Основи наБиблијата Додатоци 1: Збир на основните библиски учења | 2: Нашиот став за учење на библиската вистина | 3: Близината на Христовото враќање | 4: Праведноста Божја |
Додаток 4: Праведноста БожјаПоучувањето ученици на Библијата откри дека еден број на поврзани прашања често се појавуваат во времето кога курсот на студијата е завршен. Сите тие се усредоточени околу праведноста Божја. Примерите вклучуваат: 'Не е чесно тоа што не се сите повикани од Бога да го знаат евангелието'. 'Зошто Бог дозволил Адам и Ева да згрешат, па така да доведат маки и потешкотии во животот на своите милијарди потомци?' 'Зошто Бог само го одбрал Израел за Свој народ во Стариот завет наместо да му дадеше на секого прилика?' Овие проблеми ќе се појавуваат кај сите нас, во било кој стадиум на односот со Бога во кој ќе сме. Наоѓањето на овие работи тешки за сфаќање не е само по себе причина да се одложи одзивот на Божјиот повик. Оваа страна од Христовото враќање, никогаш нема да може крајно да ги осознае нив. Пред 2000 години, еден човек "извика и со солзи рече: Верувам, Господи, помогни му на моето неверие" (Мк.9:24). Ние сите ја имаме таа подвоена личност; дел од нас верува, но другиот дел етикетиран 'неверие' очајно му треба Господовата помош да замолкне. Во деновите или неделите пред крштевање, ова е вообичаено чувство, и донекаде ќе се повторува во сите наши денови. Нашето 'неверие' често ќе ја зема формата од видот на прашања за Бога дадени горе. Основното нешто за увидување е дека, е незамисливо да го обвинуваме Бога за нечесност или неправедност. Ако го правиме тоа, ние Го судиме Семоќниот во изрази од наши перцепции. Велиме кога би биле Бог, ние би работеле поинаку. Еден од најголемите човечки неуспеси е несфаќањето на крајната човечка грешност, и конечната праведност Божја. Ако Бог не е крајно праведен, тогаш нема морална појдовна точка во целосното постоење. А со тоа, нема вистинска замисла за исправно и погрешно. Целата идеја за религија во Бога станува беспредметна. Како што децата можат да расудуваат за возрасните само во своите ограничени перцепции и парадигми на расудување, така и децата Божји за својот Отец. Но и повеќе; како што е кучето према човекот, така е и човекот према Бога. Јеремија се прашуваше за Божјите начини, но во обид повеќе да го сфати Бога кого го прифати за крајно праведен: "Праведен си Ти, Господи, ако би се оправдал со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои" (Јер.12:1, ср. Пс.88:19,34,39,52). Сугестијата дека Бог може да е нечесен вметнува дека ние имаме некои права, кои на некој начин Тој ги нарушува. Фактот дека Бог е нашиот Создател и е нашиот постојан Седржител значи дека немаме никакви права. Ние живееме постојано во Неговата милост, не само кога грешиме. 'Човекови права' е човечки концепт, создаден од луѓето да се оправдаат. Ние дојдовме во овој свет без ништо, и ќе отидеме без ништо. Се она што сме и што имаме е целосен дар, даден за кратко време да се види како ќе реагираме на тоа. Ако Бог не повика во поблизок однос со Него, треба радосно да се одзвиеме. Да се одбие тоа зашто други не се поканети, е да се повреди Бог во еден од најболните можни начини. Ние сите сме животни по природа (Проп.3:18-20). Можеме да речеме, 'Зошто е одбран човекот да има однос со Бога наместо некое друго животно?' Точните причини не ќе можеме да ги сфатиме, дури кога би ни и се кажале. Така е и со записот за создавањето во Битие. Научното објаснување за како Бог ја создал материјата и ја организирал во бескрајното чудо на универзумот е зад можноста на човечката наука некогаш да сфати. Затоа Бог ги изрази Своите дела на создавање во јазик кој само оние налик-на-деца можат да го прифатат. Така е со моралните дилеми кои ги наведовме во почетокот на овој додаток. Оваа книга го оцрта библиското учење во врска со тие теми. Нашиот ум не е природно понизен на Божјото Слово; и ќе имаме потешкотии да прифатиме некои од тие работи во начинот на кој Библијата ги изразува. Но треба да увидиме дека проблемот е наш, не Божји. Нам на големо ни недостига самоспознавањето потребно за да се прифати дека нашето размислување е во основа манливо и грешно. Треба да го увидиме фактот дека сме озбилно душевно оштетени во споредба со Бога. Нашиот начин на размислување не е само едно скалило подолу од оној на Бога; тоа е еден во основа различен мисловен процес од Неговиот. Затоа од нас се бара да го земеме умот Христов, да научиме од Божјото Слово да го сфатиме Неговиот начин на размислување, и се обидеме да го направиме наш сопствен. Ние сите ќе признаеме дека има многу елементи од Божјото создавање кои се јасно многу добри; очигледно постои некаков концепт на праведност кој извира од нашиот создател, и е откриен во Неговото создание. Проблемот е во тоа, што има други работи во нашето човечко искуство кои се јасно зли и негативни. Тие создаваат некоја забуна за Божјата праведност. Тажно, многу тогаш продолжуваат да се сомневаат во Божјата правичност, па дури и дали Тој постои. Сепак не е ли далеку подобро да кажеме дека веруваме оти Бог е во основа добар и праведен, како што тврди во Своето Слово, но дека имаме проблеми во разбирањето на местото од злото во Неговото создание? "Она што е тајно, му припаѓа на Господа нашиот Бог а она што е откриено ни припаѓа нам" (5Мој.29:29 евр. текст). Евангелието е наречено "она, кое може да се знае за Бога" (Рим.1:19), и имплицира дека има уште многу што не може да се знае. Постојат одредени вистинити начела кои можеме јасно да ги видиме во Божјото Слово; и има многу други фасети од Божјиот карактер кон кои овие не водат. Но има безброј други "тајни работи" за Божјите начини, до кои немаме пристап во овој живот. Затоа Павле можеше да рече дека во некоја смисла го познавал Христа и Бога, како што можеме и ние (2Тим.1:12; 2Кор.5:16; Гал.4:9; Евр.10:30; 1Јв.2:13), посебно преку лично доживување на Божјата љубов и одзивање на неа (1Јв.4:7,8); но во една друга смисла тој само "знаеше по нешто" (1Кор.13:9, 12), копнејќи за враќањето на Христос, "за да Го познавам (тогаш) Него, и силата на Неговото воскресение" (Филип.3:10). Како што сме изложени се повеќе на праведноста Божја преку проучувањето на Неговото Слово, се повеќе ќе копнееме за доаѓањето на Неговото царство, кога најпосле Неговите праведни особини ќе бидат едноставно, физички изложени на начин за кој сите Негови луѓе радосно ќе знаат и љубат. Тогаш ќе се види крајното решение на сите трауми кои сега ги мачат Божјите деца- умствени, морални и физички: "сега гледаме нејасно преку едно стакло, темно; а тогаш лице во лице: сега знаеме делумно; но тогаш ќе знаеме, како што и ние ќе сме познати" (1 Кор.13:12,13). |