Основи наБиблијата
Студија 2: Божјиот Дух
Дефиниција | Вдахновение | Дарови на Светиот Дух | Повлекувањето на даровите | Библијата единствениот авторитет | Цигресии (Дали е Светиот Дух личност?, Принципот на олицетворување, Калвинизам, ‘и ќе примите дар од Светиот Дух’, ‘А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие’) | Прашања

2.2 Вдахновение

Ние го дефиниравме Божјиот дух како Негова сила мисли и склоност, кои Тој ги открива со делата кои ги врши Неговиот дух. Ние спомнавме во претходниот оддел како Божјиот дух беше виден на дело во создавањето: "Неговиот дух му дал велелепност на небото" (Јов 26:13)- духот Божји движејќи се над површината на водите за да го издејствува сегашното создание (Бит.1:2). Сепак ние исто така читаме дека "преку словото на Господа" светот беше направен (Пс.32:6), како што е објаснато со примери во наративниот запис на Битие дека "Бог рече" нештата да се направат и така би. Божјиот дух према тоа, е прилично одразен во Неговото слово- исто како нашиве зборови што ги изразуваат нашите внатрешни мисли и желби- вистинското ‘нас’- многу точно. Исус мудро посочи: "Од преполнето срце (од умот) прикажува устата" (Мт.12:34). Па ако ги контролираме нашите зборови, мора прво да работиме на нашите мисли. Божјиот збор, тогаш, е еден одраз на Неговиот дух или мисли. Тоа е таков благослов што во Библијата ги имаме пишаните Божји зборови за да можеме да го разбереме Божјиот дух или ум. Бог го постигна тоа чудо на изразување на Својот дух во пишани зборови со процесот на ВДАХНОВЕНИЕ. Овој израз е основан врз зборот ‘дух’:

В-ДАХ-НОВЕНИЕ

‘Дух’ значи ‘здив’ или дишење, а ‘вдахновение’ значи ‘вдишување’. Тоа значи дека зборовите кои луѓето ги напишале додека биле ‘вдахновени’ од Бога беа зборовите на Божјиот дух. Павле го охрабри Тимотеја да не допушти неговото познавање на Библијата да го одведе кон заборавање на фактот дека се тоа зборовите на Божјиот дух, и дека обезбедуваат се што ни е потребно за да го имаме вистинското знаење за Бога:

"уште како мал ги знаеш Светите Писанија, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен (целосен) и годен ('спремен', N.I.V.) за секое добро дело" (2Тим.3:15-17).

Ако инспирираното Писмо може да обезбеди такво едно целосно знаење, тогаш нема потреба за некакво 'внатрешно светло' да ни ја покаже вистината за Бога. Но колку пати луѓето говорат за своите лични чувства и искуства како да се нивниот извор на знаење за Бога! Ако едно прифаќање со вера во Божјото вдахновено слово е достатно да го комплетно опреми некого во христијанскиот живот, нема никаква друга потреба за некаква сила на праведност во нашите животи. Ако има таква потреба, тогаш Божјото слово не не опремило целосно, како што ветува Павле. Да се држи Библијата в раце и да се верува дека навистина е тоа Словото на Божјиот Дух треба поприлична вера.

Израелците беа логично заинтересирани за тоа што Божјото слово имаше да каже, како и многу "христијани" денес. Ние сите треба внимателно да размислиме на Евр.4:2:-

"Оти и нам ни се соопшти, како и ним (Израелот во пустината). Но словото што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние, што го беа чуле, не поверуваа".

Наместо да се исправиме во потполна вера со силата на Божјиот дух/слово кое е примено, далеку попривлечно е да се земе духовно скратен пат: да се размислува дека една сила на праведност одеднаш доаѓа врз нас, која ќе не направи прифатливи за Бога, наместо да ја доживуваме болката на свесното доведување на своите животи во покорност на Божјото слово, и со тоа да допуштиме на Божјиот дух вистински да влијае во нашите срца.

