Основи наБиблијата
Студија 8: Природата на Исус
Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања

8.2 Разлики помеѓу Бога и Исус

Има една фина рамнотежа што треба да се подвлече помеѓу оние пасуси кои го истакнуваат степенот до кој "Бог беше во Христа" и оние кои му ја осветлуваат човечноста. Последнава група пасуси оневозможува библиски да се оправда идејата дека Исус е Самиот Бог, "вистински Бог од вистинскиот Бог", како што погрешно изјавува учењето за тројството. (Фразата "вистински Бог од вистинскиот Бог" беше употребена на Собирот во Никеја во 325 н.е., каде што идејата дека е Бог едно 'тројство' беше прво јавно прогласена; таа беше непозната на раните христијани). Зборот 'тројство' никогаш не се појавува во Библијата. Студија 9 ќе истражува понатаму во Христовата целосна победа врз гревот, и Божјиот удел во тоа. Започнувајќи ги овие студии, да запомнеме дека спасението зависи од едно исправно разбирање за вистинскиот Исус Христос (Јв.3:36; 6:53; 17:3). Еднаш штом дојдеме до тоа вистинско разбирање на неговата победа врз гревот и смртта, можеме да бидеме крстени во него за да го делиме неговото спасение.

Едно од најјасните сумирања на односот помеѓу Бога и Исуса има во 1Тим. 2:5: "Еден е Бог, и еден е Посредникот помеѓу Бога и луѓето, Човекот Христос Исус". Размислувањето врз истакнатите зборови води кон следниве заклучоци:-

-Бидејќи само еден е Бог, невозможно е дека Исус може да биде Бог; ако Таткото е Бог и Исус е исто така Бог, тогаш се два Бога. "Сепак ние имаме еден Бог Отец" (1Кор.8:6). 'Богот Отец' е према тоа единствениот Бог, и затоа е невозможно дека може да има едно одделно суштество наречено 'Богот Син', како што тврди лажното учење за тројството. Стариот завет исто така го опишува Јахве, единиот Бог, како Отецот (пр. Иса. 63:16; 64:8).

-Како додаток на овој еден Бог, тука е посредникот, човекот Христос Исус- "...и еден Посредник". Буквата ‘и’ покажува една разлика помеѓу Христа и Бога.

-Бидејќи Христос е ‘Посредник’ значи дека е еден од- помеѓу. Посредник помеѓу грешните луѓе и безгрешниот Бог не може да биде Самиот безгрешен Бог; мораше да биде безгрешниот човек, од грешна човечка природа. "Човекот Исус Христос" не не остава во сомневање за точноста на тоа објаснување. Иако пишуваше по вознесувањето на Исус, Павле не говори за "Богот Христос Исус".

Неколку пати сме потсетувани дека "Бог не е човек" (Бро.23:19; Ос.11:9); сепак Христос беше јасно "синот човечки" како што е често нарекуван во Новиот завет, "човекот Христос Исус". Беше "Син на Севишниот" (Лк.1:32). Бог дека е "Севишниот" покажува дека само Тој ја има крајната висина; Исус дека е "Син на Севишниот" покажува дека тој не можел да биде Самиот Бог лично. Самиот јазик за Татко и Син кој е користен за Бога и Исуса, објаснува дека тие не се исти. Додека еден син може да има одредени сличности со својот татко, тој не може да биде истата една личност, ниту да е стар колку таткото.

Во линија на ова има еден број видни разлики помеѓу Бога и Исуса, кои јасно покажуваат дека Исус не беше самиот Бог:

Бог

Исус

"Бог не се искушува" (Јак.1:13).

"искусил се како и ние" (Евр.4:15)

Бог не може да умре Тој е бесмртен по природа (Пс.89:2; 1Тим.6:16).

Христос умре за три дена (Мт.12:40;16:21).

Бог не може да биде виден од луѓето (1Тим.6:16;Исх.33:20).

Луѓето го гледаа Исуса и го допираа (1Јв.1:1 го истакнува тоа).

Кога сме искушувани присилени сме на избор помеѓу грев и послушност кон Бога. Често одбираме непослушност кон Бога; Христос ги имаше истите избори, но секогаш одбираше послушност. Тој према тоа ја имаше можноста да греши, иако всушност никогаш не го направи тоа. Незамисливо е дека Бог има било каква можност за грешење. Ние покажавме дека семето Давидово ветено во 2Цар.7:12-16 дефинитивно беше Христос. Стих 14 говори за Христовата можност на грешење: "ако згреши, ќе го казнам".


  Back
Home
Next