Основи наБиблијата
Студија 9: Победата на Исус
Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања

9.3 Понудата за нас и за самиот себе

Еврејскиот првосвештеник требаше да направи понуда прво за своите гревови, и потоа за оние од народот (Евр.5:1-3). Христовата жртва го имаше истиот овој двостран состав. Иако тој лично немаше никаков грев, Исус се уште беше од човечка природа, и му беше потребно спасение од смртта. Ова спасение беше снабдено од Бога поради неговата жртва; така Исус умре за да го стекне своето спасение, и исто така да ни го овозможи нашето. Многу пасуси посочуваат на тоа.

Овој оддел е еден каталог на стихови кои докажуваат дека Христовата жртва беше за негова сопствена корист колку и за наша. Многу е подолг него што е потребно да се докаже точката; но се смета дека оваа тема е битна да се сфати за исправно да се разбере човечноста на нашиот Господ. По завршувањето на оваа книга можеби во некоја идна етапа ќе се посака да се размислува за тие работи на едно подлабоко ниво, и затоа сиот овој материјал е вклучен.

-Големиот свештеник "е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува... така и Христос" го исполни моделот на Мојсеевиот првосвештеник во тој поглед (Евр.5:3,5). Грчкото "е должен" одредено значи да се има паричен долг- и говори за купувањето на сопственото избавување од нашиот Господ исто како и за нашето. Заради неговата сопствена човечност тој требаше да го направи ова (Евр.5:3). Тоа не значи дека тој имаше некои лични гревови за кои требаше да се откупи. Оваа точка не може да се преистакни. Ние сме откупени со неговата жртвувана крв- а воедно и тој.

За Христос "нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Он го изврши тоа еднаш" (Евр.7:27). Нема сомнение дека Павле ја истакнува сличноста помеѓу свештеничкото двојно понудување и она на Христа. Тој повторно го прави тоа во Евр.9:7 (ср. v.12,25). Контрастот е дека Христос го направи тоа еднаш, но првосвештеникот годишно. Ако контрастот беше дека Христос само понудува за народот, тогаш тоа ќе се истакнеше. Забележи дека Христовата жртва беше заради неговите сопствени ‘гревови’, кои беа одвоени од оние на народот- неговите ‘гревови’ што ги носеше не беа наши, бидејќи во моделот тој направи една одвоена понуда за нас. Пошто Исус имаше еден совршен, безгрешен карактер, ‘гревови’ овде е еден друг начин за опишување на грешната човечка природа. Со метонимија, за причината (грешна природа) се говори како за учинок. Но сепак треба да се истакне дека нашиот Господ беше совршен, и не може да биде осуден за грев.

Бог "преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир… Исус" (Евр.13:20), т.е. преку неговата сопствена крв. Така нашиот Господ беше и пастирот и закланата овца, така што самиот се одведе на колење, и преку неговата крв Бог го крена; на истиот начин дека тој беше и понудата и свештеникот.

A.V. margin на Зах.9:9 се вклопува совршено: "Царот твој доаѓа при тебе, тој е праведен, и се спасува себеси (AV 'има спасение')". Овие два можни преводи предлагаат дека со спасувањето себе нашиот Господ ни донесол спасение. Со жртвата на крстот, Исус се откупи за својата природа за да го постигне нашето избавување. Не е мудро да се размислува за неговата смрт вон контекстот на нејзината намена, за да не спаси нас.

Мора да се сфати дека сите препораки на проливањето крв со животинските жртви под законот се битни на некој начин за Христовата жртва. Олтарот, симболот на Христос, беше чистен еднаш годишно со крв (Исх.30:10), и покажува како Христос се освети со својата понуда. Всушност целиот храм го претставуваше Христа, и мораше да се очисти со крв (Евр.9:23). Физичкиот мебел на храмот не направил никаков грев, сепак беше потребно чистење поради самата поврзаност со грев. Па така и со нашиот Господ. Самиот првосвештеник требаше да ја почне својата служба со тоа што ќе биде попрскан со крв, и на Христа исто така му беше потребна неговата жртва за да ја почне својата служба за нас на небото.

Тоа што Исус се откупи самиот не значи дека тој лично беше грешен. Давањето понуда за личен грев не секогаш имплицира дека понудувачот згрешил (пр. во Лев.12 една жена требаше да го стори тоа после породувањето).