Оваа неволност да се прифати огромната духовна сила која е во Божјото слово одвело многу "христијани" да се прашуваат дали целото Писмо е во целост вдахновено од Бога. Тие сугерираа дека многу од она што го читаме во Библијата било само лично мислење на мудри старци. Но Петар делотворно го отфрла таквото нејасно размислување:-

"Ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание... Знајте го прво тоа (ова е важно!) дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух" (2Пет.1:19-21).

Ние ‘пред се’ мора да веруваме дека Библијата е вдахновена. Затоа го направивме тоа основен член на Христаделфијанската Изјава на Вера.

ПИСАТЕЛИТЕ НА БИБЛИЈАТА

Цврстото верување во целосната вдахновеност на Писмото е према тоа важно; луѓето кои ја пишувале Библијата беа неодоливо понесени од духот кој ги инспирира нив така да нивните зборови не беа лично нивни. Словото Божјо е вистина (Јв.17:17) и обезбедува изобличување и поправање (2Тим.16:17), не е за изненадување дека кај многу луѓе е неславно- зашто вистината боли. Пророкот Јеремија трпеше голема опозиција за говорење на зборовите со кои Бог го инспирира, и затоа одлучи да не ги запише или издаде дадените зборови. Но бидејќи пишувањето на Божјото Слово е исход на Божјата волја повеќе отколку човечка желба, тој беше "понесен од Светиот Дух" така да немаше избор по тоа прашање. "Јас секој ден станувам за потсмев, секој се шегува со мене... Па се сетив: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го задржам- но не можев" (Јер.20:7,9).

Слично како и Валаам кога се реши да го проколне Израелот, духот Божји го направи да изговори благослов (Бро.24:1-13 ср. 5Мој.23:5).

Голем број на луѓе кои Бог ги инспирира да го говорат Неговото слово поминале низ периоди на несклоност да го прават тоа. Листата е впечатлива:

Мојсеј (Исх.4:10)

Језекиил (Јез.3:14)

Јона (Јона 1:2,3)

Павле (Дела 18:9)

Тимотеј (1Тим.4:6-14)

Валаам (Бро.22-24)

Сето ова го потврдува она што го научивме во 2Пет.1:19-21 дека Божјиот збор не е личното мислење на луѓето, туку исход на луѓето кои биле вдахновени да го запишат откровеното на нив. Пророкот Амос одрази: "Господ Бог вели: кој нема да пророкува?" (Амос 3:8). На пати Мојсеј го губеше чувството за сопствената личност, толку силна беше неговата вдахновеност од Бога: "Сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеја" (Бро.15:22,23) овие зборови всушност ги изговори Мојсеј (v.17).

Други докази за ова е тоа што писателите на Библијата увиделе дека не ги разбираат потполно работите за кои пишувале. Тие ‘пребарувале’ за точното толкување- "им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас со она што ви се јави сега вам" за она што го запишаа (1Пет.1:9-12). Стварните зборови што ги запишаа не беа нивно лично толкување, бидејќи беше она што го пребаруваа. Следните нудат јасни примери: Даниел (Дан.12:8-10); Захарија (Зах.4:4-13); Петар (Дела 10:17).

Ако овие луѓе биле само делумно вдахновени, ние немаме приод кон вистинското Слово или дух Божји. Ако она што го напишале стварно беше Словото Божјо, тогаш следува дека морале да бидат целосно обземени од Божјиот дух за време на периодот на вдахновеност- инаку производот немаше да биде чисто Божјо Слово. Прифаќањето дека Божјото Слово е потполно Негово, не снабдува со поголема мотивација да го читаме и му се покоруваме. "Твоето слово е многу чисто, и Твојот слуга го сака" (Пс.118:140).

Според тоа книгите на Библијата се дело Божјо преку Неговиот дух, а не човечка литература. Вистинитоста за тоа е покажана во разгледувањето како Новиот завет се однесува кон записите од Стариот завет:-

-Мт.2:5 говори за како било "напишано преку пророците"- Бог пишуваше преку нив. R.V. margin секогаш го користи зборот ‘преку’ при опишувањето како Бог пишувал преку пророците.

