Основи наБиблијата
Студија 9: Победата на Исус
Победата на Исус | Крвта на Исус | Понудата за нас и за самиот себе | Исус како наш претставник | Исус и законот Мојсеев | Саботата | Цигресии (Распетието, Дали Исус се роди на 25 декември?) | Прашања

9.2 Крвта на Исус

Често е наведувано во Новиот Завет дека нашето оправдание и спасение е преку крвта на Исус (пр. 1Јв.1:7; Отк.5:9; 12:11; Рим.5:9). За да се сфати важноста на Христовата крв, треба да го знаеме библиското начело дека "душата на секое тело е во крвта негова" (Лев.17:14). Без крвта едно тело не може да живее; затоа е таа симбол на животот. Тоа ја објаснува прикладноста на Христовите зборови, "ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе" (Јв.6:53).

Гревот исходува во смрт (Рим.6:23), т.е. излевање на крвта, која го носи животот. Затоа од Израелците се очекуваше да излеат крв секогаш кога ќе згрешеа, да се потсетат дека гревот исходува во смрт. "И скоро се според Законот (Мојсеевј) со крв се очисти, и без проливање крв, проштевање не станува" (на гревовите- Евр.9:22). Оттука, покривањето на Адам и Ева со смоквини лисја беше неприфатливо; наместо тоа, Бог погуби едно јагне за да им снабде кожи да го покријат својот грев (Бит. 3:7,21). Слично, жртвувањето животни од Авел беше прифатено повеќе отколку понудите на зеленчук од Каин, бидејќи тој го ценеше начелото дека без проливањето крв не може да има никакво проштевање и прифатлив приод кон Бога (Бит.4:3-5).

Овие настани посочуваат кон возвишената важност на крвта Христова. Ова беше посебно пред-засенето во настаните на Пасха, при што Божјиот народ мораше да стави крв од јагне на своите прагови за да добијат спасение од смртта. Таа крв посочуваше кон онаа на Исус со која треба ние да се покриеме. Пред времето на Христос Евреите мораа да нудат животински жртвувања за своите гревови, према Божјиот закон преку Мојсеј. Меѓутоа, ова проливање на животинска крв беше само заради поучни намери. Гревот се казнува со смрт (Рим.6:23); не беше можно едно човечко суштество да убие животно во замена за својата смрт или како вистински претставник на себе. Понуденото животно немаше никакво поимање за исправност или погрешност; тоа не го претствуваше него: "не е можно телешката и јарешката крв да ги премавне гревовите" (Евр.10:4).

Затоа се поставува прашањето, зошто мораа Евреите да жртвуваат животни кога ќе грешеа? Павле ги сумира разните одговори на тоа прашање во Гал.3:24: "Законот беше за нас воспитувач во Христа". Животните кои ги убиваа за понуда за грев требаше да бидат чисти- без недостаток (Исх.12:5; Лев.1:3,10 и.т.н.). Тие посочуваа кон Христа, "непорочно и чисто Јагне" (1Пет.1:19). Крвта на тие животни према тоа ја претставуваше онаа на Христа. Тие беа прифаќани како жртви за грев се додека посочуваа кон Христовата совршена жртва, која Бог знаеше ќе ја направи. Поради тоа, Бог можеше да ги опрости гревовите на Својот народ кој живееше пред времето Христово. Неговата смрт беше за "откуп на престапите (кои беа направени) од времето на првиот завет" (Евр.9:15), т.е. законот на Мојсеј (Евр.8:5-9). Сите жртви понудени под законот посочуваа кон Христа, совршената понуда за грев, кој "го премавна гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва" (Евр.9:26; 13:11,12; Рим.8:3 (N.I.V.) ср. 2Кор.5:21).

