земјата дека се тетерави како пијан човек (Иса.24:20); е јасно од видот на употребениот јазик дека е наменето за симболично читање. Напротив пак, јазикот користен во опишувањето на идното царство е многу лесен за буквално разбирање; нема навестување дека треба да го сфатиме симболично.

Би произлегло дека заради човечката неспособност да собере доволно вера за верување дека такво време навистина ќе дојде на земјава, создадоа теории кои го објаснуваат тоа. Нивната алтернатива за едно духовно, или небесно темелено царство, е неодредена со недостиг на детали, затоа има малку и за верување, и малку вера или се бара, или поттикнува. Ако во суштина описите на излечените сакати луѓе, или пустините направени плодни, се само симболични, тогаш прашањето мора да биде одредено и убедливо одговорено: "симболични на што?" Тие пасуси го опишуваат Божјото царство. Доколку сме несигурни што точно тие симболизираат, тогаш не го познаваме евангелието (‘благовестието’) за царството, и затоа не може да очекуваме никакво место во него.

Понатаму, треба да е прилично јасно од сите докази дадени досега, дека Бог има една вечна цел со човекот врз оваа земја; Тој не би ја уништил планетата која му е ветена на семето Авраамово засекогаш. Затоа треба да очекуваме дека ќе има буквални описи во Библијата за идното царство на земјава. Следниве пасуси го потврдуваат тоа:

-"Он, Бог, Кој и даде облик на земјата и Кој ја создаде; Он ја зацврсти, не ненадејно ја создаде; Он ја создаде за живеење" (Иса.45:18). Создавањето на земјата би било ненадејно (залудно) доколку Бог ја уништи; но напротив, Божјата намера е да ја насели со бесмртници.

-"Земјата си постои секогаш" (Проп.1:4).

-"Ги постави засекогаш (елементите на соларниот систем) и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат" (Пс.148:6).

Времетраењето на милениумот од 1000 год., по записот во Отк.20:4, треба исто да се прифати буквално, за да се усогласи со другите заклучувања од пророштвата во врска со природата на тој период. Па, и во Откровението, не е обврзно секој број да се сфати фигуративно. Многуте препораки таму како "една третина" е очит пример. Многу значајно, милениумот е опишан во Евреи 4:4-9 како еден саботен ден за одмор. Со Бога "еден ден е како илјада години" (2Пет.3:8). По 6 ‘дена’ од по 1000 години во Божјата цел со земјата, ќе дојде саботниот 'ден' на милениумот.

Према библиската дата на создавање, 6000 години (т.е. шест 'дена') од создавањето не носи во 2000 н.е. (т.е. создавањето беше околу 4000 п.н.е. ). Тоа може да значи дека почетокот на милениумот може да е околу 2000 н.е. За сите нас времето е ограничено. Соочени со очекувањето на Христовото рано враќање, треба да го искористиме секој можен момент во овој краток живот да се подготвиме за неговото доаѓање.


  Back
Home
Next