Основи наБиблијата Студија 9: Победата на Исус Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања |
9.1 Победата на ИсусПретходната Студија изложи како Исус ја имаше нашата човечка природа и беше искушуван на грев исто како и нас. Разликата помеѓу него и нас е тоа што тој целосно го совлада гревот; иако имаше грешна природа, тој секогаш покажуваше совршен карактер. Чудесноста на ова би требало бескрајно да не инспирира како што се повеќе го цениме тоа. Има повторувани новозаветни истакнувања за Христовиот совршен карактер: -Тој беше "искусил се како и ние, освен грев" (Евр.4:15). -Тој "не знаеше грев". "Грев во Него нема" (2Кор.5:21; 1Јв.3:5). -"не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама" (1Пет.2:22). -"Свет, незлобив, непорочен, одвоен од грешниците" (Евр.7:26). Записите на евангелието покажуваат како неговите пријатели увиделе дека совршеноста извира од неговиот карактер, покажана во неговите зборови и дела. Жената на Пилат увиде дека е тој ‘праведник’ (Мт.27:19), кој не заслужува казна; римскиот војник кој го гледаше Христовото држење додека висеше на крстот мораше да коментира, "Навистина Овој Човек бил праведник" (Лк.23:47). Порано во неговиот живот, Исус ги предизвика Евреите со прашањето "Кој од вас може да Ме укори за неправда?" (Јв.8:46). На ова немаше никаков одговор. Поради својот совршен карактер, Исус беше објавата Божја во тело (1Тим.3:16); се однесуваше и говореше онака како што би правел Бог кога би бил човек. Тој беше према тоа совршениот одраз Божји, "образ на невидливиот Бог" (Кол.1:15). Затоа нема никаква потреба смртниците да го видат физички Бога. Како што објасна Исус, кој "Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: Покажи ни Го (физички) Отецот?" (Јв.14:9). Живеејќи во грешниот свет, напаствувани од грев во самата наша природа, тешко е да ја увидеме потполната и бескрајна Христова духовна врвност; дека еден човек од нашата природа може целосно да ја открие праведноста Божја во својот карактер. Верувањето во тоа бара голема вера а не само прифаќање на теолошката идеја дека Христос бил самиот Бог; разбирливо е дека лажните учења на тројството и 'Божественоста Христова' се толку славни, бидејќи се лесни за прифаќање. Бидејќи ја имаше нашата природа, Христос мораше да умре. Тој беше потомок Адамов преку Марија, и сите Адамови деца мора да умрат (1Кор. 15:22). Сите потомци на Адам мораа да умрат поради неговиот грев, без оглед на нивната лична праведност: "Смртта, пак, царува... преку престапувањето, на еден (Адам) изумреа мнозина... судењето (на сметка) за еден (Адамов) престап води кон осудување (на смрт)... преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни", и према тоа мораа да умрат (Рим.5:14-19 ср. 6:23). Како потомок на Адам, Христос 'стана грешник' и затоа мораше да умре, како што беа и сите потомци на Адам класификувани како грешници вредни за смрт поради неговиот грев. Бог не го промени тоа начело, Тој допушти да го погоди и Христа. Бог го "направи грев за нас, оној кој не знаеше грев" (2Кор.5:21 изв. текст). Освен Исус, сите потомци на Адам ја заслужуваат таа казна, зошто ние сите сме згрешиле лично. Исус требаше да умре бидејќи беше од наша природа, споделувајќи ја клетвата која дојде врз потомците Адамови. Сепак бидејќи лично не сторил ништо вредно за смрт "Бог Го воскресна, откако Го ослободи од врските на смртта, бидејќи таа немаше сила да го задржи" (Дела 2:24). Христос беше "посведочен како Син Божји во силата по Духот на осветувањето преку воскресението на мртвите" (Рим.1:4). Така поради Христовиот совршен карактер, неговиот "дух осветен", тој беше славно воскреснат. Христос не умре на крстот само зашто беше од човечка природа. Тој волно го даде својот совршен живот како подарок на нас; тој ја покажа својата љубов за нас умирајќи "за нашите гревови" (1Кор.15:3), знаејќи дека со својата смрт конечно ќе ни стекне спасение од грев и смрт (Еф. 5:2,25; Отк.1:5; Гал.2:20). Бидејќи Исус беше совршен по карактер тој можеше да го совлада исходот на гревот со тоа што ќе биде првата личност за воскреснување од мртвите и давање вечен живот. Сите оние кои се идентификуваат со Христа преку крштевањето и налик-на-Христа начин на живот со тоа имаат надеж на слично воскреснување и награда. Во тоа лежи славното значење на Христовото воскресение. Тоа е ‘уверувањето’ дека ние ќе сме воскреснати и судени (Дела 17:31), и ако сме биле навистина како него, ќе ја споделуваме неговата награда на бесмртен живот, "знаејќи (сигурно), дека Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе не воскресне преку Исуса" (2Кор.4:14; 1Кор.6:14; Рим.6:3-5). Како грешници ние заслужуваме вечна смрт (Рим.6:23). Сепак поради Христовиот совршен живот, покорна смрт и воскресение, Бог може да ни подари вечен живот, во потполна согласност со сите Негови начела. Да ги отстрани ефектите на нашите гревови, Бог "прима оправдание" (Рим.4:6) од нас преку нашата вера во Неговите ветувања за спасение. Ние знаеме дека гревот носи смрт, затоа ако навистина веруваме дека Бог ќе не спаси од неа, мора да веруваме дека Тој ќе не смета за праведни, иако не сме. Христос беше совршен; со тоа што ќе сме навистина во Христа, Бог ќе не смета за совршени, иако лично не сме. Бог го направи Христа "Кој не знаеше грев... место нас Го направи грев, та преку Него да станеме правда Божја" (2Кор.5:21), т.