Основи наБиблијата
Студија 8: Природата на Исус
Вовед | Разлики помеѓу Бога и Исуса | Природата на Исус | Човечноста на Исус | Божјиот однос со Исуса | Цигресии (‘Беше во обличје Божјо’) | Прашања

8.5 Божјиот однос со Исуса

Разгледувањето како Бог го воскреснал Исуса не води во размислување за односот помеѓу Бога и Исуса. Ако се тие "соеднакви... совечни" како што изјавува учењето за тројството, тогаш би очекувале односот да им биде како на еднакви. Ние веќе видовме обилни докази дека тоа не е случај. Односот помеѓу Бога и Христа е сличен на оној помеѓу сопруг и сопруга: "глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на Христа, пак, глава е Бог" (1Кор.11:3). Како што е сопругот глава на сопругата, така и Бог е глава на Христа, иако тие го имаат истото единство во цел какво што би требало да постои помеѓу сопружниците. На овој начин е "Христ Божји" (1Кор.3:23), како што сопругата припаѓа на сопругот.

За Богот Отец често е изјавувано дека е Христов Бог. Фактот дека Бог е опишан како "Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос" (1Пет.1:3; Еф.1:17) дури и по Христовото вознесение на небо, покажува дека таков е нивниот сегашен однос, каков што беше и за време на Христовиот смртен живот. Некогаш е расправано од тројничарите дека за Христа е говорено како за помал од Бога само за време на неговиот живот на земјава. Писмата од Новиот завет беа напишани неколку години по Христовото вознесение на небо, сепак се уште за Бога е говорено како за Христов Бог и Отец. Исус се уште се однесува кон Отецот како кон свој Бог.

Откровението, последната книга на Новиот завет, беше напишана најмалку 30 години по Христовото прославување и вознесение, сепак тоа говори за Бога како "негов Бог и Отец" (Отк.1:6 R.V.). Во оваа книга, воскреснатиот и прославен Христос даде пораки до верниците. Тој говори за "храмот на Мојот Бог… името на Мојот Бог... градот на Мојот Бог" (Отк.3:12). Тоа докажува дека Исус дури и сега размислува за Отецот како за свој Бог- и према тоа тој (Исус) не е Бог.

За време на својот смртен живот, Исус се поврзуваше со својот Татко на сличен начин. Тој говореше за вознесението "при Својот Отец и вашиот Отец, при Својот Бог и вашиот Бог" (Јв.20:17). На крстот, Исус ја изложи својата човечност во целост "Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?" (Мт.27:46). Овие зборови се невозможни за разбирање ако се изговорени од Самиот Бог. Самиот факт дека Исус се молел на Бога "со силен вик и солзи" само по себе ја покажува вистинската природа на нивниот однос (Евр.5:7; Лк.6:12). Јасно е дека Бог не може да се моли на Себе. Дури и сега Христос се моли на Бога за нас (Рим.8:26,27 N.I.V. ср. 2Кор.3:18 R.V. mg.).

Ние сега покажавме дека Христовиот однос со Бога за време на неговиот смртен живот не беше во основа различен од оној сега. Христос се поврзуваше со Бога како негов Татко и негов Бог и Му се молеше; истата состојба е задржана и сега, после Христовото воскресение и вознесение. За време на својот живот на земјава, Христос беше Божји слуга (Дела 3:13,26 N.I.V.; Иса.42:1; 53:11). Еден слуга ја извршува волјата на својот господар, и на никој начин не е еднаков со својот господар (Јв.13:16). Христос истакна дека моќта и власта што ја поседува беше Божја, а не лично негова: "Јас ништо не можам да правам Сам од Себе... ја барам... волјата на Отецот, Кој што Ме пратил... Синот не може да прави ништо Сам од Себе" (Јв.5:30,19).


  Back
Home
Next