Основи наБиблијата Студија 9: Победата на Исус Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања |
9.6 СаботатаЕдно од најраспространетите продолженија меѓу сегашните 'христијански' пракси и Мојсеевиот закон има во идејата дека треба да ја држиме саботата. Некои групи тврдат дека би требало да ја држиме еврејската сабота точно како што е опишана во законот; многу други мислат дека христијаните треба да имаат еден посебен ден од седмицата во кој ќе богослужат, кои често го одредуваат како недела. Прва работа за разјаснување е дека саботата беше последен ден од седмицата, кога Бог отпочина по шест дена создавање (Исх.20:10,11). Бидејќи недела е првиот ден од седмицата, би било неисправно да се држи тој ден како сабота. Саботата беше посебен "знак меѓу Мене и нив (Израел), па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува" (Јез.20:12). Како таква, никогаш не беше наменета да ги обврзува неЕвреите. Ние видовме дека преку Христовата смрт на крстот, законот Мојсеев беше отстранет, и дека сега нема потреба за држење на саботата или, всушност, било кој празник, пр. денот на Христовата смрт (Кол.2:14-17). Раните христијани кои се вратиле на држење делови од законот Мојсеев, пр. саботата, се опишани од Павле како враќање "кон слабите и лоши правила, на кои пак сакате одново да им служите. Гледате на деновите (пр. саботата), месеците, времињата и годините (т.е. еврејските празници). Се плашам за вас, да не би случајно залудо да сум се трудел меѓу вас" (Гал.4:9-11). Ова е сериозноста на обидот да се држи саботата, како средство за спасение. Јасно е дека држењето на саботата е неважно за спасението: "Така еден разликува ден од ден (т.е. во духовна значајност), а друг сите денови ги смета еднакви. Секој нека остане уверен во својата мисла. Оној, што ги разликува деновите, ги разликува за Господа; и кој не ги разликува деновите, за Господа не ги разликува" (Рим.14:5,6). Затоа, разбирливо е што не читаме за раните верници дека ја држат саботата. Всушност, запишано е дека тие се состанале на "првиот ден од седмицата", т.е. недела: "во првиот ден од седмицата, кога се беа собрале учениците за да прекршат леб" (Дела 20:7). Дека тоа беше распространета пракса е посочено од Павле кој ги советуваше верниците во Коринт да се собираат "на првиот ден од седмицата" (1Кор.16:2), т.е. на нивните редовни состаноци во тој ден. Сите верници се опишани како свештеници (1Пет. 2:9), кои беа ослободени од држење на саботата (Мт.12:5). Ако ја држиме саботата, треба да го правиме тоа правилно; порано покажавме дека е кобно да се држи законот Мојсеев делумно, бидејќи тоа ќе исходи во наша осуда (Гал.3:10; Јак.2:10). Спасението е преку држењето на законот од Христа наместо оној од Мојсеј. На Израелот не му беше дозволена никаква работа во сабота: "Секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни". Им беше заповедано и: во "ден саботен да не палите оган нигде во живеалиштата ваши", значи им беше забрането да припремаат и храна во тој ден (Исх.35:2,3; 16:23). Еден човек кој собираше дрва во сабота, претпоставуваме за да запали оган, беше казнет со смрт заради тоа (Бро.15:32-36). Оние вероисповеди кои учат дека држењето на саботата е обврска на нивните членови треба према тоа да ги казнат оние членови со смрт кои ќе ја прекршат саботата. Не би требало да има никаво готвење на храна или употреба на оган во било кој облик, пр. возење моторни возила, употребата на грејни системи и.т.