Основи наБиблијата
Студија 5: Божјото царство
Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања

5.4 Царството Божјо во иднина

Одделите 1 и 3 од оваа студија понудија поприлична информација за тоа какво ќе биде тоа царство. Ние видовме дека на Авраам му беше ветено дека преку неговото семе, луѓе од сите краеви на светот ќе бидат благословени; Рим.4:13 го проширува значењето дека целата земја ќе биде наследена од луѓе кои се ‘во’ семето на Авраам, т.е. Христа. Пророштвото за ликот на Даниел 2 објаснува како Христос ќе се врати како малиот камен, и тогаш царството постепено ќе се рашири низ целиот свет (ср. Пс.71:8). Тоа значи дека царството Божјо нема да биде сместено само во Ерусалим или земјата на Израел, како што мислат некои, иако тие подрачја сигурно ќе бидат срцевината.

Оние кои го следат Христа во овој живот ќе бидат "цареви и свештеници; и ќе царуваме на земјата" (Отк.5:10). Ние ќе управуваме со населби од различни големини и број; еден ќе управува врз десет градови, другиот врз пет (Лк.19:17). Христос ќе ја дели неговата власт на земјата со нас (Отк.2:27; 2Тим.2:12). "Ете, царот (Исус) ќе царува по правда, а кнезовите (верниците) ќе управуваат по закон" (Иса.32:1; Пс.44:16).

Христос ќе владее вечно на Давидовиот преуреден престол (Лк.1:32,33), т.е. ќе го има Давидовото место и положба на власт, кое што беше во Ерусалим. Бидејќи Христос ќе владее од Ерусалим, тоа ќе биде престолнината на идното царство. И во таа област ќе биде изграден храмот (Јез.40-48). А луѓето ќе го слават Бога во различни места низ светот (Мал.1:11), тој храм ќе биде средишната точка на световното богослужење. Народи "ќе доаѓаат од година во година за да се поклонат на Царот, на Господа Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници" околу храмот во Ерусалим (Зах.14:16).

Ова годишно ходочасништво во Ерусалим е проречено и во Иса.2:2,3 : "Во последните дни гората (царството-Дан.2:35,44) на домот (храмот) Господов ќе биде поставена на врвот од планините (т.е. Божјото царство и храм ќе бидат издигнати над царствата човечки)... ќе појдат кон неа сите народи. Ќе тргнат многу народи и ќе речат: Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бога Јаковов; Он ќе не научи на своите патишта... зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим- словото Господово". Тоа изгледа дека е една слика од раните денови на царството, каде луѓето го шират знаењето на Христовото владеење на други, и одат горе на ‘гората’ од Божјото царство, кое полека ќе се шири низ светот. Тука имаме една слика на вистински ентузијазам во религиозно обожавање.

Една од најголемите човечки трагедии денес е што повеќето луѓе го ‘обожаваат’ Бога од политички, социјални, традиционални или емотивни причини, наместо врз основите на едно вистинско разбирање за Него како нивен Отец и Творец. Во царството ќе има световно одушевување да се научат патиштата Божји; луѓето ќе се толку поттикнати од таа желба што ќе патуваат од сите краишта на земјата во Ерусалим за да дознаат за Бога.

Наместо збунетоста и нечесноста создадени од човечките правни системи и управата на правда, ќе има општ правен систем- "законот и словото Господово", што ќе се објави од Христа во Ерусалим. "Сите народи ќе појдат" на тие учевни седници, вметнувајќи дека таа општа желба да се најде вистинското знаење за Бога ќе ја олесни природната затегнатост меѓу народите, како што прави меѓу поединците кои се предале на здобивање такво знаење во овој живот.

Овој опис за сите народи кои поаѓаат (изв. 'течат') кон Ерусалим е сличен со сликата претставена во Иса.60:5, каде Евреите се собираат заедно со народите (неЕвреи) да го обожаваат Бога во Ерусалим. Тоа се поврзува совршено со пророштвото за царството во Зах.8:20-23:-

"Ќе доаѓаат народи и жители од многу градови, и ќе дојдат жителите од еден град при жителите во друг град, па ќе речат: да одиме (A.V.mg- ср. Зах.14:16 'од година во година') да се помолиме пред лицето на Господа и да Го побараме Господа Саваота; тогаш секој ќе рече- ќе одам и јас. И ќе доаѓаат многу племиња и народи силни, за да го бараат Господа Саваота во Ерусалим... (десетмина ќе владеат со сите народни јазици, па ќе ја фаќаат полата од оној кој е Евреин, велејќи, ќе одиме со тебе, зашто слушнавме дека Бог е со вас"- евр. текст)".

Ова создава слика за еврејскиот народ направен "глава, а не опашка" на народите, заради нивното покајување и покорност (5Мој.28:13); еврејските основи на Божјиот план за спасение тогаш ќе ги увиде секој. Непознавањето на тоа меѓу денешното христијанство тогаш ненадејно ќе заврши. Луѓето тогаш со жар ќе расправаат за тие работи, за да можат да им речат на Евреите, "слушнавме дека Бог е со вас". Разговорот тогаш ќе се одвива околу духовни работи, наместо суетните илузии кои го исполнуваат денешното светско мислење.

Со дадената голема обврска на побожност, не е за изненадување што Христос "ќе им суди... на народите... ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна" (Иса.2:4). Апсолутната власт на Христос и целосната правда на неговата арбитража во спорови ќе изроди во народите волја за промена на нивното оружано производство во агрокултурна машинерија, и напуштање на сите воени обуки. "Во Негово време ќе зацари правда" (Пс.71:7) духовноста тогаш ќе биде возвишена, и ќе се оддава почит на оние кои ги одразуват Божјите одлики на љубов, милост, правдина и.т.н. Споредете го тоа со сегашната возвишеност на поносот, самопотврденоста и себичниот стремеж.

