Основи наБиблијата Студија 5: Божјото царство Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања |
5.3 Царството Божјо во минатотоЦарството Божјо е идната награда за верниците. Како такво, нивниот поттик е да живеат живот предан на копирање на примерот Христов, нешто што ќе содржи кратко страдање и неудобност. И затоа е за очекување дека сите денови ќе ги поминуваат во се поголема желба да се почитува и разбира чудесноста на тој иден век. Тој ќе биде збир на сите нивни духовни стремежи, и полното објавување на Богот кого го засакаа за свој Отец. Писмото обилува со подробности на што би наликувало царството, и ќе се најде за доживотна работа да се откријат само некои од нив. Еден начин преку кој можеме да разбереме некои од основните начела на тоа идно царство е да увидеме дека царството Божјо постоело порано во облик на народот израелски. Тоа царство ќе се преуреди по Христовото враќање. Многу од Библијата ни дава податоци во врска со народот на Израел, за воглавно да сфатиме, како Божјото идно царство ќе биде организирано. Бог е често опишуван како "Царот на Израилот" (Иса.44:6 ср. Иса.41:27; 43:15; Пс.47:2; 88:18; 149:2); следува дека народот на Израел беше Негово царство. Тие станаа Божјо царство со влегувањето во еден завет со Него на гората синајска, кратко откако излегоа од Египет низ Црвеното море. Во одзив на нивната волја да го држат тој завет тие беа Божјо "царство... и народ свет" (Исх.19:5,6). Вака "Кога Израилот излезе од Египет... Израилот (беше) област Негова" или царство (Пс.113:1,2). После влегувањето во тој договор, Израел патуваше низ синајската пустина и се смести во ветената земја хананска. Бидејќи Бог им беше Цар, тие беа управувани од ‘судии’ (пр. Гедеон и Самсон). Овие судии не беа цареви, туку божествено водени управници кои управуваа со одредени делови на земјата наместо да владеат со целата земја. Тие често беа воспитувани од Бога за одредени цели, пр. да го водат Израел во покајание и избавување од нивните непријатели. Кога Израелците го прашаа судијата Гедеон да им биде цар, тој одговори: "(јас не) ќе владеам со вас... Господ нека владее со вас" (Суд.8:23). Последниот судија беше Самуил. Во негово време Израелците побараа човечки цар за да бидат како околните народи (1Цар.8:5,6). Низ цела историја, вистинскиот Божји народ беа искушувани да ја потценуваат блискоста на својот однос со Бога, и да го жртвуваат тоа за една појава на сличност со околниот свет. Тие искушенија се најакутни во нашиов сегашен свет. Бог се пожали на Самуил: "Тие... ме отфрлија Мене, за да не царувам над нив" (1Цар.8:7). Сепак, Бог им додели цареви, почнувајќи со злобниот Саул. После него дојде праведниот Давид, и цела линија цареви потекнаа од него. Духовно посвесните цареви сфатија дека Израел беше се уште Божјо царство, иако го отфрли Неговото царување. Тие затоа признаа дека го управуваат Израел во Божјо име а не по свое право. Познавањето на ова начело ни овозможува да најдеме смисла во описот на Соломон, Давидовиот син, кој владееше на Божјиот "престол за цар пред Господа, твојот Бог" (2Лет.9:8; 1Лет.28:5; 29:23). Соломоновото владеење во голем мир и напредок посочуваше кон (или го ‘претставуваше’) идното Божјо царство. Затоа е истакнато дека тој беше цар на Израел во Божјо име, исто како што и Исус ќе седне на Божјиот престол како израелски Цар за Бога (Мт.27:37,42; Јв.1:49; 12:13). Многу од праведните цареви запишани во Стариот завет уживаа владеења кои беа типични за Христовото идно царство. Како што изгради Соломон храм за Бога во Ерусалим, така исто и Христос ќе изгради во идното царство (види Јез.40-48). Како што Језекија и Соломон примаа подароци и почести од околните народи (3Цар.10:1-4; 4Цар.20:12), и земјата на Израел виде благослов со силна плодородност и напредок (3Цар.10:5-15; Иса. 37:30), така и во Христовото ширум световно царство истите нешта ќе бидат видени на далеку повисоко ниво. БРАК Во пркос на добриот почеток на Соломон, уште прилично млад тој направи грешки со своите брачни врски кои напредно му ја исцрпуваа духовната снага како што старееше. "Цар Соломон засака... и многу жени- туѓинки- Моавки, Амонитки, Идумејќи... од