Основи наБиблијата
Студија 8: Природата на Исус
Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања

8.3 Природата на Исус

Зборот 'природа' се однесува на она што сме природно, и во основа. Ние покажавме во студија 1 дека Библијата говори за само две природи- онаа Божјата, и онаа на човекот. По природа Бог не може да умре, биде искушуван и.т.н. Очито е дека Христос не беше од Божја природа за време на својот живот. Тој беше према тоа целосно од човечка природа. Од нашиот опис на зборот 'природа' треба да е јасно дека Христос не можел да има две природи истовремено. Битно беше за Христос да биде искушуван како и ние (Евр.4:15), па преку своето совршено совладување на искушението да може да добие проштевање за нас. Погрешните желби кои се основа на нашите искушенија доаѓааат внатре од нас (Мк.7:15-23), од нашата човечка природа (Јак.1:13-15). Требаше, значи, Христос да биде од човечка природа за да може да ги искуси и совлада тие искушенија.

Евр.2:14-18 го објаснува тоа во толку многу зборови:-

"Бидејќи (ние) децата се учесници во телото и крвта (човечка природа), тоа и Он (Христос) зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи... ѓаволот... оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими (природа); затоа должен беше во се да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни. Зашто во она што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне".

Овој пасус вметнува необично значење врз фактот дека Исус имал човечка природа: "Он зеде еднакво учество во тоа" (Евр.2:14). Оваа фраза вели ‘он учествуваше во истото’, дека зеде еднакво учество во истата природа. Евреи 2:16 слично ја обработува точката дека Христос немал ангелска природа, бидејќи тој беше семето Авраамово, кој дојде да донесе спасение за мноштвото верници кои ќе постанат Авраамово семе. Затоа беше потребно Христос да има човечка природа. На секој начин требаше "да личи на браќата" (Евр.2:17) за Бог да ни додели проштевање преку Христовата жртва. Да се каже дека Исус не беше целосно од човечка природа е према тоа непознавање на самите основи на благовестието за Христа.

Крстените верници, кога и да згрешат, можат да дојдат до Бога, признавајќи го својот грев во молитва преку Христа (1Јв.1:9); Бог е свесен дека Христос беше искушуван на грев исто како и тие, но дека беше совршен, и го совлада истото искушение кое тие не успеваат. Затоа, "Бог во Христа" може да ни прости (Еф.4:32). Така, важно е да се сфати како Христос беше искушуван исто како нас, и требаше да биде од наша природа за тоа да биде овозможено. "Бог е Дух" (Јв.4:24) по природа и иако Тој има материјално тело, како ‘Дух’ Тој нема месо и крв. Христос имајќи "месна" природа значи дека на ниеден начин не ја имал Божјата природа за време на својот живот.

Претходните обиди од луѓето да го држат Божјиот збор, т.е. да целосно го совладаат искушението, беа сите неуспешни. Затоа "Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот и со жртвата за грев, Он го осуди гревот во телото" (Рим.8:3 A.V. mg.).

‘Грев’ се однесува на природната наведнатост над грев која ја имаме по природа. Ние се препуштивме веќе на тоа, и продолжуваме, и "платата на гревот е смрт". Да излезе од таа непријатност, на човекот му беше потребна надворешна помош. Тој самиот не можеше да се усоврши; не беше и не е внатре во телото да го спаси телото. Бог затоа интервенира и ни го даде Својот сопствен Син, кој ја имаше нашата "грешна природа", со сите спремности на гревот кои ние ги имаме. За разлика од секој друг човек, Христос го совлада секое искушение, иако ја имаше можноста за неуспех и грешење исто колку и ние. Рим.8:3 ја опишува Христовата човечка природа како "телото на гревот". Неколку стихови порано Павле говореше за тоа како во телото "не живее доброто", и како телото природно војува против покорноста кон Бога (Рим.7:18-23). Во овој контекст е се попрекрасно да се чита дека Христос имал "тело на гревот" во Рим.8:3. Поради ова беше и неговото совладување на тоа тело, што ние имаме еден пат за оттргнување од нашето тело; Исус беше многу свесен за грешноста на својата природа. Тој еднаш беше ословен со: "Учителе добар" со импликација дека бил ‘добар’ и совршен по природа. Тој одговори: "Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог" (Мк.10:17,18). Во една друга прилика луѓето почнаа да сведочат за Христовата големина, заради серија на вонредни чуда што ги изврши. Исус не се поведе по тоа, "оти ги познаваше сите, и немаше потреба никој да Му сведочи за човекот, бидејќи Сам знаеше, што има во човекот" (Јв. 2:23-25). Поради своето познавање на човечката природа ("ги познаваше сите" во врска со тоа), Христос не сакаше луѓето лично да го фалат по свое право, бидејќи тој знаеше колку зла беше неговата човечка природа.


  Back
Home
Next