-"Претскажал Светиот Дух преку устата Давидова" (Дела 1:16. Вака цитираше Петар од Псалмите: ср. Евр.3:7).

-"Добро им рекол Духот Свети... преку Исаија" (Дела 28:25- вака Павле го цитираше Исаија). Лк.3:4 говори за "книгата на зборовите на Исаија" повеќе отколку само, 'книгата на Исаија'.

Човечките автори на Библијата беа према тоа релативно неважни за раните христијани; фактот дека зборовите им беа вдахновени од Духот Божји беше важен.

Ние ќе го заклучиме овој оддел со еден список на стихови кои покажуваат дека Божјиот Дух ни е откриен преку Неговото пишано слово:-

-Исус едноставно изјави, "Зборовите што ви ги кажав се дух" (Јв.6:63); тој говореше надахнат од Бога (Јв.17:8; 14:10).

-Ние сме опишани дека ќе бидеме преродени од дух (Јв.3:3-5) и од словото Божјо (1Пет.1:23).

-"Зборовите што ги испраќаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци" (Зах.7:12).

-"Јас ќе Го излеам Духот Свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите Свои" (Изрек.1:23) го поврзува вистинското разбирање на Божјото слово со дејствувањето на Неговиот дух врз нас- читањето на Книгата без разбирање е бесполезно, бидејќи духот/свеста Божја не ни е откриена.

-Има паралели меѓу Божјиот Дух и Неговото слово во многу пасуси: "Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои што ги вложив во устата твоја" (Иса.59:21) "Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое (духот)" (2Цар.7:21); "Ќе го внесам во вас Мојот Дух (во вашето срце- види контекст)"; "ќе го вложам Мојот закон... во срцата нивни" (Јез.36:27; Јер.31:33).

СИЛАТА НА БОЖЈОТО СЛОВО

Божјиот дух се однесува не само на Неговата свест/склоност, туку и на силата со која Тој ги изразува тие мисли, за очекување е дека Неговиот дух-збор не е само состојба на Неговиот ум; туку има исто така и динамична сила во тој збор. Едно вистинско разбирање за таа сила би требало да не направи нетрпеливи да го употребиме; било какво чувство на попреченост, поврзано со тоа би требало да се преброди со нашето знаење дека послушноста кон Божјото слово ќе ни ја даде силата која ни е потребна за забрзано излегување од безначајните нешта на овој живот, кон спасението. Од големото вакво искуство, Павле напиша:

"јас не се срамувам од Евангелието (словото) на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението" (Рим.1:16).

Лк.1:37 говори исто на таа тема "нема да остане во Бога ниеден збор без сила (дух)".

Проучувањето на Библијата и применувањето на тоа во нашите животи е динамичен процес. И е доста неповрзан со студениот академски приод на теолозите како и од 'доброто чувство' христијанско на многи цркви, каде што неколку пасуси сожето се цитирани но не се прави никаков напор да се разберат или применат истите. "Зашто словото Божјо е живо и моќно"; "Своето моќно слово" (Евр.4:12; 1:3). "Словото Божјо, кое и дејствува во вас кои што верувате" (1Сол.2:13). Преку словото, Бог активно работи во свеста на вистинските верници, секој саат од денот.

Основната порака на евангелието кое се учи е према тоа вистинската сила на Бога; ако допуштиш, може да дејствува во твојот живот, да те измени во дете Божјо, покажувајќи го духот/свеста Божја до одреден степен во овој живот, и да те подготви за промената во Божјата духовна природа која ќе биде при Христовото враќање (2Пет.1:4). Проповедта на Павле беше "во пројава на Духот и силата" (1Кор.2:4).

Ние сме опколени од оние кои имаат полувера во Библијата како слово Божјо, наспроти нивните тврдења за преданост на Христа. Слично тие тврдат дека веруваат во Бога, а сепак не успеваат да прифатат дека е стварна особа. Со негирањето на потполната вдахновеност на Писмото и неговата превласт врз нашите лични чувства и убедувања, ја негираат Божјата сила. Зборовите на 2Тим.3:5 доаѓаат на ум: "на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле", т.е. силата на словото од евангелието.

