Основи наБиблијата
Студија 11: Животот во Христа
Вовед | Светост | Употреба на сила | Политика | Светски задоволства | Библиско проучување | Молитва | Проповедање | Живот во еклезијата | Кршење леб | Брак | Дружење | Прашања

11.2 Светост

"Свет, свет, свет е Господ" (Иса.6:3). Тројното истакнување во овој стих е еден од многуте пасуси кои ја истакнуваат Божјата светост. 'Светост' во основа значи 'одвоеност'- одвоеност од несвети нешта, и одвоеност во духовни нешта. Ни е речено да ‘да се угледаме на Бога’, како Негови деца (Еф.5:1). Затоа "по примерот на Светецот, Кој ве повика, и вие самите бидете светци во сите ваши постапки (т.е. практичен начин на живот). Оти е напишано: Бидете свети, бидејќи Јас сум свет" (1Пет.1:15,16; Лев.11:44).

Природниот Израел беше повикани од Египет со своето крштевање во Црвено море да биде "еден свет народ" (Исх.19:6). По нашето крштевање, членовите на духовниот Израел и до нас има повик "кон свето звање" (2Тим.1:9). После крштевањето стануваме "служители на... светост" (Рим. 6:19,22 и контекст).

Бидејќи е светоста таков еден суштествен дел од самото Божјо битие, таа мора да е основна грижа на сите оние кои се обидуваат да се ‘угледаат на Бога’. Ако го правиме тоа, ние ќе "учествуваме во Неговата светост" кога ќе ни се додели Неговата природа (Евр.12:10; 2Пет.1:4). Затоа без светост во овој живот, верникот "нема да Го види Господа" (Евр.12:14)- т.е. не ќе биди всушност способен да Го види и се поврзе со Него на едно лично ниво во царството ако тој не ја изложил светоста во овој живот.

Тоа што ни се дало таква голема надеж значи дека треба да се одвоиме од околниот свет кој ја нема таа надеж, одвојувајќи се во вечно споделување на Божјата природа. Нашата 'одвоеност' не треба значи да е нешто што ќе се сфати како присиленост; поради одвоеноста во тој возвишен повик и надеж, треба да е тек природно чувството за одвоеност од нештата на овој свет, каде преовладуваат телесните начела.

Сега ќе земеме во обзир некои работи од кои треба да се чувствуваме одвоени, а во студија 11.3 ќе проучиме во што практично се одвојуваме.


  Back
Home
Next