Волноста за прековување "мечеви во плугови" ќе биде дел од една многу поголема агрокултурна промена на земјата. Во исход на Адамовиот грев, почвата беше проколната заради него (Бит.3:17-19), со исход дека голем напор е сега потребен да се добие храна од неа. Во царството "ќе има грст жито во земјата на врвот на (еднаш неплодните) планините; плодот од тука ќе се тресе како (приносите) од Либан" (Пс.71:16 евр. текст). "Орачот ќе го затече жетварот и оној што гази грозје- сејачот; и горите ќе пуштат гроздов сок" (Амос 9:13), таква ќе биде подобрената плодност на земјата, и олеснатата клетва врз почвата изјавена во Едем.

Тоа големо агрокултурно претпријатие ќе опфаќа многу луѓе. Пророштвата за царството даваат впечаток дека луѓето ќе се вратат на еден самодостатен, агрокултурен животен стил:-

"Секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши" (Мих.4:4).

Таа самодостатност ќе ги премавне злоупотребите кои се составен дел од секој систем на вработувањето платен труд. Каде се проведува цел животен век во работа за да се обогатат други, тоа ќе биде минато.

"Ќе градат куќи и ќе живеат во нив (самите тие), ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат за да живее друг, нема да садат за да јаде друг... моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои. Нема да се трудат напразно..." (Иса.65:21-23).

Иса.35:1-7 содржи ненадминливо пророштво како неплодната почва ќе се измени, што ќе исходи во аура на радост што скоро ќе се цеди од почвата, заради полесниот и подуховниот начин на живот на оние кои ја работат:

"Ќе се развесели пустината... и ненаселената земја ќе се зарадува и ќе расцути како крин; ќе се радува, ќе ликува и ќе се весели... води ќе бликнат во пустината, и потоци во степите. И водниот привид ќе се претвори во езеро". Дури и природната агресивност меѓу животните ќе се отстрани: "волк и јагне ќе пасат заедно", а децата ќе можат да играат со змии (Иса.65:25; 11:6-8).

Исто како што клетвата беше поставена врз природното создание ќе биде многу олесната, како и она што беше изречено врз човечкиот род. Така Отк.20:2,3 говори во симболичен јазик за ѓаволот (гревот и неговиот учинок) кој ќе биде ‘врзан’ или притворен за време на милениумот. Животниот век ќе биде зголемен, така што ако некој умре на 100 годишна старост ќе биде сметан тек за дете (Иса.65:20). Жените со помалку мака ќе раѓаат деца (Иса.65:23). "Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее" (Иса.35:5,6). Поради чудесните духовни дарови кои ќе се повторно во посед (ср. Евр.6:5).

Не може да се преистакне дека царството Божјо не треба да се гледа како рајски остров, каде што праведните ќе уживаат како некои луѓе што уживаат во сончање и капење во природните богатства. Основната намена на царството Божјо е да се оддава слава на Бога, додека земјата се преполни со Негова слава "како што водите го исполнуваат морето" (Авак.2:14). Тоа е Божјата крајна цел: "Но жив сум Јас... и целата земја ќе се исполни со славата Господова" (Бро.14:21). Славата кон Господа значи дека жителите од земјата ќе ги почитуваат, возвишуваат и имитираат Неговите праведни својства; бидејќи светот ќе биде во таква состојба, Бог ќе допушти и физичката земја да го одразува тоа. Вака "кротките ќе ја наследат земјата (во царството) и ќе се насладуваат во изобилен (духовен) мир" (Пс.36:11), наместо да уживаат во лагоден живот. Оние "гладните и жедните за правда... ќе се наситат" во царството (Мт.5:6).

Самата помисла за имање вечен живот во царството често се користи како 'морков' да се наведат луѓето на еден интерес во христијанството. Меѓутоа, нашето поседување на тоа тогаш, ќе биде скоро случајно покрај вистинската причина за нашето присуство во царството, а таа е да се слави Бог. Во времето што ни преостанува по нашето крштевање, нашето ценење на тоа треба постојано да се развива.

До писателот, само десет години живот во радост и крајно совршенство и добра совест во Бога би вределе за сета траума на овој живот. Дека таа величенствена положба би траела вечно едноставно го завејува паметот, и води вон границите на човечкото поимање.

Дури и кога се гледа во малку подословни изрази, да се биде во Божјото царството треба да ни е врвна поттик да се презрат светските предимства и материјализмот. Наместо неумереното размислување за непосредната иднина, Исус советуваше, "барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде" (Мт.6:30-34). Се она што сега можеме да замислеме и настојуваме е неспоредиво со крајното исполнување да се биде во Божјото царство.

Ние треба да ја бараме ‘Божјата праведност’, т.е да се обидеме да развиваме љубов за Божјиот карактер, што значи дека ќе сакаме да сме во Божјото царство заради праведноста што ќе биде славена таму, бидејќи сакаме да бидеме морално совршени, а не само затоа што, лично, сакаме да ја избегнеме смртта и да живееме лесен живот во вечност.

Пречесто надежта на евангелието е дадена на начини кои повикуваат на човековата себичност. Јасно, нашата мотивација да бидеме во царството силно варира од ден на ден. Она што предлагаме е еден идеал; нашиот прв приоритет е да го научиме евангелието и да ја покажеме подложноста на него во крштевање, поттикнати од љубов за покорност на Бога. Нашето увидување, на надежта која Бог ни ја нуди и точните причини за желбата да сме во царството, ќе расте и созрева по крштевањето.


  Back
Home
Next