е. да бидеме во Христа преку крштевање и налик-на-Христа живот. Така за оние "во Исуса Христа", тој "за нас стана... правда, и осветување, и откуп" (1Кор.1:30, 31); следниот стих на тој начин не охрабрува да го славиме Христа за големите нешта што ги постигна: "Во Евангелието правдата Божја е откриена, правдата која е од вера" (Рим.1:17, N.I.V.). Увидувањето на овие работи е према тоа нужен дел од познавањето на вистинското евангелие. Сето ова беше овозможено преку Христовото воскресение. Тој беше "првиот плод" од една цела жетва на човечки суштества кои ќе бидат обесмртени преку неговиот успех (1Кор.15:20), ‘првородениот’ од едно ново духовно семејство на кое ќе се даде Божја природа (Кол.1:18 ср. Еф. 3:15). Христовото воскресение према тоа овозможи на Бога да ги смета верниците во Христа за праведни, бидејќи се покриени со неговата праведност. Христос беше "предаден за нашите гревови и воскреснат за наше оправдание" (Рим.4:25), збор кој значи 'да бидеме праведни'. Потребна е една свесна промислена вера во овие работи за да бидеме навистина убедени дека ќе сме сметани од Бога за совршени. Христос ќе не претстави при судот "безгрешни... пред славата Своја", и "свети, непорочни и без вина" (Јуда 24; Кол.1:22 ср. Еф.5:27). Со даденава грешна природа и постојани духовни неуспеси, потребна е цврста вера да се верува во тоа навистина. Кревањето тек рака при едно 'крстосување' или давање академска согласност на една постава од учења не е поврзано со тој вид на вера. Правилното разбирање на Христовото воскресение е тоа што треба да ни ја мотивира верата: Бог "Го воскресна од мртвите... та верата ваша и надежта (на исто воскресение) да ви бидат во Бога" (1Пет.1:21). Само со правилно крштевање во Христос можеме да бидеме "во Христа" и со тоа да сме покриени со неговата праведност. Со крштевањето ние се поврзуваме со неговата смрт и воскресение (Рим.6:3-5), кои се средствата за отпуштање на нашите гревови, со ‘оправдување’, или врачунета праведност (Рим.4:25). Чудесните нешта кои ги зедовме во обзир во овој оддел се прилично вон нашиот дофат освен ако сме крстени. Со крштевањето се поврзуваме со крвта Христова пролиена на крстот; верниците "ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Агнецот" (Отк.7:14). Симболично, тие се тогаш облечени во бели алишта, и ја претставуваат праведноста Христова која им беше врачунета ("се даде" (Отк.19:8)). Можно е тие бели алишта да се извалкаат во исход на нашиот грев (Јуда 23); кога ќе го направиме тоа по крштевањето, треба повторно да ја употребиме крвта Христова да ги испереме со молење на Бога за проштевање преку Христа. Следува дека по крштевањето се уште треба да се бориме да останеме во благословената состојба во која сме влегле. Потребно е редовно, дневно самоиспитување од неколку минути, со молитва и барање на опрост. Така секогаш ќе сме понизно уверени дека, поради покриеноста со Христовата праведност, навистина ќе бидеме во царството Божјо. Треба да се трудиме да бидеме најдени настанати во Христа на денот на нашата смрт или при Христовото враќање, "не со својата... праведност, туку... преку верата во Христа, односно со праведноста од Бога преку верата" (Филип.3:9). Повторуваните истакнувања за верата која исходи во дадена праведност, покажува дека на никој начин не можеме да го заработиме спасението со нашите дела; спасението е од благодат: "зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас- Божји дар е; не е од дела" (Еф.2:8,9). Како што оправданието и праведноста се 'дарови' (Рим.5:17), така и спасението. Нашата мотивација во било кои работи на христијанска служба треба да е према тоа од благодарност за она што Бог направил за нас- сметајќи не за праведни во Христа со што ни нуди пат кон спасение. Кобно е да се расудува дека ако чиниме дела тогаш ќе бидеме спасени. Ние едноставно нема да успееме во здобивањето спасение ако размислуваме вака; тоа е еден дар кој не можеме да го заработиме, само со волниот одзив во длабока благодарност, која ќе се одрази во нашите дела. Вистинската вера произведува дела како еден неизбежен спореден производ (Јак.2:17). |