Основи наБиблијата
Студија 6: Бог и зло
Бог и зло | Ѓаволот и сатаната | Демони | Цигресии (Вештерство, Што се случи во Едем?, Луцифер, Искушенијата на Исус, ‘Војна на небото’) | Прашања

Осврт 20: Искушенијата на Исус

Мт.4:1-11: "Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустина за да биде искушуван од ѓаволот. И како постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне. А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови. А Он му одговори и рече: Напишано е- Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор што излегува од устата на Бога. Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа и Му рече: Ако си Син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: На ангелите Свои, ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен. А Исус му рече: Напишано е исто така- Не искушувај Го Господа, Твојот Бог. Го одведе ѓаволот потоа на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава, и Му рече: Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш. Но Исус му рече: Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: На Господа Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш! Тогаш ѓаволот Го остави и ете дојдоа ангели и Му служеа".

НАРОДНО ТОЛКУВАЊЕ: Овој пасус е читан со значење дека едно суштество наречено ‘ѓавол’ го искушувал Исуса на грев сугерирајќи му одредени нешта и водејќи го во примамливи ситуации.

КОМЕНТАР:

1. Исус е "таков, Кој искусил се како и ние" (Евр.4:15), и "секого го искушува неговата похот, која го влече и мами" (Јак.1:14). Ние сме искушувани од "ѓаволот" на нашата сопствена похот или зли желби, па така беше и Исус. Ние не сме искушувани од едно зло суштество кое одеднаш застанува крај нас и не поттикнува на грев- гревот и искушението доаѓаат "однатре, од срцето човечко" (Мк.7:21).

2. Искушенијата очигледно не можат да се земат дословно:

-Мт.4:8 имплицира дека Исус беше одведен на многу висока планина за да ги види сите царства на светот во нивната идна слава "наеднаш" (Лк.4:5). Не постои планина доволно висока да се види целиот свет. И зошто би му овозможила, висината на планината, на Исус да види каков би бил светот во иднина? Како што е земјата тркалеста, нема ниедна точка на нејзината површина од каде што некој би ги видел сите делови на светот истовремено.

-Една споредба меѓу Мт.4 и Лк.4 покажува дека искушенијата се опишани во различен редослед. Мк.1:13 вели дека Исус бил "во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната", а Мт.4:2-3 вели "и како постеше четириесет дни... се приближи до Него искушувачот (сатана)". Бидејќи Писмото не може да си противречи, заклучуваме дека овие исти искушувања продолжувале да се повторуваат. Искушението да се претворат камењата во леб е еден очит пример. Ова би се вклопило убаво кога искушенијата би се појавувале во свеста на Исус. Да се биде од нашата природа, недостатокот на храна ќе се одразеше врз него и психички и физички, и така неговата свест лесно почнува да замислува работи. Само неколку дена без храна можат некого да одведат во делириум (ср. 1Цар.30:12). Сличноста помеѓу векни леб и камења е спомната од Исус во Мт.7:9, и несомнено тие слики често изронуваа во неговата измачена свест- иако секогаш се доведувани под брза контрола од неговото припомнување на Словото.

-Исус веројатно им кажувал на писателите на записите од евангелието за своите искушенија, и да ни се предочи, во зборови интензитетот на она на што беше изложен, го користеше сликовитиот приод виден во Мт.4 и Лк.4.

-Не приличи дека ѓаволот го водел Исуса низ пустината и улиците на Ерусалим и дека се искачиле на врвот од храмот заедно, и сето тоа пред љубопитните погледи на Евреите. Јосиф не прави никаков запис за такво нешто да се случувало- веројатно би предизвикало една голема мешаница. Исто така, ако тие искушувања се појавувале неколку пати во тие 40 дена, како и при крајот на тој период (што и се случиле најмалку два пати, бидејќи Матеј и Лука ги имаат по различен редослед), како би Исус имал време да оди (н.б. ѓаволот го "одвел" Исуса) до најблиската висока планина (која би била Ермон во далечниот север на Израел), да се искачи на врвот и повторно назад долу, да се врати во пустината и да ја повтори вежбата? Сите негови искушенија се случуваа во пустината- тој беше таму четириесет дена, искушуван цело тоа време од ѓаволот (кој се оддели тек при крајот Мт.4:11). Ако Исус беше искушуван од ѓаволот секој ден, и искушенијата настанувале само во пустината, тогаш следува дека Исус не можел да ја напушти пустината за да оди во Ерусалим или да патува кон една висока планина. Затоа тие работи не можеле да се случат дословно.

-Ако ѓаволот е физичко лице кое ни малку не го почитува Божјото Слово и е заинтересиран во луѓето да прават грев, тогаш зошто би му го цитирал Исус Писмото за да го совлада? Према народното гледиште, тоа не би го истерало ѓаволот. Забележи дека Исус цитираше библиски пасус секој еден пат. Ако ѓаволот беше злите желби во срцето Исусово, тогаш е разбирливо дека со поседувањето на Словото во неговото срце и со потсетувањето на него, можеше да ги совлада лошите желби. Пс.118:11 е толку важен што можеби одредено ги претскажува Христовите искуства во пустината: "Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе".

-Мт.4:1 вели дека Исуса "Духот Го одведе... во пустина за да биде искушуван од ѓаволот". Тоа беше Духот Божји кој штотуку се спушти врз него (3:16). Би било необично нешто за Духот Божји да го води Исуса во пустината за да биде искушуван од едно натприродно суштество кое постои опречно на Бога.

