Основи наБиблијата
Студија 8: Природата на Исус
Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања

Осврт 27: "Беше во обличје Божјо"

Исус "иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога; Но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга" ((изв. текст: "иако беше во обличје Божјо, држеше дека не ќе е пљачка да е еднаков со Бога; но не направи за себе ниедна слава, и зеде врз себе облик на слуга") Филип.2:5-11). Овие стихови се земени да значат дека Исус бил Бог, но при раѓањето постанал човек. Ако е тоа точно, тогаш сите точки од студиите 7 и 8 мора исто да се објаснат. Подложено е дека не може да се дозволи еден стих да противречи на главната содржина од библиското учење. Показателно е дека ова е скоро единствениот пасус кој може да се изнесе за да се објасни 'алката што недостасува' во расудувањето за тројството- дека Исус се пренел од Бог на небото во бебе во утробата на Марија. Следниве анализи се обид за покажување што овој пасус всушност значи.

1. Има еден број на скоро случајни фрази во овој пасус кои израмно противречат на идејата за тројството:

а) "Па затоа и Бог високо го издигна" Исуса "и Му даде име" (v.9) покажува дека Исус не се издигнал самиот- туку Бог го направил тоа. Следува дека тој не беше во состојба да се издигне пред Бог да го направи тоа за него, по неговото воскресение.

б) Сиот процес на Христовото понижување и подоцнежното издигнување од Бога беше "за слава на Бога Отецот" (v.11). Богот Отец не е, према тоа, соеднаков со Синот.

2. Контекстот на овој пасус мора да биде внимателно земен во обзир. Павле не почнува да говори за Исус 'од небо па в ребро'. Тој говори за свеста на Исус во 1:8. Назад во Филип.1:27 Павле почнува говор за важноста на состојбата на нашата свест. Тоа се одвива во раните стихови на поглавје 2: "бидете еднодушни, и едномислени... во понизна свест... не грижете се секој само за себе туку и за другите! Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос..." (Филип.2:2-5). Павле значи говори за важноста да се има една свест како онаа на Исус, која е предана на понизното служење на други. Стиховите кои следат се значи коментари за понизноста на свеста која ја изложи Исус, а не дека говорат за некаква промена на природата.

3. Исус беше "во обличје Божјо". Ние покажавме во студија 8.3 дека Исус беше од човечка природа, и према тоа ова не може да се однесува на тоа дека Христос имал Божествена природа. Преводот во N.I.V. (и во мак. изд.) на овој пасус е озбилно погрешен овде. Патем, мора да се забележи дека некои денешни преводи направени за 'лесно читање' се склони на светнување преку точното значење на грчкиот текст, и давање на една парафраза наместо превод во некои пасуси. Филип.2:5-8 е еден класичен пример. Меѓутоа, ова не е за да се оцрнува употребата во други насоки.

Дека "облик" (грчки 'морф') не може да се однесува на суштествена природа е докажано од Филип.2:7 кое вели за Христос дека зема "облик на слуга". Тој го имаше обликот Божји, но го зеде обликот на слуга. Суштествената природа на еден слуга не е поинаква од онаа на било кој човек. Во склад со контекстот, можеме безбедно да го толкуваме тоа со значење дека иако Исус бил совршен, и имаше мошне налик-на-Бога ум, сепак беше волен да го земе држењето на еден слуга. Некои пасуси подоцна Павле не охрабрува да се "приспособиме во (Христовата) смрт" (Филип.3:10). Ние треба да го делиме 'морф', обликот на Христос кој го покажа во својата смрт. Тоа не значи дека треба да ја делиме природата што ја имаше тој тогаш, бидејќи ние веќе имаме човечка природа. Ние не треба да се промениме за да имаме човечка природа, туку треба да го промениме начинот на мислење, така да ја имаме 'морф'-та или душевниот лик што го имаше Христос во својата смрт.

Грчкиот збор 'морф' значи еден лик, впечаток или сличност. За човечките суштества се говори дека имаат "изглед ('морф') побожни" (2Тим.3:5). Гал. 4:19 говори за "додека не се изобрази во вас (верниците) Исус Христос". Бидејќи тој имаше совршен карактер, еден совршен налик-на-Бога начин на размислување, Исус беше "во обличје Божјо". Затоа не беше ‘пљачка’ за него да мисли или знае дека во таа смисла беше единствен со Бога. N.I.V. дава инаков превод на оваа фраза, и вели дека Исус не мислел оти еднаквоста со Бога е "нешто што треба да се зграби". Ако овој превод е точен, (што е поддржано и од R.S.V.) тогаш ттоа потполн ја побива теоријата дека Исус бил Бог. Према N.I.V. преводот, Исус ни за миг не ја одгледувал идејата дека е еднаков со Бога; тој знаел дека е Божји субјект, и не соеднаков со Него.

4. Христос "не направи за себе ниедна слава", или "се предаде" (R.V.), и посочува на пророштвото за неговото распетие во Иса. 53:12: "душата Своја на смрт ја предаде". Тој "зеде обличје (држење) на слуга" со своето налик-на-слуга држење кон своите следбеници (Јв.13:14), врвно изложено со неговата смрт на крстот (Мт.20:28). Иса.52:14 пророкуваше за Христовите страдања на крстот "Толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на секој човек и видот (обликот) Негов- повеќе, отколку на синовите човечки". Ова напредно понижување себеси "до смрт, дури и смртта на крст" беше нешто што се појави за време на неговиот живот и смрт, не при неговото раѓање. Ние покажавме дека контекстот на овој пасус се однесува на свеста на Исус, понизноста која ни се нуди како пример за копирање. Овие стихови према тоа говорат за неговиот живот на земјава, во нашата човечка природа, и како се понизи, макар што имаше ум потполно во склад со Бога, ги зеде во обзир нашите потреби.

5. Ако Христос беше Бог по природа и го оставил тоа зад себе па зел човечка природа, како што што се обидуваат тројничарите да го протолкуваат овој пасус, тогаш Исус не бил ‘мошне Бог’ додека беше на земјава; сепак тројничарите веруваат дека бил. Сето ова ги покажува противречностите кои се направени од придржувањето на човечки направена дефиниција каква што е тројството.

6. Конечно, една точка која се однесува за фразата "беше во обличје Божјо". Грчкиот збор преведен ‘беше’ не значи 'беше изворно, од вечноста'. Дела 7:55 говорат за Стефан "кој беше исполнет со Дух Свети". Тој беше исполнет со Светиот Дух тогаш и беше веќе некое време пред тоа; но тој не беше отсекогаш исполнет со него. Други примери има во Лк.16:23; Дела 2:30; Гал.2:14. Дека Христос "беше во обличје Божјо" према тоа само значи дека тој беше во Божји облик (душевно); тоа не имплицира дека бил во тој облик од почетокот на времето.


  Back
Home
Next