Основи наБиблијата Студија 9: Победата на Исус Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања |
9.4 Исус како наш претставникНие видовме дека жртвуваните животни не ги претставуваа во целост грешниците. Исус беше наш претставник, во секој поглед "беше во се да личи на браќата" (Евр,2:17). Тој "вкуси смрт за сите" (Евр.2:9). Кога ние ќе направиме грев- пр. се налутиме- Бог може да ни прости заради Христа (Еф.4:32). Ова е поради тоа што Бог може да не спореди со Христа, човек како нас кој беше искушан на грев- пр. да се налути- но кој го совлада секое искушение. Према тоа Бог може да ни го прости гревот- на лутина- зашто сме во Христа, покриени со неговата праведност. Дека е Христос нашиот претставник е према тоа средството по кое Бог може да ни ја покаже Својата благодат, а сепак да ги задржи Своите праведни начела. Ако Исус беше Бог повеќе отколку да бил само од човечка природа, тој не ќе можеше да биде наш претставник. Ова е уште еден пример каде што една погрешна идеја води кон друга. Затоа, теолозите имаат изградено многу сложени начини за објаснување на Христовата смрт. Познатото видување на апостатот христијански е дека човечките гревови го задолжиле него кон Бога а самиот не можел да исплати. Па, Христос го очистил долгот на секој верник со својата крв, пролиена на крстот. Многу во евангелиска сала проповедници се изразиле вака: "тоа беше како да сме сите построени наспроти еден ѕид, штотуку ѓаволот треба да пука во нас. Тогаш Исус јурна внатре; ѓаволот пукаше во него наместо во нас, па така сме сега слободни". Овие разработени теории се без никаква библиска поддршка. Тука е очевидната противречност дека ако Христос умрел наместо нас, тогаш ние не треба да умираме. Пошто ние се уште имаме човечка природа, ние се уште мораме да умреме; спасението од грев и смрт ќе биде конечно откриено при судот (кога ќе ни се додели бесмртноста). Ние ова не го примивме во времето кога умре Христос. Христовата смрт го уништи ѓаволот (Евр.2:14) а не ѓаволот дека го уништил него. Библијата учи дека спасението е можно преку Христовата смрт И воскресение, не само со неговата смрт. Христос "умре за нас" еднаш. Теоријата за замена би значела дека тој требаше да умре лично за секој еден од нас. Ако Христос отплати еден долг со својата крв, нашето спасение постанува нешто што можеме да го очекуваме како едно право. Фактот дека спасението е дар, издејствуван од Божјата благодат и проштевање, се губи од вид ако ја разбереме Христовата жртва како исплата на еден долг. Исто така произлегува дека еден лут Бог се смирил еднаш штом ја видел физичката крв на Исус. Сепак она што Бог го гледа кога ние се покајуваме е Својот Син како наш претставник, кого ние настојуваме да го копираме, наместо да се поврзуваме со Христовата крв како еден талисман. Многу 'христијански' химни и песни содржат едно неверојатно количество на лажно учење во оваа област. Повеќето лажно учење навлегува во човечката свест со музика, наместо рационална библиска подука. Ние секогаш мора да внимаваме на тој вид перење на мозокот. Трагично, едноставните зборови "Христос умре за нас" (Рим.5:8) се грубо и погрешно разбрани дека значат Христос умре наместо нас. Има еден број на поврзувања меѓу Рим.5 и 1Кор.15 (пр. v.12=1Кор.15:21; v.17=1Кор.15:22). "Христос умре за нас" (Рим.5:8) одговара на "Христос умре за нашите гревови" (1Кор.15:3). Неговата смрт беше за да се направи еден начин по кој ќе добиеме проштевање за нашите гревови; во таа смисла "Христос умре за нас". Зборот ‘за’ не значи нужно 'наместо'; Христос умре за "нашите гревови", не 'наместо' нив. Затоа, Христос може да посредува за нас (Евр.7:25)- не 'наместо' нас. Ниту ‘за’ значи 'наместо' во Евр.10:12 и Гал.1:4. |