Нашата темелност е потсмевана од светот ("вие не верувате во тоа така, нели?!"), истото беше и со Павле и неговата група проповедници: "словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја" (1Кор.1:18).

Имајќи го сето тоа на ум, не може ли секој од нас да ја држи Библијата в раце со поголемо почитување, и да ја чита со повеќе нетрпеливост да се разбере и послуша?

СТАВОТ НА БОЖЈИОТ НАРОД КОН СЛОВОТО НЕГОВО

Внимателното читање на библискиот запис покажува дека писателите на Библијата не само што се препознале за вдахновени, туку и другите писатели на Библијата ги третирале за такви. Господ Исус предначи во тоа. Кога Исус цитираше од Псалмите Давидови тој направи вовед со зборовите "Давид надахнат од Духот" (Мт.22:43), покажувајќи признавање на фактот дека зборовите на Давид беа надахнати. Исус исто зборуваше за ‘пишувањето’ на Мојсеј (Јв.5:45-47) покажувајќи дека верува оти Мојсеј дословно го напишал петтокнижието. Таканаречените христијани ‘критичари’ се сомневаа дали Мојсеј можел да пишува, но ставот на Христос јасно противречи на нивниот приод. Тој ги нарече записите на Мојсеј "Божја заповед" (Мк.7:8-9). Истата група нечесни сомневачи тврди дека многу од Стариот завет е мит, но никогаш Исус или Павле не се однесуваат така. Исус говореше за савската царица како за прифатен историски факт (Мт.12:42); не рече, 'према приказната за савската царица'.

Ставот на апостолите беше еднаков на оној од нивниот Господ. Епитомирано е од Петар кој рече дека неговото лично искуство на слушање со свои уши на Христовите зборови беше замрачено со "уште поверно пророчко слово" (2Пет.1:19-21). Петар веруваше дека писмата од Павле се ‘Писмо’ исто колку и ‘другите Писма’, фраза често користена за записите од Стариот завет. Така Петар ги виде писмата на Павле авторитетни колку и Стариот завет.

Има многу навестувања во Делата, Посланијата и Откровението до Евангелијата (пр. Дела 13:51; Мт.10:14), кои посочуваат не само дека се вдахновени сите од истиот Дух, но дека и записите од евангелието беа третирани за вдахновени од писателите на Новиот завет. Павле во 1Тим. 5:18 цитира од 5Мој.25:4 и од Лк.10:7 како ‘Писмо’. Павле во прилог на тоа посочува дека пораката му беше од Христа, а не негова (Гал.1:11,12; 1Кор.2:13; 11:23; 15:3). Тоа беше признаено од другите апостоли. Така Јак.4:5 ги цитира зборовите на Павле од Гал.5:17 како ‘Писмо’.

Бог ни "проговори" во Христа; према тоа нема потреба за некое понатамошно откровение (Евр.1:2). Може да се забележи дека Библијата алудира на други вдахновени пишувања кои сега не се на располагање (пр. книгата на Јашер, пишувањата на Натан, Илија, Павле до Коринт, и Јовановото трето Послание имплицира дека Јован напишал едно несочувано писмо до црквата кое Diotrephes одби да го изврши). Зошто тие записи не биле сочувани за нас? Бидејќи е јасно дека не биле значајни за нас. Према тоа можеме да бидеме спокојни дека Бог сочувал се што е значајно за нас.

Понекогаш се тврди дека книгите од Новиот завет биле постепено прифаќани за вдахновени, но фактот дека апостолите ги третирале меѓусебните записи за вдахновени, сигурно го побива тоа. Имаше еден чудесен духовен дар на располагање да испита дали буквите и зборовите за кои се тврдеше дека се вдахновени, биле навистина такви (1Кор.14:37; 1Јв.4:1; Отк.2:2). Тоа значи дека вдахновените букви беа веднаш прифаќани за такви. Ако имало некаков неуправуван човечки избор на нешто што влегло во нашата Библија, тогаш книгата не би имала никаков авторитет.


   Back
Home
Back