Основи наБиблијата Студија 5: Божјото царство Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања |
5.5 МилениумотПри оваа точка на нашата студија за животот во царството, внимателниот читател веројатно се прашува, 'не е ли оваа слика на царството Божјо прилично човечна?' Луѓето во царството се уште ќе имаат деца (Иса.65:23) и ќе умираат (Иса.65:20). Луѓето пак ќе имаат спорови кои ќе ги решава Христос (Иса.2:4), и се уште ќе треба да ја обработуваат почвата за да преживеат, макар што тоа ќе биде многу полесно него сега. Сето тоа ни од далеку не е до ветувањата дека праведните ќе имаат вечен живот, и Божја природа, и дека ќе бидат еднакви со ангелите, кои ниту се венчаваат ниту се множат (Лк.20:35,36). Одговорот лежи во фактот дека 1 дел од царството Божјо ќе трае 1000 години- еден милениум (види Отк.20:2-7). За време на тој милениум ќе има две групи на луѓе на земјата: 1. Светците- оние од нас кои го следеа Христа достојно во овој живот, на кои ќе им се даде вечен живот кај судот. Забележи: 'светец' значи 'повикана' особа, и се однесува на било кој вистински верник. 2. Обичните, смртници кои не го познаваа евангелието во времето на Христовото враќање- т.е не беа одговорни на судот. Кога Христос ќе дојде, од двајца на нива, едниот ќе се земе (на суд), а другиот ќе се остави (Лк.17:36); оние ‘оставените’ ќе бидат втората група. Со добивањето Божја природа кај судот, светците ќе бидат оневозможени да умираат и да имаат деца. Описите за луѓето кои ќе ги прават тие работи во царството, мора значи да се однесува на втората група- оние кои се затекнати живи во времето на враќањето Христово, но кои не ги познаваа Божјите барања. Наградата на праведните е да бидат "цареви и свештеници" и да царуваат на земјата (Отк.5:10). Царевите треба врз некого да царуваат; оние кои не го познаваат евангелието, во времето на II доаѓање значи ќе се остават живи за да се владее со нив. Со тоа што ќе сме ‘во Христа’ ние ќе ја делиме неговата награда- да биде цар во светот: "кој победува... нему ќе му дадам власт над (народите), и ќе ги пасе со жезал железен... како што и Јас примив власт од мојот Отец" (Отк.2:26,27). Христовата парабола за парите сега си доаѓа на место- верните слуги беа наградени со 10 или 5 градови за управување во царството (Лк.19:12-19). Знаењето за Божјите начини нема да се прошири веднаш по Христовата објава за цар во Ерусалим; луѓето ќе одат во Ерусалим за да дознаат повеќе за Бога (Иса.2:2,3). Припомнете исто, како гората во Дан. 2:35,44 (што го претставува царството Божјо) постепено се шири преку земјата. Должност на светците ќе биде да го шират знаењето за Бога а со тоа и за Неговото царство. Кога Израел беше порано Божје царство, должност на свештениците беше да го научуваат знаењето за Бога (Мал.2:5-7). За таа цел тие беа поставени во различни градови низ Израел. Во многу повеличенственото преуредено царство, светците ќе ја преземат таа улога (Отк.5:10). Кога би дошол Христос денес: 1. Одговорните мртви ќе бидат воскреснати и заедно со одговорните живи, одведени кај судот. 2. Одговорните зли ќе бидат казнети со смрт, а праведните ќе добијат вечен живот. Ќе се суди и на народите кои му се противат на Христа. 3. Праведните тогаш ќе управуваат врз оние луѓе кои се затекнати живи, но не се одговорни на Бога; тие ќе ги учат на евангелието како "цареви и свештеници" (Отк.5:10). 4. Тоа ќе трае 1000 год. За ова време сите смртници ќе го слушаат евангелието и со тоа ќе се одговорни на Бога. Тие луѓе ќе живеат многу подолг и посреќен живот. 5. На крајот на милениумот ќе има востание против Христа и светците, кое Бог ќе го сопре (Отк.20:8,9). 6. На крајот од тие 1000 год., сите оние кои умреле за тоа време ќе бидат воскреснати и судени (Отк.20:5,11-15). 7. Злите меѓу нив ќе бидат уништени, а праведните ќе ни се придружат со примањето вечен живот. Божјата цел со земјата тогаш ќе биде завршена. Ќе биде исполнета со бесмртни, праведни суштества. Божјото име ‘Јахве Елохим’ (што значи 'Тој кој што ќе биде откриен во групата на моќни единки') тогаш ќе биде исполнето. Никогаш веќе гревот, значи и смртта, не ќе се искусат на земјата; ветувањето дека семето змиино ќе биде сосема уништено со удар по глава, ќе биде тогаш целосно исполнето (Бит.3:15). За време на милениумот, Христос ќе владее "додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели. А најпоследниот враг за уништување е смртта... Кога, пак, ќе Му биде потчинето се, тогаш и самиот Син ќе Му се потчини на Овој, Кој Му потчини се, за да биде Бог се во се" (1Кор.15:25-28). Тоа е, "крајот, кога (Христос) ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството" (1Кор.15:24). Што ќе следи во периодот кога Бог ќе биде "се во се" не ни е кажано; се што знаеме е дека ќе имаме вечен живот, Божја природа, и ќе живееме да Го славиме и да Му угодуваме. Може само да се претпоставува понатака каква би била состојбата по милениумот. Разбирањето на "евангелието на царството Божјо" е битно за спасението на секој читател на овие зборови. Ви нудиме да ја прочитате оваа студија и погледнете во цитираните библиски пасуси.
Бог не посакува во Своето царство. Целата намера Му беше направена за да имаме вистински удел во тоа, а не само да ја изрази Својата творечка способност. Крштевањето не поврзува со ветувањата за тоа царство. Тешко е да се верува дека крштевањето, проследено со неколку години понизна послушност кон Божјото слово, ни овозможува влез во тој величенствен, вечен век. Сепак нашата вера во Божјата широка љубов, мора да е цврста. Какви и да биле нашите краткорочни проблеми, сигурно немаме никаква логична причина за отпор на повикот на евангелието. "Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?" (Рим.8:31). "Страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас" (Рим.8:18). "Нашите сегашни лесни страдања ни донесуваат во голема изобилност вечна и полна слава" (2Кор.4:17). |