Основи наБиблијата
Студија 5: Божјото царство
Дефинирање на царството | Царството не е сега воспоставено | Царството Божјо во минатото | Царството Божјо во иднина | Милениумот | Цигресии (Буквалноста на царството, Збир на израелската историја) | Прашања

5.2 Царството не е сега воспоставено

Распространето е поимањето дека Божјото царство сега сосема постои, составено од сегашните верници, 'црквата'. Додека во перспектива вистинските верници се 'спасени' и дадени им се одредени места во царството, не може да има никакво сомнение дека ние не сме сега сосема во царството, бидејќи Христос се уште не се вратил да го уреди.

Треба да е јасно од она што досега учевме "дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо" (1Кор.15:50). Ние сме "наследници на царството, ветено од Него на оние, кои Го сакаат" (Јак.2:5), бидејќи крштевањето не прави наследници на ветувањата до Авраам, ветувањата кои се темелен состав на евангелието за царството (Мт.4,23; Гал.3,8,27-29). Затоа е општо среќавањето со ветувањата за наследување на царството по Христовото враќање, кога ветувањата до Авраам ќе бидат исполнети (Мт.25:34; 1Кор.6:9,10; 15:50; Гал.5:21; Еф.5:5). Самата употреба на овој јазик за идно наследување говори дека царството не е во посед на сегашните верници.

Исус кажа една парабола да ги исправи оние кои мислеа "дека набргу ќе се открие царството Божјо, па рече: Еден човек од висок род заминуваше во далечна земја да прими царство за себе и да се врати". Во меѓувреме ги остави своите слуги со одредени одговорности. "А кога се врати, по приемот на царството, нареди да ги повикаат оние слуги", и ги судеше. (Лк.19:11-27). Благородникот го претставува Христа кој заминува во "далечна земја" на небо да го прими царството, со кое се враќа во времето на судот т.е. II доаѓање. Затоа не е можно "слугите" да го поседуваат царството сега, за време на отсуството на нивниот Господар.

Следниве нудат понатамошни докази за тоа:

-"Моето царство не е од овој свет (век)", Исус едноставно изјави (Јв.18:36). Иако, дури и тогаш можеше да рече, "Јас сум Цар" (Јв.18:37), кое покажува дека Христовото сегашно ‘царување’ не значи дека неговото царство е сега уредено. Дури и верните во 1 век се опишани како го ОЧЕКУВААТ "царството Божјо" (Мк.15:43).

-Христос им рече на своите ученици дека никогаш повторно нема да пие вино "се до оној ден, кога ќе пијам ново со вас, во царството на Мојот Отец" (Мт.26:29). Тоа јасно вметнува дека царството ќе биде во иднината, како што луѓето и го разбраа Христовото проповедање на "благовестието. (т.е. рано прогласување) за царството Божјо" (Лк.8:1). "Блажен е оној, кој ќе (во иднина) јаде леб во царството Божјо", беше нивниот коментар (Лк.14:15).

-Лука 22:29,30 ја продолжува оваа тема "Јас ви ветувам... царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое".

-Исус објасна за знаците кои ќе го огласат второто доаѓање, и заклучи со коментарот: "така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо" (Лк.21:31). Ова е бесмислено ако царството сега постои пред второто доаѓање.

-"Оти во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки" (Дела 14:22). Не е ни чудо што секој страдален верник нестрпливо моли за царството да дојде (Мт.6:10).

-Бог "ве призвал во Своето царство" (1Сол.2:12), во одзив, треба да бараме влез во тоа царство со еден духовен живот сега (Мт.6:33).

ЦАРСТВОТО БОЖЈО Е ВО ВАС?

Во пркос на сите овие бројни истакнувања, многу православни 'христијани' одбираат да го темелат своето верување дека царството сега постои во срцата на верниците, врз еден единствен пасус: "царството Божјо е во вас внатре" (Лк.17:21). Ова е поправилно преведено "царството Божјо е меѓу вас" (види A.V. mg). Контекстот покажува дека Исус им говореше на фарисеите (v.20); и она ‘вас’ се однесува на нив. Тие сигурно не беа христијански верници- царството Божјо не беше уредено во нивните срца. Евреите правеа голема јавна претстава од својот жар во потрагата по Месија. Во овој пасус "царството Божјо" изгледа дека е една титула на Месија, бидејќи тој ќе биде цар на царството. Така кога Исус влезе во Ерусалим, народот викаше, "Благословен е, Кој иде (Месија) во името Господово! Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово" (Мк.11:9,10). Тука се поистоветува Месија и ‘царството’. Така Јован крстител проповедаше дека "се приближи царството небесно! Оти (Исус) е, навистина оној (за кого се пророкуваше)" (Мт.3:2,3). Во нашиот пасус во Лука 17:20-24, Исус им одговори на прашањето "кога ќе дојде царството Божјо", со говорот за доаѓањето на "Синот Човечки".

Христовата поента беше дека Евреите правеа таква претстава во потрагата за доаѓањето на Месија, очекувајќи го оддеднаш откриен во моќ, што не успеваа да сфатат дека Месија- царството Божјо- веќе беше меѓу нив во понизната особа Исус. Така тој ги предупреди: "Царството Божјо (Месија) нема да дојде забележливо... зашто царството Божјо е во вас" (Лк.17:20,21).


  Back
Home
Next