Основи наБиблијата Студија 8: Природата на Исус Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања |
8.4 Човечноста на ИсусЕвангелиските записи нудат многу примери за како Исус во целост имал човечка природа. Запишано е дека бил изморен, и морал да седне да се напие од извор (Јв.4:6). "Исус просолзи" кај умрениот Лазар (Јв.11:35). Што е најважно, записот на неговите крајни маки треба да е доволен доказ за неговата човечност: "Душата... Ми се нажали", тој призна кога се молеше на Бога да го спаси од тоа што требаше да помине со неговата смрт на крстот (Јв.12:27). Тој "се молеше и говореше: Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша (на страдање и смрт); но не како Јас што сакам , туку како Ти" (Мт.26:39). Тоа покажува дека на некои начини Христовата 'волја', или желби, беа различни од оние на Бога. За време на целиот свој живот Христос ја подложи својата волја на онаа од Бога во припремање за таа конечна мака на крстот: "Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил" (Јв.5:30). Оваа разлика помеѓу Христовата волја и онаа на Бога е доволен доказ дека Исус не беше Бог. Низ нашите животи, од нас се очекува повеќе да осознаваме за Бога, учејќи од маките кои ги доживуваме во животот. Во тоа, Исус беше нашиот голем пример. Тој немаше целосно познавање за Бога, взрачено во него ништо повеќе него што имаме ние. Од детството "Исус растеше во мудрост и раст (т.е. духовна зрелост, ср. Еф.4:13), и во благодатта пред Бога и кај луѓето" (Лк.2:52). "Младинецот растеше и крепнеше со духот" (Лк.2:40). Овие два стиха го опишуваат Христовото физичко растење како еднакво со духовниоит развој; процесот на растење се појави во него и природно и духовно. Ако "Синот е Бог", како што изјавува атаназијската вероисповед со 'тројството', тоа не ќе беше возможно. Дури и при крајот на својот живот, Христос призна дека не го знае точното време на своето второ доаѓање, иако Отецот го знаеше (Мк.13:32). Покорност кон Божјата волја е нешто што сите треба да научиме за еден временски период. Христос исто така требаше да го помине процесот на учење, покорност кон својот Татко, како и секој син. "Макар и Син, Он се научи на послушност (кон Бога) преку она што пострада, а откако се усоврши (т.е. духовно созреа), стана причина (творец) на вечно спасение" во исход на својот завршен и потполн духовен пораст (Евр.5:8,9). Филип. 2:7,8 (понатака расправано во Осврт 27) го бележи истиот процес на духовно растење во Исус, со неговата смрт на крстот како врв на тоа. Тој "Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга... Сам се смири, откако стана послушен до… смрт на крст". Јазикот користен овде прикажува како Исус свесно се проби во својот духовен развој, правејќи се повеќе и повеќе понижен, што конечно"стана послушен" на Божјата желба да умре на крстот. Така се "усоврши" со исправното одзивање на своите маки. Со тоа е јасно дека Исус требаше да направи свесен, личен напор да биде праведен; тој никако не беше присилен од Бога на тоа, што би исходило во тоа да биде тек една кукла. Исус вистински не љубеше, и го даде својот живот на крстот од таа причина. Постојаното истакнување на љубовта Христова за нас би било труло ако Бог го присилил да умре на крстот (Еф. 5:2, 25; Отк.1:5; Гал.2:20). Ако Исус бил Бог, тогаш ќе немаше друг избор туку да е совршен и да умре на крстот. Дека Исус го имаше тој избор, ни е овозможено да ја увидиме неговата љубов, и да обликуваме еден личен однос со него. Поради волноста на Христа доброволно да го даде својот живот, Бог беше толку воодушевен со него: "Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам... Никој не Ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам" (Јв.10:17,18). Бог да е толку задоволен со Христовата волна покорност е тешко да се разбере ако Исус бил Бог, кој живеел еден живот во човечки облик во некој вид симболично поврзување со грешниот човек (Мт.3:17; 12:18; 17:5). Овие записи за воодушевувањето на Отецот во покорноста на Синот, е доволен доказ дека Христос ја имал можноста за непокорност, но свесно одбрал да биде послушен. ХРИСТОВАТА ПОТРЕБА ЗА СПАСЕНИЕ Поради својата човечка природа, Исус доживувал помали болести, замори и.т.н. исто како и ние. Затоа следува дека ако не умрел на крстот, тој ќе умреше секако пр. од старост. Во поглед на тоа, Исус имаше потреба за Божјо спасение од смртта. Јасно увидувајќи го тоа, Исус "со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној, Кој можеше да Го спаси од смртта, и поради Својата побожност беше чуен" (Евр.5:7). Фактот дека Христос требал да се моли на Бога за да го спаси од смрт ја отфрла секоја можност дека може да е лично Бог. По воскресението на Христа, смртта немаше "веќе власт над Него" (Рим.6:9), што имплицира дека пред тоа имаше. Многу од Псалмите пророкуваат за Исус; кога некои стихови се цитирани од Псалма за Христос во Новиот завет, логично е да се помисли дека многу од останатите стихови во Псалмот се исто така за него. Има бројни прилики каде Христовата потреба за спасение од Бога е истакната:- -Пс.90:11,12 е цитиран за Исус во Мт.4:6. Пс.90:16 пророкува како Бог ќе му даде на Исус спасение: "Ќе му дадам многу денови (т.е. вечен живот) и ќе му го јавам спасението од Мене". Пс.68:21 се однесува за Христовото распетие (Мт.27:34); целиот Псалм ги опишува мислите Христови на крстот: "Спаси ме Боже... наклони се кон душата моја и избави ја... нека дојде од Тебе, Боже, спасението за мене" (вс. 1,18,29). -Пс.88 е едно излагање врз Божјото ветување на Давида за Христа. За Исус, Пс.88:26 пророкува: "Тој ќе ме призива, Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение". Христовите молитви до Бога за спасение беа слушнати; тој беше слушнат заради својата лична духовност, не поради своето место во едно 'тројство' (Евр.5:7). Дека Бог го воскресна и го прослави Исуса со бесмртност е голема тема на Новиот завет:- -"Бог... го воскресна Исуса... Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Началникот и Спасителот" (Дела 5:30,31). -"Бог... го прослави Својот Син Исуса... Кого Бог Го воскресна од мртвите" (Дела 3:13,15). -"Овој Исус Го воскресна Бог" (Дела 2:24, 32,33). -Самиот Исус го увиде сето тоа кога го праша Бога да го прослави (Јв.17:5 ср. 13:32; 8:54). Доколку Исус беше Самиот Бог, тогаш сите овие истакнувања не се на место, бидејќи Бог не може да умре. Исус не ќе требаше спасение ако бил Бог. Дека Бог го вознесе ја докажува Божјата превласт врз него, и одделноста на Бога и Исуса. Никако не можел Христос да биде "самиот и вечен Бог (со) две... природи... Божество и мажество", како што изјавува 1 од 39 членови на црквата на Англија. По самото значење на зборот, едно битие може да има само една природа. Ние сме уверени дека доказите се незадржливи дека Христос беше од наша човечка природа. |