Основи наБиблијата Студија 9: Победата на Исус Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања |
Осврт 28: РаспетиетоРаспространето е верувањето во христијанството дека Исус Христос бил убиен на крст. Меѓутоа, грчкиот збор 'стаурос', кој е обично преведуван 'крст' во Библијата, всушност значи кол/столб или јарбол. Всушност круцификсниот симбол веројатно има паганско потекло. Се совпаѓа дека Христос умрел со рацете кренати врз неговата глава, а не раширени во вид на круцификс, бидејќи нагоре кренатите раце се еден симбол на Божјите ветувања дека се потврдени (Јез.20:5,6,15; 36:7; 47:14), како и упорната молитва (Плач 2:19; 1Тим.2:8; 2Лет.6:12,13; Пс.27:2) со која што беше зафатен Христос на крстот (Евр.5:7). Тој рече, како што бронзената змија беше крената на столб кога Израелците беа во пустината, така и тој ќе биде јавно кренат за време на своето умирање; така поврзувајќи го 'крстот' со столбот (Јв.3:14). Римокатоличката црква придава големо мистично значење на крстот. Тоа е целосно без библиска поддршка; што исходи во распетието да стане еден талисман, физички знак дека Бог е со нас. Луѓето почнаа да мислат дека со носење на круцификсот или редовно крстење, Бог ќе биде со нив. Тоа е само симболизам; вистинската сила на крстот е преку поврзувањето на Христовата смрт со вера и крштевање, наместо оповикувањето на физичкиот облик на крстот. Ова последново се разбира е полесно. |