ПРЕДЛОГ ОБЈАСНУВАЊА:

1. Кога Исус беше крстен во Јордан од Јован, ја доби моќта од Светиот Дух (Мт.3:16). Штом излезе од водата, беше одведен да биде искушуван во пустината. Знаејќи дека ја има моќта на духот да претвора камења во леб, да скока од градби неповреден и.т.н, тие искушенија мора да му беснееле во свеста. Ако некој му ги сугерираше тие работи, а Исус знаеше дека е таа особа грешник, тогаш искушенијата се многу помалку суптилни отколку кога би доаѓале внатре од Исусовата свест.

2. Искушенијата да ги земе царствата за себе би биле далеку помоќни ако му доаѓаа однатре. Умот би му бил исполнет со Писмото, и во неговата измачена состојба на свеста, причинета од неговото постење би било примамливо погрешно да се толкуваат пасусите за да му овозможат да ги употреби за оправдувањето да го земе полесниот излез од ситуацијата во која беше. Стоејќи на висока планина се сеќава Језекија дека му беше покажано какво би било царството од една висока планина (Јез.40:2), и Јован го виде "светиот Ерусалим" од "една голема и висока гора" (Отк.21:10). Исус ги виде светските царства какви што ќе бидат во иднина (Лк.4:5), т.е. во царството, кога царствата на светов ќе постанат "царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос" (Отк.11:15). Можеби тој помислил и на Мојсеј при крајот на четириесетте години пустинско скитање (ср. неговите 40 дена) гледајќи кон Ветената Земја (царството) од планината Нево. Е истакнато во Даниел (4:14,22,29; 5:21) "дека Севишниот владее над човечкото царство и го дава кому сака"; Исус знаеше дека само Бог, не некој друг, може да му го даде царството. Затоа и не ќе беше некое големо искушение ако едно зло чудовиште тврдело дека може да му го даде на Исуса царството, кога тој знаеше дека само Бог ја има таа моќ. Меѓутоа, Исус знаеше дека Неговата волја е да му го даде царството, и мораше да биде предлагано од "ѓаволот" во Исуса дека може да го земе тоа царство веднаш. Најпосле тој можеше да расудува, Бог ми ја предаде сета власт во иднина (Јв.5:26,27), дотаму што ја имаше моќта да го даде својот живот и повторно да го земе (Јв.10:18), иако конечната моќ му беше дадена тек по неговата смрт и воскресение (Мт.28:18).

3. Со своето познавање на Писмото, Христос би ги увидел сличностите помеѓу себе и Илија, чиј морал опадна после 40 дена во пустината (3Цар.19:8) и Мојсеј, кој го изгуби своето непосредно наследство на земјата при крајот на 40 години во пустината. Исус во крајот на 40 денови, беше во слична позиција со нив. соочен со стварната можност за неуспех. Мојсеј и Илија беа неуспешни, поради човечка слабост, не заради една особа наречена "ѓавол". Истата оваа човечка слабост, "сатана", или противник, беше што го искушуваше Исуса.

4. "И Му рече ѓаволот: Ако си Син Божји..." (Лк.4:3). Мора да му било постојано искушението во свеста да се запраша дали навистина бил Синот Божји, бидејќи сите други мислеа дека е синот на Јосиф (Лк.3:23; Јв.6:42) или незаконски (така Јв.9:29 имплицира), и дека официјалните храмски записи го опишуваа како син на Јосиф (Мт.1:1,16; Лк.3:23, "како што мислеа" значи ‘сметаше законот’). Тој беше единственото човечко битие што немаше човечки татко. Филип.2:8 имплицира дека Исус почнал да сфаќа оти стварно бил човек како нас, посочувајќи дека беше примамливо за него да не верува оти бил Син Божји, или погрешно да ја разбере својата сопствена природа.

5. Искушенијата беа управувани од Бога за негово духовно воспитување. Пасусите цитирани од Исус за да се засили против злите желби (‘ѓаволот’) се сите од истиот дел на 5Мој., кои говорат за искуството на Израел во пустината. Исус јасно виде паралела помеѓу своите и нивните искуства:

5 Мој. 8

Матеј 4/ Лука 4

v.2

"Те водеше Господ, твојот Бог по пустината (веќе 40) години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите (словото) Негови, или" не.

"Духот го одведе Исуса" 40 дни "во пустината". Исус беше потврден со искушенијата.Исус ги преброди со цитирање на Писмото што беше во неговото срце. (Пс.118:11).

v.3

"Он те смируваше, те мачеше со глад и те хранеше со мана за да ти покаже, дека човекот не живее само од леб, но човекот живее и од секој збор... на Господа"

"Најпосле огладне". Во Јв.6 Исус ја толкува маната дека го претставува Словото Божјо- со кое живееше во пустината. Тој увиде дека духовно живееше од Словото Божјо. "Он одговори... напишано е- Не само од леб ќе живее човекот, а и од секој збор" Божји

v.5

"И знај во срцето свое, дека Господ, твојот Бог, те казнува како што човекот го казнува синот свој."

Исус несомнено размислуваше за своите искуства. Бог го казнуваше Својот Син- 2Цар.7:14; Пс.88:32.

Така Исус ни покажа како да го читаме и проучуваме Словото, тој се замислуваше во состојбата на Израел во пустината, и затоа ги извлече поучните лекции од нивните искуства во нивните пустински маки.


  Back
Home
Next