Основи наБиблијата
Студија 4: Бог и смрт
Природата на човекот | Душата | Духот на човекот | Смртта е бесвесност | Воскресението | Судот | Местото на награда: небесата или земјата? | Одговорноста кон Бога | Пекол | Цигресии (Чистилиште, Духови и препородување, Со каква природа сме воскреснати?, Опфатеност) | Прашања

4.6 Судот

Библиското учење што се однесува за судот е едно од основните начела на единствената вера, која што мора јасно да се сфати пред крстењето (Дела 24:25; Евр.6:2). Постојано Писмото говори за "денот на судот" (пр. 2Пет.2:9; 3:7; 1Јв.4:17; Јуда 6), време кога оние на кои им беше дадено знаењето за Бога ќе ја примат својата награда. Сите тие мора да застанат "пред судот Христов" (Рим.14:10); "треба да се јавиме пред Христовиот суд" (2Кор.5:10) да примиме надомест за нашите животи во телесен облик.

Даниеловите визии кои се однесуваат за Христовото II доаѓање, вклучуваа едно за судот во вид на трон (Дан.7:9-14). Параболите помагаат донекаде да се извлечат подробности. Онаа за талантите е споредба со враќањето на господарот, кој ги повикува своите слуги и проценува колку добро ги користеле оставените пари (Мт.25:14-29). Онаа за рибарите е споредба со повикот од евангелието и рибарската мрежа, која собира секаков вид луѓе; луѓето тогаш седнале (ср.- судско заседание) и ги одделија добрите риби од лошите (Мт.13:47-49). Толкувањето е јасно "при свршетокот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните".

Од она што видовме до сега, може да се претпостави дека по Господовото враќање и воскресението, ќе има заедничко собирање на сите кои биле повикани од евангелието на одредено место во одредено време, кога ќе се сретнат со Христос. Тие ќе положат сметка, и тој ќе покаже дали се или не прифатливи за наградата: влегување во царството. Тоа е единствениот момент кога праведните ја примаат својата награда. Тоа се е содржано во параболата за овците и козите: "кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја (Давидовиот престол во Ерусалим, Лк.1:32,33), и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што овчарот ги одделува овците од козите; и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата. Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас" (Мт.25:31- 34).

Наследувањето на царството Божјо, примањето на ветувањата до Авраам кои се однесуваат за тоа, е наградата на праведните. Сепак тоа единствено ќе биде по судот, кој ќе биде по враќањето Христово. И према тоа е невозможно да се прими ветената награда за бесмртно тело пред Христовото враќање; затоа можеме да заклучиме дека од времето на смртта до воскресението, верникот нема воопшто никакво свесно постоење, зашто е неможно да се постои во било каков облик без тело.

Повторувано библиско начело е дека кога Христос ќе се врати, тогаш наградата ќе биде дадена- не пред тоа:

-"Кога ќе се појави Пастироначалникот (Исус), ќе добиете венец на славата" (1Пет.5:4 ср. 1:13).

-"Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Он и Неговото царство... венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија" (2Тим.4:1,8).

-При враќањето на Месија во последните денови, "многумина од оние што спијат во земниот прав (ср. Бит.3,19) ќе се разбудат- едни за живот вечен, а други за укор и срам" (Дан.12:2).

-Кога Христос ќе дојде за да суди, оние "што се во гробовите... ќе излезат; кои правеле добро, ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување" (Јв.5:25- 29).

-Исус: "еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови" (Отк.22:12). Ние не одиме на небо да ја добиеме наградата- Христос ни ја носи од на небо.

Исус носејќи ја нашата награда со себе, имплицира дека била припремена на небо, но ќе биде донесена на земјата во II доаѓање; нашето ‘наследство’ на земјата ветена на Авраам е во таа смисла "запазено на небесата за вас, кои Божјата сила преку верата ве запазила за спасение, приготвено да се открие во последно време" на Христовото доаѓање. (1Пет.1:4,5).

Увидувањето на тоа не оспособува правилно да толкуваме еден многу погрешно сфатен пасус во Јв.14:2,3 Исус вели: "Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место (ср. наградата "запазено на небесата"), пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум јас". Исус вели на друго место дека ќе дојде повторно да ни ги даде наградите (Отк.22:12), а ние видовме дека тие ќе бидат дадени кај судот. Тој ќе владее на престолот Давидов во Ерусалим ‘засекогаш‘ (Лк.1: 32,33). Тој ќе ја помине вечноста овде на земјава, и каде што ќе биде тој, во Божјото царство на земјата, таму ќе сме и ние. Неговото ветување "ќе ве земам при Себе", може према тоа да се прочита како еден опис за нашето прифаќање од него на судот. Грчката фраза "ќе ве земам при себе" исто така се појавува и во Мт.1:20 и се однесува за Јосиф да ја "земе при себе" Марија за сопруга. И према тоа не мора да означува физичко движење кон Исус.

Штом наградата ќе биде дадена само по судот при враќањето Христово, следува дека праведните и злите одат на исто место кога умираат т.е во гробот. Меѓу нив не се прави никаква разлика во нивната смрт. Следново е позитивен доказ за тоа:

-Јонатан беше праведен, но Саул беше зол, сепак "не се разделија ни во смртта своја" (2Цар.1:23).

-Саул, Јонатан и Самуил сите отидоа на исто место по смртта (1Цар.28:19).

-Праведниот Авраам "се прибра во родот свој", или кај своите претци, по смртта; тие беа идолопоклоници (Бит.25:8; Исус 24:2).

-Духовно мудриот и безумниот ја доживуваат истата смрт (Проп.2:15,16).

Сето ова е во спротивност со тврдењата на народното христијанство. Нивното учење дека праведните веднаш одат на небо при смртта ја уништува потребата за воскресението и судот. Сепак ние видовме дека се тие важни настани во Божјиот план за спасение, и према тоа и во пораката на евангелието. Народната идеја предлага дека еден праведник умира и е награден со одење на небо, за да биде следен другиот ден, другиот месец, наредната година, од други. Тоа е многу спротивно на библиското учење дека сите праведници ќе бидат наградени заедно истовремено:

-Овците се одделени од козите при судот, една по една. Штом судот заврши, Христос ќе им рече на сите овци собрани од десната страна,

-"Елате, благословени од Мојот Отец; Наследете го царството, приготвено за вас" (Мт.25:34). Така сите овци го наследуваат царството истовремено (ср. 1Кор.15:25).

-При ‘жетвата’ по враќањето Христово и судот, сите кои работеле во евангелието ќе се "радуваат заедно" (Јв.4:35,36 ср. Мт.13:39).

-Отк.11:18 го опишува "времето да им се суди на мртвите", како време кога Бог ќе им даде "награда на слугите... на светците... на оние, кои се плашат од името" Негово- т.е сите верници заедно.

-Евр.11 е поглавје, список на многу праведници од Стариот завет. Стих 13 коментира: "Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата" дадени на Авраам за спасението преку влегување во Божјото царство (Евр.11:8-12). Следува дека по смртта, тие луѓе, еден по еден, не отишле на небо да ја примат наградата. Причината за ова е дадена во vs..39,40: тие "не го добија ветеното, оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство". Одложувањето на ветената им награда беше затоа што Божјиот план бил сите верници да "постигнат совршенство" заедно, во истиот момент. Тоа ќе биде при судот, по Христовото враќање.


  Back
Home
Next