н. Православните Евреи даваат еден пример за видот на однесување кој се очекува во сабота: тие остануваат дома цел ден освен за религиозни причини, и лично не се вклучуваат во готвење, превоз и.т.н. Повеќето од оние 'христијани' кои тврдат дека ја држат саботата не се ни оддалеку вакви. Често е расправано дека држењето на саботата беше една од десетте заповеди дадени на Мојсеј, и дека, додека остатокот од законот на Мојсеј беше отстранет, останува обврската да се држат сите 10 заповеди. Седмиот ден адвентисти прават една разлика помеѓу 'моралниот закон' на десетте заповеди и еден таканаречен 'ритуален закон', за кој веруваат дека бил отстранет од Христа. Таа разлика не е учена во Писмото. Ние покажавме дека Стариот завет посочува на законот Мојсеев, кој беше сменет на крстот со Новиот завет. Може да се покаже дека десетте заповеди, вклучувајќи ја и онаа за саботата, беа дел од Стариот завет кој беше отстранет од Христос: -Бог "ви (Израел) го објави заветот Свој, и ви заповеда да ги исполнувате десетте заповеди и ги напиша на две камени плочи" (5Мој.4:13). -Повторно мора да се забележи дека тој завет, основан на десетте заповеди, беше направен меѓу Бог и Изреал а не денешниве неЕвреи. -Мојсеј се искачи на планината Хорив да ги прими камените плочи врз кои Бог ги испиша десетте заповеди. Мојсеј подоцна коментираше околу тоа, "Господ, нашиот Бог, склучи со вас завет на Хорив" (5Мој.5:2), т.е. преку тие 10 заповеди. -Тогаш, Бог "ги напиша врз плочите зборовите на заветот, десетте заповеди" (Исх.34:28). Истиот завет вклучуваше детали од таканаречениот 'ритуален закон' (Исх.34:27). Ако се расправа дека држењето на заветот направен во 10-те заповеди е потребно, ќе мора исто така да се придржуваме на секој детал од целиот закон, бидејќи тоа се е дел од истиот завет. Јасно е дека е неможно да се направи тоа. -Евр.9:4 говори за "плочите на заветот". Десетте заповеди беа запишани на камени плочи, кои го содржеа "заветот (стар)". -Павле говори за овој завет како за "букви, издлабени во камења", т.е. на камени плочи. Го нарекува "служењето на смртта... служењето на осудувањето... она што престанува" (2Кор.3:7-11). Заветот поврзан со десетте заповеди сигурно не може да даде никаква надеж за спасение. -Христос го избриша "ракописниот закон, што беше против нас" (Кол. 2:14) на крстот. Тоа алудира на Божјиот ракопис на 10-те заповеди на камените плочи. Слично говори и Павле за "Законот... бевме мртви... старата буква" (Рим.7:6), веројатно се однесува за буквите на 10-те заповеди кои беа напишани на камени плочи. -Само една од 10-те заповеди е назначена ‘закон’ во Рим.7:7 "Законот... велеше: не похотствувај". Претходните стихови во Рим.7:1-7 истакнуваат дека ‘законот’ е отстранет со смртта Христова; ‘законот’ према тоа ги вклучува 10-те заповеди. Се ова појаснува дека Стариот завет и ‘законот’ ги вклучуваат десетте заповеди. Бидејќи се тие отстранети со Новиот завет, 10-те заповеди се према тоа заменети. Меѓутоа девет од 10-те заповеди се обновени, духовно барем, во Новиот завет. Броевите 3,5,6,7,8 и 9 можат да се најдат во 1Тим.1 сами, а броевите 1,2 и 10 во 1Кор.5. Но никогаш четвртата заповед за саботата не се повторува во Новиот завет како обврзна за нас. Следниов список на пасуси документира понатаму како другите девет се обновени во Новиот завет: 1ва- Еф.4:6; 1Јв.5:21; Мт.4:10 2ра- 1Кор.10:14; Рим.1:25 3та- Јаков 5:12; Мт.5:34,35 5та- Еф.6:1,2; Кол.3:20 6та- 1Јв.3:15; Мт.5:21 7ма- Евр.13:4; Мт.5:27,28 8ма- Рим.2:21; Еф. 4:28 9та- Кол.3:9; Еф. 4:25; 2Тим.3:3 10та- Еф. 5:3; Кол.3:5. |