Основи наБиблијата Додатоци 1: Збир на основните библиски учења | 2: Нашиот став за учење на библиската вистина | 3: Близината на Христовото враќање | 4: Праведноста Божја |
Додаток 2: нашиот став за учење на библиската вистинаСосема е можно да се проучуваат сите основни библиски учења а сепак се уште да не се сфати личната реалност на пораката. Тој факт може да е многу мачен за оние кои користат ваков прирачник за подучување други кои потоа не успеваат да ги сфатат обработените начела. Имаше многу оригинален одзив на проповеданото евангелието во 1 век. Луѓето "од срце ги примија" зборовите на евангелието и поради тоа беа крстени (Дела 2:41). Без искрено чувство за одзив на пораката, едно "верување со љубов", како што Robert Roberts често го опишуваше тоа, нема никаква смисла за крштевање. Оние кои ќе го примат единствено поради притисок од својот партнер или родители нема да се доследни. Бидејќи сме заинтересирани за доведување луѓе кон спасението повеќе отколку во бројот на крштевки, вреди да се отстапи време во нашето проповедање на евангелието за да се осигураме, дека нашите обратеници ќе дојдат до крштевање со исправниот став. Оние од Бер "го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото" да проверат што им проповедаше Павле (Дела 17:11). Овој прирачник, всушност секоја човечка литература, е само обид за соодветно одразување на библиското учење. За да има вистински одзив кон евангелието, треба да постои приемчивост за Словото, и вистинска желба да се пребарува Писмото на лично ниво. Тоа нешто проповедникот на евангелието не може нужно да го издејствува; ние можеме само да посочиме на односните библиски пасуси. Верниците во Рим "од се срце му станаа послушни на оној вид учење, кое им се предаде" пред да се крстат (Рим.6:17). Оние кои тврдоглаво се упорни во телесноста никогаш не ќе можат исправно да ја сфатат вистинската порака на евангелието; тие ќе завршат "на изглед побожни, а од силата... се одрекле... секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до познавањето на вистината" (2Тим.3:1-7). Ние никогаш не ќе го разбереме она што не сакаме. Ако немаме никаква вистинска љубов за праведност, никаква вистинска желба да ги доведиме нашите животи под Божја управа, никогаш не ќе можеме да 'дојдеме до познавањето на вистината', во пркос на сето наше читање на Библијата; нашето проучување ќе биде само една академска вежба. Има неколку примери на луѓе кои го читаат Писмото, но на некој начин не го читаат. Тоа е болест над која сме сите склони. Евреите во времето на Христа се чинеше дека се многу ревни за Божјото слово; веруваа во записите на Стариот завет дека се вдахновени (Јв.5:45; Дела 6:11); знаеја дека преку проучувањата на тие Писма можат да имаат надеж за вечен живот (Јв.5:39), и секоја седмица јавно ги читаа (Дела 15:21). Покрај тоа, некои од нив поблиску ги проучуваа тие пасуси во текот на седмицата. Меѓутоа, тие потполно не успеваа да го сфатат вистинското значење на Писмата, дека тие посочуваа кон Христа. Исус им кажа едноставно: "Прегледајте го Писмото... оти, ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене. Ако, пак, на неговите напишани работи не поверувавте, како тогаш ќе им поверувате на Моите зборови? Мојсеја и пророците не ги (слушате)" (Јв5:39,46,47; Лк.16:29-31). Можеме да го замислиме гневот на Евреите: 'Но ја читаме Библијата! Ние веруваме во неа!' Но поради својата тесноградост, всушност не го правеа тоа, тие читаа, но не разбираа; гледаа, но не видоа. Навистина нема толку слепи како оние кои не сакаат да видат. Во секој стадиум од нашиот духовен развој треба да се чуваме од тоа. |