Основи наБиблијата Додатоци 1: Збир на основните библиски учења | 2: Нашиот став за учење на библиската вистина | 3: Близината на Христовото враќање | 4: Праведноста Божја |
Додаток 3: Близината на Христовото враќањеХристовите зборови во Мт.24:36 јасни се во тоа дека никогаш нема да го знаеме точното време на неговото II доаѓање: "за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец" (ср. Дела 1:7). Меѓутоа кога учениците прашаа "Каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање?" (Мт.24 :3), тој не им кажа дека на прашањето е невозможно да се одговори. Туку им даде знаци кои ќе бидат видени во светот и кои ќе го претходат неговото враќање. Исус немаше да ги даде нив освен ако намераваше генерацијата која ќе живее тек пред неговото доаѓање да може јасно да увиди дека навистина живее во "последните дни". Постои добра причина за надевање и верување дека сме во самите тие последни дни. ЗНАЦИ НА ХРИСТОВОТО ДОАЃАЊЕ Во Матеј 24 и Лука 21, Исус говореше за едно време кога 1) Ќе има лажни пророци кои ќе тврдат дека се Христос 2) Војна и насилие ќе ја исполнат земјата 3) Ќе "има глад, и зарази, и земјотреси" 4) Ќе има и апостаза од вистината 5) Срцата на луѓето ќе им застанат од страв поради очајната состојба на настаните врз земјата; "загрижени од она што ќе го снајде светот" (Лк.21:26 N.I.V.). Вистина е дека светот стално бил напаѓан од едно секогаш во пораст ниво на проблеми од овој вид. Исус очито беше свесен за тој факт; затоа е логично да се претпостави дека тој говореше за време кога тие проблеми ќе се толку големи што ќе се закануваат со уништување на планетава. Несомнено е, за секој внимателен посматрач во светот, дека таква е всушност сегашнава состојба. Неверојатниот оптимизам на човечката природа и нејзиното одбивање реално да се соочи со состојбата, отежнува да се сфати таа реалност. Следново е само дел од доказите кои се достапни, и покажува дека зборовите на Христа се сега во исполнување: 1) Скоро во секој континент има една постојана струја на шарлатани и харизматици кои ги водат луѓето по нив. 2) Следниве статистики покажуваат колку драматично проблемот на војна е во пораст, во пркос согласноста на човечките напори, како никогаш порано, да се спречи:
(Извор: Institute Of Conflict Studies, University Of London) 3) Масовните проблеми на глад и чума ни се добро познати. Сидата е надалеку најголемата светски распространета епидемија за која се знае. Се заканува драматично да ја намали светската популација долгорочно. Освен зборовите на Христа во Мт.24 и Лк.21, има неколку други пасуси кои ги поврзуваат земјотресите со неговото враќање: Иса.2:19-22; Јез.38: 20; Јоил 3:16; Агеј 2:7; Зах.14:3,4. Релативно скората појава на земјотреси кои настануваа во неочекувани места со животни загуби без преседан, можат да посочат дека почнуваме да го гледаме и исполнувањето на знакот за земјотреси. Следниве статистики за земјотреси направени од U.S. Government Department of the Interior, се исто така показателни:
4) Намаленото истакнување на важноста за основно следење на Библијата за да се стекне вистинското учење има исходено во масовна апостаза од библиската вистина. Филозофијата за човечкото единство по секоја цена која сега проникнува во општеството го има забрзано тој процес. 5) Ескападите кои се во пораст видени во секое општество денес се доволен доказ за човечкиот страв од иднината, економистите и екологистите се сложуваат дека светот не може да продолжи каков што е сега. Исцрпувањето и расипувањето на природните ресурси, загадувањето на воздухот, морето и озонската обвивка, здружени со заканите од епидемии и нуклеарно уништување посочуваат на идното уништување на сегашниов свет. Меѓутоа, Бог вети дека тоа нема да се случи (види Осврт 9). За да го одржи тоа ветување, Бог мора наскоро да го прати Исуса за драматично да ја измени оваа планета со уредување на царството врз неа. ПРЕПОРОДОТ НА ИЗРАЕЛ Исус го заокружи својот список на знаци со смелата изјава: "И тогаш ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема" (Лк.21 :27). Следниот стих нуди охрабрување само на оние кои биле крстени и живеат во добра совест пред Бога: "кога ќе почне тоа да станува (т.е. сега!), исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение" (Лк.21:28). Исус тогаш додаде еден додаток на овие пророштва за своето II доаѓање, во вид на парабола за смоквиното дрво: "Погледајте ја смоквата и сите дрва; кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете дека летото е веќе близу. Па така кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо (и значи Христовото II доаѓање). Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни" (Лк.21:29-32). Со пупењето на растенијата, ние нагонски знаеме на пролет дека летото или сезонска смена наидува; па така кога 'смоквиното дрво' ќе пропупи, треба исто така да знаеме дека нашата генерација ќе го види второто доаѓање. Смоквиното дрво е библиски симбол за народот на Израел (Јоил 1:7; Ос.9 :10; Јер.24:2 ср. Јез.36:8). Тој посебен знак на Христовото враќање према тоа се однесува за препородот ('потерувањето') на Израел на некој начин. Драматичните настани поврзани со порастот на Израел уште од неговото уредување во 1948 сигурно е показателно во оваа смисла. ИДНАТА ИНВАЗИЈА НА ИЗРАЕЛ Многу библиски пасуси опишуваат една голема инвазија на Израел која ќе настане околу времето на Христовото враќање. Пс.82 ги опишува околните народи на Израел дека ќе се здружат против него, изјавувајќи "Да отидеме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израел... Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо" (Пс.82:4,5, 12). Забележи дека оваа инвазија на Израел во последниот ден, ќе настане кога Израел ќе биде еден народ. Нивниот сегашен препород во народ е затоа една нужна предигра во таа голема конечна инвазија на нацијата. Учениците на Библијата го претскажаа препородот на Израел во нација многу години пред да се случи (види пр. John Thomas,’Elpis Israel’, прво издаден во 1848. Препечатеното дело може да се набави од издавачите). Ставот на напаѓачите на Израел подвлечен во Пс.82 е ист како денешниот став на арапските соседи од Израел. Тие постојано ја изјавуваат својата непомирлива омраза кон Израел, и го бараат Ерусалим за свој свет, исламски град. Псалмот продолжува со опишувањето како нивната агресија ќе биде окончана со Божјата драматична интервенција, со исход дека Неговото царство ќе биде уредено ширум светот (Пс.82:13-18). Многу други пророштва ја опишуваат оваа иста серија на настани: инвазијата на Израел од неговите арапски, северни и други непријатели, што ќе исходи во Божјата интервенција преку Христовото враќање да го уреди царството (пр. Јез.38-40; Дан.11:40-45). Внимателната студија на овие пророштва, обликува важен дел од нашиот духовен пораст наскоро по крштевањето. Зах.14:2-4 е еден од најјасните од нив "Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен (ср. Лк.21:24), и домовите разграбени; жените ќе бидат обесчестени... Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војуваше во борбен ден (т.е. чудесно ќе се вмеша во светските настани како што направил и порано). И ќе застанат нозете Негови на Елеонската Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна". Оваа голема инвазија на Израел може да настане во секој момент сега, по дадената брзина која е во пораст на војувања и политички напади. Не е добро размислувањето да чекаме до инвазијата за одзив на евангелието, имајќи ги на ум зборовите на Павле: "кога ќе речат: Мир и безопасност!, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел" (1Сол.5:1-3). Ние никогаш не ќе можеме точно да одредиме кога Христос ќе се врати; ние само знаеме дека тоа е поврзано со една инвазија на Израел од север, и дека таа инвазија има изгледи да настане скоро. Можеби ќе има и други инвазии на Израел пред онаа за која се говори во пророштвата кои ги зедовме во обзир; сепак учениците на Библијата ќе продолжат со внимателното следење на положбата на Израел. Ние знаеме дека Бог конечно ќе се вмеша и дека нозете на Христа ќе стојат на елеонската гора. Од таа гора беше Христовото вознесение на небо, и на неа тој ќе се врати. "Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото", ангелите им рекоа на учениците додека стоеја на таа гора, и заминаа по својот Господ кој се вознесуваше (Дела 1:9-12). Ние треба да сме урамнотежени во нашето сфаќање за близината на Христовото враќање. Пророштвата кои се однесуваат за светските настани околу неговото враќање се дадени на големо да ја потврдат верата на оние кои веќе се предале на Христа со крштевањето. Меѓутоа, јасното совпаѓање помеѓу нив и сегашната светска состојба, мора сигурно да ги пленува оние кои тек ќе го направат тој чекор, и исто така ќе ја зацврстат нашата вера во сигурноста на Божјото вдахновено Слово. Ние не треба да сме поттикнувани во нашата покорност кон Бога, од чувство на страв од неизбежното II доаѓање. Само оние кои навистина го "посакуваат Неговото доаѓање" (2Тим.4:8) ќе добијат награда. Сепак итноста на нашата положба, кои живееме на самиот крај на времето и човечката судбина каква што ја знаеме, не треба да престане да притиска врз нас секој ден што го живееме. |