оние народи, за кои Господ им беше рекол на Израилевите синови: не влегувајте при нив, и тие да не влегуваат при вас, за да не го приклонат срцето ваше кон своите богови. Кон нив се прилепи Соломон со љубовта своја... и неговите жени го развратија срцето негово. Кога Соломон остаре, неговите жени го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ... И Соломон го вршеше она, што беше неугодно пред очите на Господа, и не го следеше наполно Господа... И Господ се разгневи на Соломона... Тогаш Господ му рече... Ќе го одземам царството од тебе" (3Цар.11:1-11). Соломоновото лизгање во отпадништво беше животно долг процес. Неговите врски со жени кои не го делеа неговото знаење за израелскиот Бог го одведоа во наклоност на нивните лажни богови. Љубовта кон неговите жени значеше дека не ги гледаше веќе тие богови за духовни перверзии на стварниот Бог што тие и беа. Со време, неговото срце не беше веќе богослужно на израелскиот Бог. "Неговото срце не беше наполно предадено", т.е. совеста веќе не го грижеше при богослужење на лажни богови. Недостигот на предаденост со цело срце кон вистинскиот Бог беше "неугодно пред очите на Господа", и исходи во раскинување на Божјата врска со Соломон. На Израел му беше повторувано да не се женат со жените од околниот свет (Исх.34:12-16; Исус 23:12,13; 5Мој.7:3). Со крштевањето во Христа ние постануваме духовен Израел. Ако сме самци, треба да се венчаваме само во духовниот Израел, "во... Господа" (1Кор.7:39)- т.е. со други крстени верници "во Христа". Ако сме веќе венчани во време на нашето крштевање, не треба да се разделуваме од нашите жени; брачниот однос ни е осветен со причина на нашата вера (1Кор.7:12-14). Свесното венчавање со оние кои не го познаваат вистинскиот Бог, долгорочно, би одвело до отпадништво. Соломон очито неуспешно ја процени важноста на Божјото предупредување за тие жени: "Засигурно ќе го одвратат вашето срце" (3Цар.11:2; (евр. текст) Исх.34:16). Само натприроден степен на самоконтрола и упорно покајување можат да не направат исклучок во тоа правило. Порано покажавме како православното христијанство не ја цени еврејската основа на христијанската надеж; тие не го познаваат вистинскиот Бог на Израел. Влегувањето во брак со такви луѓе нормално води кон постепено отпаѓање од величенствените доктрински вистини кои се темели на нашето спасение. Затоа Исак и Јаков отидоа до необични далечини по сопруги кои исправно ја држеа вистинската вера, Исак дури чекаше до 40 години старост да ја најде вистинската жена (Бит.24:3,4; 28:1). Бедотијата на Ездра и Неемија, кога слушнаа дека некои од Евреите се венчале со неЕвреи понатаму ја покажува озбилноста на тоа прашање (Ездра 9:12; Неем.10:29,30). Ние го покренавме тоа прашање сега за да потикнеме одразително размислување; за бракот е подробно расправано во студија 11.4. БОЖЈИОТ СУД Во исход на Соломоновото отпадништво, царството на Израел беше поделено на две; синот на Соломон, Ровоам, управуваше врз племињата на Јуда, Венијамин и половина од племето на Манасиј, додека Јеровоам управуваше врз другите 10 племиња. Тоа десетплеменско царство беше наречено Израел, или Ефрем, а другото двоплеменско беше наречено Јуда. Луѓето од сите тие племиња, воглавно, го следеа лошиот пример на Соломон, тврдеа верување во вистинскиот Бог, а истовремено ги обожаваа идолите од околните народи. Повторно Бог се зазеде за нив, преку пророците, да се покајат, но бескорисно. Затоа ги казна со изведување од царството на Израел во земјите на нивните непријатели. Тоа беше со асирската и вавилонската инвазија на Израел и нивното одведување во заробеништво: "Ти (Боже) одлагаше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух (Слово), преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи (околни) народи" (Неем.9:30). Десетплеменското царство на Израел воопшто немаше добри цареви. Јеровоам, Ахав, Јоахаз и.т.