Основи наБиблијата Додатоци 1: Збир на основните библиски учења | 2: Нашиот став за учење на библиската вистина | 3: Близината на Христовото враќање | 4: Праведноста Божја |
Додаток 1: Збир на основните библиски учења1. БОГ 1.1 Постои едно суштествено битие наречено Бог 1.2 кој има одредена локација на Небото 1.3 има вистинско, телесно постоење, 1.4 чиј одраз го имаме ние. 1.5 Ангелите се Негови гласници 1.6 кои не можат да грешат, 1.7 ја делат Божјата природа. 1.8 Има само еден облик на постоење за кој Библијата учи- постоењето во телесен облик. Бог и ангелите постојат во телесен облик. 1.9 Христијанската надеж е дека ќе се добие Божја природа во телесен облик при Христовото враќање. 2. БОЖЈИОТ ДУХ 2.1 Божјиот Дух се однесува на Неговата сила, здив и ум, 2.2 преку која ги постигнува сите работи 2.3 и е присутен насекаде. 2.4 Св. Дух се однесува за таа сила користена да се постигнат некои цели. 2.5 Во различни времиња во минатото, луѓето ги имале даровите на Духот. 2.6 Тие се сега повлечени, 2.7 Божјата сила ни е сега откриена преку Неговото слово. 2.8 Св. Дух не ги присилува луѓето на духовност против нивната волја. 2.9 Библијата беше целосно вдахновена од Божјиот Дух. 2.10 Библијата е нашиот единствен авторитет во нашиот однос со Бога. 3. ВЕТУВАЊАТА БОЖЈИ 3.1 Евангелието беше проповедано во облик на ветувањата дадени на еврејските татковци. 3.2 Семето на жената во Бит.3:15 се однесува на Христа и праведниците, кои се и беа привремено 'ранети' од гревот, семето змиино. 3.3 Во исполнување на Божјите ветувања, планетата земја никогаш нема да биде уништена. 3.4 Христос беше семето Давидово и Авраамово; 3.5 ние можеме да бидеме во Христа со вера и крштевање, 3.6 така да тие ветувања добијат однос кон вистинските верници. 4. БОГ И СМРТ 4.1 По природа човекот е смртник, наведнат над грев и 4.2 е проколнат во исход на Адамовиот грев. 4.3 Христос ја имаше таа човечка природа. 4.4 Душата се однесува на 'нас', нашето тело, мисли или личност. 4.5 Духот се однесува на нашата животна сила/здив и склоност. 4.6 Никој не може да постои како дух без тело. 4.7 Смртта е бесвесна состојба. 4.8 При Христовото враќање ќе има телесно воскреснување само на оние кои го познавале вистинското евангелие. 4.9 Знаењето и ценењето на Божјото слово ќе е основата на тоа судење. 4.10 Целосното доделување на бесмртност ќе биде кај судот. 4.11 Казната на одговорните зли ќе биде вечна смрт. 4.12 'Пекол' се однесува на гробот. 4.13 Гехена беше место до Ерусалим каде отпадот и криминалците беа горени. 5. БОЖЈОТО ЦАРСТВО 5.1 Народот на Израел беше царството Божјо во минатото. 5.2 Со тоа е сега завршено, но ќе се преуреди при Христовото враќање, 5.3 во облик на светски распространето царство на земјата, управувано од Христа во Божјо име. 5.4 Првите 1000 год. од царството ќе се видени од вистинските верници на сите векови кои ќе управуваат врз смртниците кои ќе се живи при Христовото враќање. 5.5 Царството према тоа не е сега политички уредено. 5.6 Ние сме спасени од доброчинство преку нашата вера, не нашите дела. 6. БОГ И ЗЛО 6.1 'Ѓавол' како збор значи 'лажен обвинител' или 'клеветник'. 6.2 'Сатана' како збор значи 'противник', 6.3 и може да се однесува за добри и лоши луѓе. 6.4 Симболично, ѓавол и сатана можат да се однесуваат на грев и телото. 6.5 Змијата во Едем беше дословно животно; 6.6 записот во Битие за создавањето на човекот и неговиот пад треба да се сфати дословно, а не во чиста симболична смисла. 6.7 'Демони' како грешни, одвоени духови или сили на гревот не постојат. 6.8 Христос каде 'истерува демони' може да се сфати како дел од говорниот јазик кој делотворно значи дека лечел болести. 6.9 Луцифер не се однесува на еден грешен ангел. 6.10 Бог е семоќен; и не ја дели Својата моќ со никакво грешно битие спротивставено на Неговите начини. 6.11 Тешкотиите во животот на верникот конечно се од Бога, а не, дека се исход на 'лоша среќа' или на грешно битие наречено ѓавол. 7. ИСУС ХРИСТОС 7.1 'Тројството' како што е широко сфатено во христијанството е учење кое не е учено во Библијата. 7.2 Христос беше роден од дева Марија 7.3 која беше обична жена од човечка природа. 7.4 Исус имаше човечка природа, 7.5 но совршен, безгрешен карактер, 7.6 сепак Бог не го присили Исуса да не греши; Исус умре како совршена понуда за грев по своја слободна волја. 7.7 Исус беше воскреснат после својата смрт на крстот. 7.8 Исус физички не постоеше пред своето раѓање; 7.9 иако беше во Божјиот ум/намера од почетокот. 7.10 Исус умре како една жртва за нашите гревови 7.11 за да се здобие со спасение за нас и за себе. 7.12 Исус умре како наш претставник, 7.13 не како замена како што нашироко се верува во христијанството. 7.14 Законот на Мојсеј беше окончан со Христовата смрт, 7.15 затоа не треба да го држиме сега, вклучувајќи ја и саботата. 8. КРШТЕВАЊЕ 8.1 Без крштевање, не може да има никаква надеж за спасение; 8.2 верувањето и крштевањето ни допуштаат споделување во ветувањата до Авраам, 8.3 и е за опростување на гревовите. 8.4 Крштевањето е со потполно потопување под вода 8.5 на возрасен кој го познава евангелието. 8.6 Оние потопени без целосно познавање на вистинското евангелие треба да се крстат повторно, исправно. 8.7 Разбирање на евангелието е потребно за исправно крштевање. 9. ЖИВОТ ВО ХРИСТА 9.1 После крштевањето, верникот треба да прави разумен напор да се одвојува од начините на овој грешен свет, 9.2 и да развие налик на Христа особини. 9.3 Учество во дејности и задоволства кои водат во кршење на Божјите заповеди, пр. употребата на сила и пијанчење, се неприлични на вистинскиот христијански живот. 9.4 Крстените верници се должни да се состануваат и дружат меѓусебе, секогаш и секаде можно. 9.5 Крстените верници треба редовно да кршат леб и пијат вино во спомен на Христовата жртва. 9.6 Редовна молитва и читање на Библијата се нужни за крстениот верник. 9.7 Крстениот верник се дружи само со оние кои го држат вистинското учење и навистина се обидуваат да го применуваат. 9.8 Затоа оние кои престанале да веруваат и не ја применуваат Вистината престануваат да се во заедница со телото на вистинските верници. Забелешка: Формалната 'Изјава на едината Вера' која е во употреба преку 100 години е достапна од издавачите. |