Ние објаснавме во оддел 7.3 дека целиот Стар завет, посебно законот на Мојсеј, посочуваше кон Христа. Под тој закон начинот за пристап кон Бога беше преку првосвештеникот; тој беше посредникот помеѓу Бога и луѓето кои беа под Стариот завет како Христос што е под Новиот завет (Евр.9:15). "Законот за првосвештеници поставува луѓе, што се немоќни; а словото на клетвата... Синот, Кој е вечно совршен" (Евр.7:28). Бидејќи самите беа грешници, тие луѓе не беа во состојба да стекнат вистинско проштевање за луѓето. Животните кои тие ги жртвуваа за грев не беа вистински претставници на грешниците. Она што се бараше беше едно совршено човечко битие, кое што беше на секаков начин претставник на грешен човек, кое би направило прифатливо жртвување за грев од кое луѓето би можеле да се ползуваат преку поврзувањето со таа жртва. На сличен начин, еден совршен Првосвештеник беше потребен кој би можел да сочувствува со грешниците за кои посредува, и ќе биде искушуван исто како нив (Евр.2:14-18).

Исус совршено се вклопува во ова барање- "Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, незлобив, непорочен" (Евр.7:26). Тој не треба постојано да се жртвува за своите гревови, ниту е подложен веќе на смрт (Евр.7:23,27). Во светло на ова, Писмото коментира врз Христа како за наш свештеник: "Затоа Он може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив" (Евр.7:25). Зашто имаше човечка природа, Христос, како наш идеален Првосвештеник, "може да ги разбира оние, што се неумешни и заблудени, бидејќи и сам (беше) со слабости" (Евр.5:2). Ова ја повикува изјавата за Христос, "и тој самиот исто така" зеде учество во нашата човечка природа (Евр.2:14 грч. текст).

Како што еврејските првосвештеници посредуваа само за Божјиот народ, на Израел, така Христос е Свештеник само за духовниот Израел, оние кои се крстени во Христа, откако го разбрале вистинското евангелие. Тој е "Големиот свештеник над домот Божји" (Евр.10:21) кој е составен од оние кои се преродени со крштевање (1Пет.2:2-5), кои ја имаат вистинската надеж од евангелието (Евр.3:6). Познавањето на чудесните добробити од Христовото свештенство треба према тоа да не поттикне да се крстиме во него; без тоа, тој не може да посредува за нас.

Откако сме крстени во Христа, треба нестрпливо да правиме полна корист од Христовото свештенство; всушност, ние имаме некои одговорности во поглед на она што треба да достигнеме. "Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва" (Евр.13:15). Божјиот план да не снабди со Христа како наш свештеник беше за да Го славиме; затоа треба да правиме постојана употреба на нашиот пристап до Бога преку Христа за да го славиме Него. Евр.10:21-25 наведува еден број на одговорности кои ги имаме поради тоа што е Христос наш Голем свештеник: "Го имаме Големиот свештеник над домот Божји:

1. Тогаш да пристапиме (кон Бога) со искрено срце, во полна вера, откако ги очистиме срцата од лукава совест со попрскување и откако го измиеме телото со чиста вода." Разбирањето на Христовото свештенство значи дека треба се крстиме во него ("да го измиеме телото"), и никогаш да не оставиме лоша совест да се развие во нас. Ако веруваме во Христовиот откуп ние сме направени еден со Бога ('ОТ-КУП') со неговата жртва.

2. "Да го држиме исповеданието на надежта цврсто". Не треба да отстапуваме од вистинските учења од кои произлегло нашето разбирање за Христовото свештенство.

3. "И да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов... не напуштајќи го своето собрание". Треба волно да се здружиме со другите кои разбираат и се ползуваат од Христовото свештенство; посебно преку заедничкото собирање во заедничката служба, со која ја помниме Христовата жртва (види Оддел 11.3.5).

Разбирањето на овие работи треба да не исполни со понизно убедување дека навистина ќе го достигнеме спасението ако сме крстени и настанати во Христа: "слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош" (Евр.4:16).