н. се сите запишани во книгата Царства како идолопоклоници. Последниот цар им беше Осиј, за чие владеење Израел беше поразен од Асирија и десетте племиња одведени во заробеништво (4Цар.17). Од таму тие никогаш не се вратија. Двоплеменското царство на Јуда, имаше некои добри цареви (пр. Језекиј и Јосиј), сепак повеќето беа зли. Заради повторуваните гревови на луѓето, Бог го преврте Јуда за Свое царство во владеењето на нивниот последен цар, Седекиј. Тоа се направи со вавилонската инвазија, и беа одведени во заробеништво во Вавилон (4Цар.25). Тие останаа таму 70 години, после кои, некои се вратија во Израел под водството на Ездра и Неемија. Тие никогаш повеќе немаа свој цар, беа управувани од Вавилонците, Грците и Римјаните. Исус беше роден за време на римското управување. Заради израелското отфрлање на Исус, Римјаните ги нападнаа во 70 н.н.е. и ги растераа низ светот. Тек во минатите 100 години тие почнаа да се враќаат. Така објавувајќи го враќањето Христово (види Додаток 3). Јез.21:25-27 го прорече крајот на Божјото царство како што е видено во народот на Израел: "А ти, недостоен, престапни водачу Израилев (т.е Седекиј), тебе денес ти дојде денот... Така вели Господ Бог: Симни ја од себе круната и извади го венецот (т.е Седекиј ќе престане да царува), и веќе не ќе го имаш... Ќе го уништам, ќе го уништам, ќе го уништам- и нема веќе да го има, се додека не дојде Оној, Кому тој Му припаѓа, и нему ќе Му го дадам". Пасус по пасус во пророците се оплакува завршувањето на Божјото царство (Ос.10:3; Плач 5:16; Јер.14:21; Дан.8:12-14). Трикратното 'уништување' во Јез.21:25-27 се однесува на трите инвазии од Навуходоносор, царот на Вавилон. Внимателниот ученик ќе види во овие стихови друг пример за како царството Божјо и царот се поистоветувани; превратот на Седекиј беше оној на Божјото царство (види оддел 5.2). Така Божјото царство, какво што беше во народот на Израел заврши: "Јас... ќе го укинам царството на Израилот" (Ос.1:4). "И нема веќе да го има се додека..." вметнува дека царството ќе се обнови кога ќе "дојде Оној, Кому то(а) Му припаѓа, и нему ќе Му го дадам", Бог ќе му го даде на Исуса "престолот на Неговиот татко Давида... и царството Негово нема да има крај" (Лк.1:32,33)- по Христовото враќање. Значи тогаш, ветувањето за обновување на царството ќе биде исполнето. ОБНОВУВАЊЕТО НА ИЗРАЕЛ Има една мошне силна тема низ старозаветните пророци за обновувањето на Божјото царство по враќањето на Месија. Христовите ученици беа добро приспособени во тоа: "тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилово?" т.е ‘дали Јез.21:27 ќе се исполни сега?’ Исус рече дека точното време на неговото второ доаѓање никогаш нема да го знаат, иако ангелите веднаш потоа ги уверија дека тој ќе се врати некогаш (Дела 1:6-11). Обновувањето на царството Божјо/Израел ќе биде значи во II доаѓање. Така Петар проповедаше дека Бог ќе го прати "претскажаниот Исус Христос, Кого небото треба да Го прими (т.е треба да биде таму) до она време, кога ќе се изврши се, што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци" (Дела 3:20,21). II доаѓање ќе го донесе преуредувањето на Божјото царство како обновување на старото царство на Израел. Обновувањето на царството е навистина темата на ‘сите Божји пророци’: -"И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне (Исус) со верност, во Давидовиот шатор (во второто доаѓање- Лк.1:32,33), судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие" (Иса.16:5). -"Во оној ден ќе ја подигнам паднатата скинија Давидова (т.е. Давидовиот ‘престол’ од Лк.1:32,33), ќе ги пополнам пукнатините нејзини, срушеното ќе го подигнам и ќе ја средам како во поранешните дни" (Амос 9:11). Последната фраза е јасниот јазик на обновувањето. -"И синовите негови (израелски) ќе бидат како порано, и собранието негово ќе стои пред Мене" (Јер.30:20). -"Господ пак ќе го избере Ерусалим" (Зах.2:12), и ќе го направи престолнина на Своето ширум-световно царство (ср. Пс.47:2; Иса.2:2-4). -"Ќе ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израилот и ќе ги зацврстам како порано... пак ќе се слуша... глас од веселба... бидејќи Јас ќе ги вратам заробените од оваа земја во нивната поранешна состојба... во ова место (Ерусалим)... пак ќе има живеалишта на пастири... пак ќе врват стада" (Јер.33:7-13). Враќањето Христово да го воспостави тоа царство е вистина "надежта на Израил" со која треба да се поврземе во крштевање. |