Основи наБиблијата
Студија 8: Природата на Исус
Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања

8.1 Природата на Исус: вовед

Мора да е една од најголемите трагедии во христијанското мислење дека Господ Исус Христос не ја добил честа и воздигнувањето заради својата победа врз гревот, преку изградувањето на еден совршен карактер. Распространетото учење кое се држи за 'тројството' го прави Исуса Самиот Бог. Бидејќи Бог не може да биде искушуван (Јак.1:13) и нема никаква можност за грешење, тоа значи дека Исус не морал всушност да се бори против гревот. Неговиот живот на земјата беше према тоа едно преправање, и ги доживувал човечките искуства, без никакво вистинско чувство за духовната и физичката дилема на човечката раса, бидејќи тој не беше лично погоден од нив.

Од другата страна пак, групите како мормони и Јеховини сведоци не успеваат исправно да ја увидат чудесноста на Христа како единороден Син Божји. Како таков, тој не можел да биде еден ангел или природен син на Јосиф. Од некои е предлагано дека за време на својот живот, Христовата природа била како онаа на Адам пред падот. Покрај немањето библиски докази за тоа гледиште, не се увидува дека Адам беше создаден од Бога од правта, а Исус беше 'создаден' со тоа што беше роден од Бога во утробата на Марија. Така, иако Исус немаше човечки татко, тој беше зачнат и роден како нас во секој друг поглед. Многумина не можат да прифатат дека еден човек од нашата грешна природа можел да има совршен карактер. Тој факт е препреката кон една вистинска вера во Христа.

Да се верува дека Исус беше од наша природа, а безгрешен во својот карактер и дека секогаш ги совладувал своите искушенија, не е лесно. Потребно е многу промислување врз евангелиските записи за неговиот совршен живот, здружено со многуте библиски пасуси кои порекнуваат дека тој беше Бог, за да се дојде до едно цврсто разбирање и вера во вистинскиот Христос. Далеку е полесно да се претпостави дека тој беше Самиот Бог, и према тоа автоматски совршен. Сепак ова гледиште ја понижува големината на победата која Христос ја избори против гревот и човечката природа.

Тој имаше човечка природа; тој ја споделуваше секоја наша грешна склоност (Евр.4:15), сепак тој ги совлада со својата преданост кон Божјите патишта и побара Негова помош да го совлада гревот. Неа Бог благонаклоно му ја даде, дотаму што "го измири светот со Себе преку Христа" преку Својот сопствен Син (2Кор.5:19).


  Back
Home
Next